Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
Во моментов нешто слично се дешава во Украина. Западот донира воена опрема а украинците човечки животи.

Да, да, исто е само што имаше Западен фронт во европска оперативна зона и истовремено имаше пацифичка оперативна зона кај што најголемиот воен напор го дадоа јенките. Единствено што е исто е начинот на кој живата сила се користи во офанзивни дејствија и ден денес на различни страни, како тогаш така и сега некои се безобѕирни кон своите војници.
 
За некој што има основни познавања од ВСВ, смешно звучи тврдењето дека истоварувањето на Нормандија немало никаков придонес во поразот на Германија, уште посмешно е дека Американците не биле фактор во поразот на нацистичка Германија.

Факт е дека голем дел од товарот во војната во Европа паднал на грбот на СССР, но се заборава дека ултимативниот товар паднал на грбот на Германија, која морала да се бори на повеќе фронтови.
Морале да чуваат војска насекаде на Западниот фронт, заради заканата од инвазија од сојузниците, што самото тоа прави голема разлика на фронтот на Истокот.

Американците имаат огромен придонес во поразот на нацистичка Германија, без нив, веројатно ќе паднел скоро сигурно и СССР, веројатно и Британија.
Не можеме да знаеме што би било кога би било, но придонесот на Американците кон Европа е следен:

- Огромен проток на оружје, муниција, опрема и секакви добра главно кон Британија. Огромниот напор на Германците да го спречат тоа, битката за Атлантикот. Според мене, еден од клучните битки што ја одлучувало судбината на Европа. Ако нацистите би успеале да го прекинат протокот на опрема, војната ќе имала друг исход.

- Логистичката поддршка на СССР. Главно спроведена од страна на Американците, огромна помош во форма на оружје, муниција, опрема, која главно течела преку северот (оттука значајна битката на Атлантикот) и преку Иран.

- Воздушните бомбардирања на Американците врз цели во Германија и Германски окупирани територии.
Скоро и да не постои регион, град, каде Американците не фрлиле бомба врз окупираните територии. Уништување на индустрискиот потенцијал, воени мети, логистички рути (железници, патишта), како и за жал бомбардирање на цивилно население. Воздушната кампања на Американците игра огромна улога во ослабувањето на нацистичка Германија.

- Истоварувањето на Сицилија. Цела година пред да се истоварат во Нормандија, сојузниците отвораат фронт на југот на Европа (после поразот на Германците во Африка, што е исто така голем удар), каде Германците активно го бранат тој фронт.

- И секако, последно, Нормандија. Бидејќи е еден од најпознатите и најмногу славен дел од ВСВ во Европа, не треба многу да се зборува, освен планот на Хитлер да им нанесе пораз на сојузниците и да испреговара примирје на Западниот фронт, за да може да го сврти во своја корист текот на Источниот фронт. Најголемата загуби на Американците во цела ВСВ.

Тоа е за Европа. Воопшто нема потреба да зборуваме за Пацификот, каде ако не учествуваа Американците, Кина, Филипини, Индонезија, источна Русија денеска немаше да постојат како такви.
Одиш по тенка жица и паѓаш на места.
 
Замисли која логистика ја имале тогаш американциве и производство. За сега да капитулираат од Иран, а тек да водеа војна со Украина :pos:
 
како тогаш така и сега некои се безобѕирни кон своите војници.

Еден ден задоцнување,

Денот Д точно покажа кој е безобзирен кон своите војници ..... потоа и операцијата Маркет гарден (колку илјади британци таму беа збришани за кратко време .... 11 000 ли беа, без никаков успех)
Во Нормандија успеаја само благодарејки на фактот што германците не успеваа да стигнат да потепаат се што масовно на бришан простор идеше на кланица

А што им требаше денот Д ...и така веќе беа во Италија со истоварувањето на Сицилија.... ама тешко и бавно им одеше со тамошните германски сили.... а од друга страна СССР газеше се пред себе па овие западниве уплашени да советите не им ја земат цела Европа се одлучија на кланицата во Нормандија.
 
Незгодно ми е што го читам ова,

Вкупно имаа 8000 жртви во Нормандија, на денот Д, јенките секој војник го имаат вооружено со најмалку полуавтоматска пушка и се единствени со таква огнена моќ во пешадиско вооружување по единица, личниот борбен комплет е најмодерен за тоа време а може да се каже и долго по тоа, за тогаш обезбедена невидена воздушно артилериска припрема а потоа и поддршка на копнени операции итн.

Советите во ВСВ и кинезите во Корејска војна ти се типичен пример за безобѕирност кон војнички живот.
 
Сигурно дека заради нив сме слободни . :pos:

Ти правиш некоја проекција која нема врска со поентата.

Еве нешто да научиш:

Винстон Черчил со цел да ја покаже својата искрена поддршка кон југословенските партизани за време на ВСВ, како лиазон во ГШ на НОВЈ го испраќа својот син Рандолф Черчил. После ВСВ, Тито е првиот лидер од другата страна на Железната завеса кој има прием во Велика Британија со полни почести. За цело ова време од егзил во ВБ делува Влада на Кралството Југославија.
 
Сепак, факт е дека Британија го призна Тито и партизаните како валидни југословенски сили и им даде подршка, дури од крајот на 43-та. До тогаш Дража беше сојузникот на Британија тука, против Германците.
 
Исто така е факт дека Запад до тогаш не знаеше дали Тито навистина постои. Мислам дека постои дури и една изјава од Тито каде му кажал на Фицрој Меклејн нешто од типот дека тоа било затоа што сметал тоа му била најдобрата заштита, инкогнито делување.
 
Денот Д точно покажа кој е безобзирен кон своите војници ..... потоа и операцијата Маркет гарден (колку илјади британци таму беа збришани за кратко време .... 11 000 ли беа, без никаков успех)
Во Нормандија успеаја само благодарејки на фактот што германците не успеваа да стигнат да потепаат се што масовно на бришан простор идеше на кланица

А што им требаше денот Д ...и така веќе беа во Италија со истоварувањето на Сицилија.... ама тешко и бавно им одеше со тамошните германски сили.... а од друга страна СССР газеше се пред себе па овие западниве уплашени да советите не им ја земат цела Европа се одлучија на кланицата во Нормандија.

Прашај го клинот дали знае дека на САД само во вежбата (за копнената инвазија) им имаат погинато ~750 војници?

Тешки глупости.
750 загинуваат кога бродовите што ги пренесуваат војниците за време на вежбата се пресретнати од Германски бродови за брз напад.

Златен пример како твитер ботчињата ги перат мозоците на твитер експертчињата.
 
Ахаха... Значи не загинуваат 750 за време на вежбата, ТУКУ 750 ВОЈНИЦИ ЗАГИНУВААТ КОГА ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБАТА ГЕРМАНЦИТЕ ГИ НАПАЃААТ ТРАНСПОРТНИТЕ БРОДОВИ! :LOL:

Демек така не е фијаско, и демек целата работа СЕКАКО НЕ БИЛА ОГРОМЕН БЛАМ. Хаха, каква адвокатско матење памет, класичен Хјуман тип на јадење бурек. :D
Автоматски споено мислење:

Инаку бламот бил на Монти Пајтон левел бламирање. Комуникациите сјебaни, почнале да се убиваат сами себе со friendly fire... А како капак на сѐ се појавиле германски подморници.

In April 1944, the Allies ran a practice run for the Utah Beach landing at Slapton Sands in England, and everything went off the rails. Communication codes clashed, the timing fell apart, friendly fire hit their own guys, and then German E boats showed up out of nowhere. They torpedoed the landing ships packed with American troops. Men burned, drowned, or sank under the weight of their gear.By the end, hundreds were dead in what was supposed to be a simple training drill for Normandy. Survivors were told to keep quiet or face court martial, families got zero explanations, and the whole thing was buried to avoid embarrassing the Allied command. A mess caused by bad planning, chaos, and a cover up that lasted for decades.
 
Последно уредено:
Пријателскиот оган нема врска со нападот на Германците. Тој се случил ден претходно.
Такви инциденти се случуваат постојано, и во мирни времиња.
Германски патролни бродови постојано ловеле во тој предел, најчесто трговски (карго) бродови. Во случајот начекале невооружени или лесно вооружени бродови кои пренесувале војници. Без разлика дали било вежба или не.

Бламот следува месец и нешто покасно, кога стотина илјади војници се истоваруваат на брегот на Франција, во најголемиот десантен напад во историјата.
 
Мене ми е несфатливо како може некој да наметнува тема за бескруполозната употреба на жива сила во ВСВ а да се дефинира како русофил, ноторен факт е постоењето на Сталиновите чистки пред самиот почеток на операција Барбароса во Црвената армија, штрафбат казнени баталјони на СМЕРШ, НКВД итн. Германците не биле така сурови кон воените затвореници не пак некоја друга страна тоа да го прави на сопствена војска.

Или си натпросечно глуп или работиш на провокација на антируски наратив, трето нема.
 
Back
На врв Bottom