Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
До 80 и некоја останав и морав да си легнам, пошто на работа.Гледаме Обала Слоноваче и Еквадор и идеме на спиење. Шведска Тунис ќе бидат ноќ како и терминот.
Ако добро памтам првпат беа воведени 2014, ама тогаш имаше некоја граница за температура и/или влажност на воздухот над која се даваше пауза. 2018 мислам дека немаше воопшто.Не знам кога ги воведоа овие паузи за ладење, ама имам теорија дека ги воведоа порано по барање на американците па до нивното домаќинство да стане нормално за они да си праат пари од реклами за тие 2-3 минути.
Тебе друже до голови ти е или до убав фудбал, до сега на една шака ќе гу изброиш добрите натпревари.Првенството многу подобро од што очекував.
Засега сум задоволен. До толку, што дури и натпревари што не можам да ги гледам во живо, ги гледам подоцна.
Да беше подобра реализација, ќе видовме и повеќе голови.

Тебе друже до голови ти е или до убав фудбал, до сега на една шака ќе гу изброиш добрите натпревари.![]()
40% е имаше многу поплаки за паузите, некои траеле повеќе од договореното заради реклами.И една шака не е малку. 5 од 12, речиси 50%. Ова е добар скор за било кое првенство.
Иако мене само еден натпревар не ми легнам, првиот.
Понатаму на секој имаше нешто да се види или да има зошто да ми е интересен.
Дури и натпреварот помеѓу Германија и Курасао. Онаа радост што ја видов кога Курасао даде гол, е токму една од главните причини зошто се одржуваат вакви натпреварувања.
Не се проблем паузите туку злоупотребата, секако дека ке има паузи некаде и е неопходно има стадиони каде температурите и климата е поекстремна.Ова е почеток, ќе гледаме уште многу утакмици, 1/16 ќе биде интересно, 1/8 финале исто. Уште не играле Халанд, Меси, Роналдо и други. Ќе биде интересна игра само да не ја удрат на дефанзива многу во нокаут фазата. Гледам критики за паузата, јас мислам дека ако сакаме да гледаме динамичен и брз фудбал мора да има пауза 2 3 минути, нема шанси да се трча и гура 90 минути без престан брз фудбал со борба.