Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
каде е разликата со тие (нас) што навиваат за пониска цена?Ама се некој ќе се најде да навија што повисоки да се цените. Веројатно за сопствена "причина", не гледам друго објаснување.

Имаш земено стан од Бонанца?За Козле не знам. За Ѓорче делумно, Хром.
Изведбата однадвор е класика. Внатре е битно како е изведено. Воглавно скоро сите имаат проблем со со занаетчиска изведба. Или негде тече или таркетот се подига или влезните врати се катастрофа...единствено што би земал стан со најмалку фалинки и најголем одзив за нивно исправање е Бонанца, Јован. Сендвич ѕидови направи и меѓу становите, скоро па ништо не се слуша. Единствен проблем беше климата па одма ја корегираа. Другите поголеми фирми кај нас се доста терсене па и при барање во гарантен рок да ти средат некој проблем.
И треба да имате голема среќа со инвеститорите оти многу од нив со години немаат имотни, како овие
одат во стечај или прават други скаламуции и тогаш е тешко вам. А однапред не знаете дали фирмата ќе се одлучи за стечај па да си го собере кајмакот.![]()
Повеќе од 200 семјества над една годинаа чекаат да се вселат во зграда - telma.com.mk
Граѓаните кои денеска излегоа на протест, велат дека ова реченица неколку години ја слушаат 240 семејства. Целата своја заштеда ја дале да купат стан, некои од нив земале и станбен кредит, па сега плаќаат и кредит и кирија. Меѓу нив е и семејството Скорниеви. Тие станот го исплатиле, но како...telma.com.mk
Има такви случаи и Аеродром, К Вода, кај нас без имотни, има доста такви заглавени. Ние сме таков случај ради стечај и уцена на т.н. главни доверители да ги земат сите станови-тоа е газдата на една поголема невладина организација, со мноогу пари за адвокати. И џабе ви е преддоговор во тие случаи.
Така да, за нови згради главно тие се проблемите. Ако знае некој конкретно со фирми како е Козле кај што барате али генерално проблемите се тие за нова зграда.
Автоматски споено мислење:
и ние не бевме со првиот стан, затоа од паталец ти кажувам на што генерално да внимаваш.
Автоматски споено мислење:
За стари да, но не е така едноставно за нови згради. не знаеш што фирма е, не знаеш како изведува внатре, не знаеш со имотни како ќе си поминеш. Освен ако не добиеш информации за истата од оние кои веќе земале стан од неа. Мачка во вреќа, стан во градба велат.
Врие од турци таму, а и објектите не се нешто нај нај. Школо, градинка нема.А какво мислење имате за становите во околината на east gate генерално?
Да, за едниот син.Имаш земено стан од Бонанца?
не реков ние вие, реков некој ќе се пронајде во навивачкиот транс за оправдување што поголеми цени и нелогични споредби со "западот" и везден се конфронтира со оние кои сметаат дека цените према стандардот, материјалот и изведбата се превисоки и надуени. Не ми изгледа више као реална потреба него сосем друга причина за толкава бетонизација.каде е разликата со тие (нас) што навиваат за пониска цена?
Не вие лесно и на вас архитектите. Овде во оваа просторија лево за електро инженерот не се знае ни кој пие ни кој плаќа ептен е луда работа и за инсталации и за осветлување. Од електрика користат најевтините Шнајдер и често нема ФИД, а тоа е по пропис во ЕУ.Па тоа го зборам и ја. Од прво лице. Немаш појма каква зграда имам правено.
Всушност види го ова:
Прегледај го приврзокот 479111
Лево имаш дневна со кујна и трапезарија 4 на 3.5 и тоа со криви контури. Се користи секоја парцела за да никне ваква глупост.
Човекот што ќе го купи ова мора да биде многу прост човек.
Не сум архитект.Не вие лесно и на вас архитектите. Овде во оваа просторија лево за електро инженерот не се знае ни кој пие ни кој плаќа ептен е луда работа и за инсталации и за осветлување. Од електрика користат најевтините Шнајдер и често нема ФИД, а тоа е по пропис во ЕУ.

Како си задоволен од градбата? Може да ми пишиш инбоџ да те прашам повеќе?Да, за едниот син.

Повеќе помалку стандард. Од Бонанца во гарантен рок, мислам 2 год им беше, ги поправија недостатоците (кај некого врата, кај нас течеше климата навнатре, кај друг одводот пуштил, нејде требаше нов премаз за туш кабината...). Гаражите, иако е Вардар блиску, не протекуваат барем не оние отворените (имаше можност со доплата и да ти ја заградат).Како си задоволен од градбата? Може да ми пишиш инбоџ да те прашам повеќе?

racin.mk
Незнам дали у секоја нормална земја е таква пракса, ама пример еве во калифатот Шведска и плаќаш за станот на денот кога ќе ти дадат клуч со цела исправна документација.Во покултурни земји, секој објект пред да биде предаден на користење, има добра контрола од соодветно лице, кое прегледува и проверува буквално се‘ што е вградено во станот. Сите пропусти и слаби места мора да бидат поправени пред објекот да се користи, а не отпосле, кога ќе биде даден на користење па сите маани да му се наоѓаат при неговото користење.
Имаше и кај нас таква пракса, дознавам од повозрасни инжинери.
Ти благодарам. Гледам си го фалел Јован Бонанца, гледам копа нова дупка позади Убац, па размислувам да земам од него, отколку од некои непознати инвеститори.Е сеа да видите скоро тазе пензионер кога ќе се распише, ќе ви се смрачи од читање
Повеќе помалку стандард. Од Бонанца во гарантен рок, мислам 2 год им беше, ги поправија недостатоците (кај некого врата, кај нас течеше климата навнатре, кај друг одводот пуштил, нејде требаше нов премаз за туш кабината...). Гаражите, иако е Вардар блиску, не протекуваат барем не оние отворените (имаше можност со доплата и да ти ја заградат).
На таваницата од гаражите ставија стиропор изолација, помеѓу становите (барем таа зграда, за другите не знам какви се) ставија сендвич ѕид со камена волна или стиропор па не се слуша нешто галама од соседите од страна.
Инаку недостатоци како и другите, има. Архитектот ставил одвод за аспираторот под таванот па едвај протнавме црево од аспираторот до дупката за надвор. Му протече кај одводот од вц школката, големата цевка што води кон канализацијата али тоа ние го средивме. Друго што ме изнервира (а пак зависи од архитектот и инвеститорот), ставиле голем прозор на местото кај умивалникот, кај чешмата. Па моравме да ставаме пониска чешма со еластично совитливо црево. И што нема класична када туш кабината него се изолација и плочки.
Инаку осветленост има и отповеќе. Во спална голем прозор, во кујна голем и мал прозор, двневната има 3 прозори. Е сега, има француски балкон или тераса, не го знам точно називот пошто другите станови со слична квадратура и позиција беа одамна резервирани. Но тоа баш и не му пречи.
Има уште нешто "е сега". Сега градат карши Порта Влае, кај една кафана Убацот. А мислам дека расчистуваат и позади таа зграда, кај што имаше дуќани и коцка улица. Веднаш до една друга зграда која пак тие ја градеа.
Сумарум има недостатоци, но се трудат да ги отклонат веднаш или кога ќе имаат мајстор за тоа, значи во гарантен рок. Имотни веднаш добија така да, према јас кај живеам (скоро ич изолација меѓу станови, без имотен лист, лоша изведба на глетот, гаражите продавани и по двапати некому, водопади кога врне во гаражите кај 3-4 комшии...ова е сепак ок.
И уште еден сумарум. Тој дел од Ѓорче најмногу градат Лего и Бонанца. Има и други но тие се ситни и не сум ги проверувал.
Можеш да прошеташ ако сакаш да ги видиш и овие новоизградените, може и во бонанца да отидеш у канцеларија (кај регистрација на возила пред стара телевизија).
Во суштина сегде (не знам кај Лука дали има) може да се јават недостатоци и се јавуваат. Само да се добро дизајнирани собите и да се недостатоците ситни, поправливи.
Другиот купи од Лего, со слична површина 45-50 м2. Сосем солидна дневна, доволно широка, мала соба (као детска/бебешка/помошна да кажеме), спална доволно голема (мада малце е тесничко со брачен кревет да поминеш од таа спална директ на тераса, што зависеше од нас. Ние го одбравме преголем креветот). Терасичка има поглед кон Водно, терасата е со излез и од дневна и од спална.
Има и друга причина што еден ист (ко)инвеститор може да му се разликуваат две згради во квалитет, недостатоци и слично. Еден инвеститор се пазарил со мајстори за клими боже саглам биле, тие повеќето надворешни единици ги поставиле накриво. Мајстор, наводно познат по изведба на врати, партал пола врати им ги направи. Па ги избркаа и тие и тие и најдоа мајстори, пробно им дадоа задача, видоа дека се ок и склучија договор со нив. Така да и од тоа зависат разликите.
Се насе, со оглед на тоа што и тогаш цените беа 920 и 950е м2, со далеку поефтини подземни паркинзи, сум задоволен и од двете фирми плус веднаш им дадоа имотни.
Мој совет ти е побарај ги и двете фирми (ако мислиш таму негде да земаш) или ако е веќе некоја изградена, да видиш распоред, материјал било што. Има и други што грдадат, али пак треба да се види распоред и материјал.
Оти и моето мислење е субјективно, од мој агол. Можеби некому нема да се допадне она што за мене е пристојно
П.С.
Да се проверат и дали се сигурни за документација, дозвола, имотен лист и слично, изолација итн итн. Оти многу луѓе се изгорени од документација (назив на фирма во текстот)
од од кај стадионот даваа писма со потписи за помош кај сите држвни органи за документација, но со нула резултат. Отиде фирмата наводно во "стечај" како и нашата фирма и топки од имотни.
или од неквалитет како оваа од т.н. реномирана фирма градена 2013
![]()
Седум ката – нула безбедност: Вистинската слика за една зграда во Ѓорче Петров - Рацин.мк
Во Скопје постојат стотици станбени згради изградени во последните две децении, кои зад модерната фасада кријат сериозни безбедносни пропусти. Без соодветна противпожарна опрема, неисправни хидранти, затрупани евакуациски патишта и нефункционални системи – станарите сè почесто се чувствуваат...racin.mk
П.П.С. Доколку се купува нво стан, глејте да купите и подземен паркинг, колку и да чини. Тие надвор мака мачат со дивопаркирани пред нив или без никаков паркинг, ќе паркирате 1 миља понатаму.
П.П.П.С. Непознат, слободно прашај и вака јавно од тоа што можам да го знам, немам што да кријам кај живеам или што сум купил, слободно. И баш сакам да помогнам како паталец за мојот случај, некој друг да не се зезне со документи и квалитет на градба. Но, немавме голем временски избор затоа што од 50 години натаму немаше можда ни долгорочен кредит да ни одобрат.
Извини на прашање, ама каква ти е оваа надеж дека „собите ќе се дизајнирани добро„? Си ги видел, барем во проектна документација или „само„ се надеваш а ќе видиш откако ќе се вселиш и ќе поарчиш пари?...Ти благодарам. Гледам си го фалел Јован Бонанца, гледам копа нова дупка позади Убац, па размислувам да земам од него, отколку од некои непознати инвеститори.
Сакав да видам искуства кој има со неговите згради, а човекот има направено неколку згради, така да веројатно е за верување дека ке има и имотен лист и навремено завршена зграда. Се надевам дека собите ќе се дизајнирани добро, сепак ќе треба да отидам кај него на состанок, иако не знам каде му е канцеларијата. Се надевам ќе успеам да го добијам на телефон за да се договориме.
Уште нешто, го купи станот во градба или изграден?
Извини на прашање, ама каква ти е оваа надеж дека „собите ќе се дизајнирани добро„? Си ги видел, барем во проектна документација или „само„ се надеваш а ќе видиш откако ќе се вселиш и ќе поарчиш пари?..