- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 2.657
- Поени од реакции
- 6.743
А што мислиш... ај вака реално!?
Да можеа да им ги срушат мостовите, патиштата и пистите до сега... немаше да го направат тоа?!
Охооо па они би плачеле од среќа да можат да ги изолираат од Запад!
За жал видовме колку им е долга чергата.. е сега што они си ги пуштија нозете повеќе е голем проблем!
И апсолутно не сум за тотална војна! Да не бидам сфатен погрешно! Тоа баш највеќе би им одговарало на ОТАН и западот! Да ги истоштат до смрт двете словенски земји!
Освен мир, каков-таков-никаков.. и русите конечно да намалат со егото, а марионетиве да се оттргнат малце и да прифатат загуби на тие 3-4 региони..
Друга нормална и разумна солуција не гледам.
За мостови сигурно имаат капацитет да им срушат, иако колку во моментов е тоа “економски“ и “политички“ исплатливо и во согласност со стратегијата не сум баш сигурен. Мислам Русите сеуште се надеваат за враќање на Украина под нивна капа па не сакаат скроз да ја ескалираат ситуацијата со такви потези, пруги патишта не вреди да гаѓаш кога брзо се поправаат и нема долгорочна штета
Не знам зошто мислиш дека си ги пуштија нозете повеќе од што треба ? Што требаше да им остават се на Украинците и да се приближат овие кон Нато ? Напротив гледаш Русите си го вратија Крим, си вратија и огромен дел од територијата што е про-руска. Уште поинтересно е што 1/4 од армијата што се бори во Украина е уствари регрутирани од бившите украински региони таму..
И јас сум за мир, ама мислам со марионети како Зеленски нема да има такво нешто на надворешни сили им одговара војнава. А колку повеќе одложуваат договор толку полош ќе биде, сега се 3-4 региони за 1-2 години ќе биде + Запорожје и Павлоград и така
