Со секоја чест и почит за Фитиљо, за неговиот квалитет и се.
Ама, ако се точни тие бројки шо ги пишите за плата и други приливи поврзани со договорот, тогаш ние стварно фрламе пари и треба да се замислиме малку, без разлика кој му ги дава парите, дали се од делот од колачот од Општината или приватниот партнер.
Па еден Гидсел зема 50 К месечно, а каков стандард има дечкото и фидбек во резултатите на Фуксе, и то без пенали.
Фитиљо даде 1.5 сезона, топ, нема збор тука, посебно таа прва полусезона 23/24, кога дојде од Вецлар.
Сезоната 24/25 исто му беше појќе од солидна.
Ама, за сезоната шо измина, тука е маката, мислам дека изигра далеку под очекувањата дечкото изминатата сезона и то беше еден од главните причини шо во најголем дел од тие дерби средби личевме на село без кучиња.

И за играч шо земал 20 + К месечно, тој според мене требаше да клава по минимум 6,7 гола од дистанца, ( прам муабет за тие дерби средби, не за утакмици со Куманово, за нив и на Хосни брачед му беше доволен да клава по 10 ки).
Оваа сезона. освен на двете средби со Алкалоид во Скопје, јас не го видов Фитиљо бековски да ја изигра утакмицата, со шутој од надвор, се трошеше непотребно со БОРЕЊЕ на линија од 6 метри и кошаркарски пробиви, не поминва то со таков габарит, без техника, промена на правец и прв чекор.
Некој ќе речи немаше среден бек, да му прај позиции.
Точно е, немаше брз плеј како во репката, како Митев, Симба, ама Пелистер ја нема таа тактика во играта како во репката.
Не велам дека то не игра улога, друго ќе беше да има некој јак среден бек, иако рака на срце, Тајник оваа сезона беше еден од подобрите.
Зборам за неговиот шутерски перформанс на тие дерби утакмици, освен повремени блесоци и некои удари од бес ( на тој меч со брендот на светскиот ракомет на 01.10) јас не видов ништо од Фитиљо оваа сезона во домашната лига, а мислам дека можеше и мораше да се покажи појќе, па и да промашваше, ништо страшно, подобро да промашваше од бек, отколку в раце да се дават топките и да не полнат од контри ликој ко Портокало, чоколадните од брендот, Џукиќ заб шо нема и тн.
За ЛШ имаше по некоја добра текма, посебно на тој меч со ПЕ СЕ ЖЕ дома, иако и тука мислам дека можеше да прикажи далеку појќе.
Порано се знаеше рецептот за титула, земи го Пепи, дај му кеш и имаш гарантирани +10 гола на меч, и то голој без пенали.
Ама, Пепи беше друг калибар, то беше бек, нема појќе никогаш да има таков бомбардер, не само во Македонија, туку и пошироко, старио беше вистински разбивач, Карлоз Перез беше сличен габарит, тие беа сурови пуцачи, сеа појќе на билдери личат бекојте, јаки на плеќа, слаби во ноџињата и една повреда и не го барај појќе.
Да не должам, убо ќе биди да остани Фитиљо, и треба да остани, ама ако веќе останва под вакви или подобрени услови, тогаш ќе мора да се бараат и исполнување на некои обврски, вметнување на одредени клаузули ( услови) во договорот, достигнување на таргети, ако ги достигни пеки, еве ти пари, ако треба и плус бонус.
Ама, ако не се достигнат тие таргети, како шо не се достигнаја оваа сезона, е па тогаш треба да има редуцирање на примањата, то го кажа и прецеднико на последниот прес.
Иако според мене, требаше да има инстант казни уште по есенската полусезона, можи ќе се спасеше нешто уште ко се виде дека колата забрзано оди надолу.
Во секој случај, се успеа на крај колку толку да се зачува образот, да се земи то второ место, и ум за друг пат.