Тогаш устата му била зашиена
Затоа мене не ми беше!
Дури и бев и на протестот кој го организираше МПЦ против родовиот идентитет (сакаат да го стават во матичните книги). Не зборувам за обични протести од секојдневниот живот, како за животната средина. Конкретен протест инициран од институција со која немам допирна точка во реалниот живот. Политиките на сдсм им беа идиотски, промовираа нешто кое беше многу непопуларно кај народот. Тука ќе ги вклучам и социјалните политики, не само идеолошките, чисто политичките и економските. И денес манифестираат политичка пракса која нема допирна точка со јавното мнение, со елементарната логика, па дури и со опозициско дејствување. Никогаш не се на терен, за разлика од еден Стевче, кој секој ден го моча Сотир. Тоа е разликата од професионален политичар до империјалистички наследници на статус во политичка партија. Дел, статусот, го имаат и дебело искеширано. Врска си немаат ни од политка.
И едните и другите се исти, тераат интерес и после се амнестираат од одговорност. Кој политички лидер, кој нели е креаторот на криминалот, некогаш одлежал ден затвор? Љупчо, Бранко, Владо, Никола, Заев, Димитар, Христијан, Филипче...? И пази, сите до еден биле и власт и опозиција.
Заев и Никола живи ги фатија во криминал, па никому ништо, целиот народ ги слушаше разговорите за еврото односно бомбите, и скоро сѐ беше забошотено, дури паторот успеа да им избега!
Политичката кариера на Филипче заврши кога даде оставка. Сега треба и Христијан да се оддалечи од политичката сцена затоа што во Македонија има мигранти, а притоа и отворено се залагаат (Николовски) за увоз на работна сила! Мораше досега да поднесе оставка, ама да не го отворам повторно прашањето за Кочани. Ова ти го потенцирам затоа што ова прашање, за политичката одговорност, ми го постави на една друга тема. Мораше да има пирамидална политичка одговорност. Не е само поставеноста во МВР, туку и во локалната самоуправа.
И пази, тукашните
независни патриоти се исклучиво против сдсм, океј и јас сум, но тоа не значи дека, за разлика од нив, не можам да бидам истовремено и против дмпне. Исто гомно се. Буквално исто. Неформална политичка коалиција која ручка тендери и на власт и во опозиција.
Не се способни да организираат редовен превоз на сметот од контејнер до отпад. А ова може да се изведе и покултурно, со подземни контејнери, ама и народот е стока. Едно време имаше и контејнери за селекција на отпад, циганите ги кршеа, собираа стално и пластика. Ѓубре има насекаде, во секој парк, во секој ќош на градот. Во тој сегмент самите сме си криви. Проблемот нема да го решиш со тоа што ќе му забраниш да фрли ѓубре до 22 до 6, ѓубрето може да летне преку тераса во парк, или доследните почитувачи ќе го чуваат, меѓутоа и кај дел од нив ќе се појават фрустрации. Секако, ова правило за мене не важи, затоа што живеам во куќа, и кантата можам да ја чувам во двор. Пак, селективност, иако немарата зад оваа одлука беше друга, која ќе се постигнеше со комунални инспекции на терен. Како и да е, сметот во 21 или во 7 ќе заврши на тоа место, сликата нема да се промени, проблемот нема да се реши, а ние ќе се објаснуваме како некогаш било и дали некогаш контејнерите биле помалку или повеќе празни. Раздели па владеј.
