Мислам дека малку се претерува со фамата околу Тонали. Не ме сфаќајте погрешно, секако дека би сакал да дојде, но штом е тргнат од листата на приоритети, сигурно има добра причина за тоа. Или на самиот играч Манчестер Јунајтед не му е прва опција, или Њукасл бара астрономска цена. Со оглед на тоа како работи управата сега – тивко, во позадина и без медиумски циркуси – сигурно веќе го испитале теренот и сфатиле дека е паметно да кренат раце.
Искрено, ептен ми се допаѓа оваа нова трансфер-политика: играчот мора да сака да го носи дресот на Јунајтед и клубот да му биде вистински приоритет. Заврши времето кога клубот јавно се понижуваше и молеше играчи, како во онаа болна сага со Френки де Јонг, кога тој отворено покажа дека трансферот воопшто не му е во план.
Сега фокусот мора да се префрли на конкретни цели. Најважно е што побрзо да се затвори зделката за Фернандеш, а потоа веднаш да се тргне по Хол. Мислам дека тој ќе биде далеку полесна мета за договарање, особено ако се знае дека има проблеми со тамошното раководство и дека самиот е отворен за преселба на Олд Трафорд. Доколку ги потпишеме двајцата до крајот на јуни, тоа ќе биде перфектно сценарио.
Што се однесува до позицијата во средниот ред, ако Тонали дефинитивно отпаѓа, мора сериозно да се тргне по Адам Вартон од Кристал Палас. Со неговиот потенцијал и квалитет, не верувам дека би прифатил да остане во просечен тим уште една цела сезона. Би бил одлична алтернатива.
И не заборавајте дека сеуште е средина на јуни. Има уште цели 2 ипол месеци до крајот на транфер периодот