- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 6.636
- Поени од реакции
- 15.545
Жал ми падна само што те читамДарлинг, тука има сервисни центри кај што време се закажува два месеци унапред. И одиш само за сликање, се останато што треба од документација си средува државата. На влез си скенираш код со покана, и си чекаш да го викнат бројчето, во културна атмосфера. Влечки се дозволени, шорцеви се дозволени. Луѓето си гледаат работа, и вработените и клиентите, никој нема време да се замара со вакви баналности.
Секој документ можам да го нарачам онлајн и ми стига по пошта, не губам време да шетам од шалтер на шалтер додека некој си лечи фрустрации на мене.
Не сфаќам исто што е толку проблем да се земе критика како конструктивна и да се примени, работите ги кажувам како искуства.
Минатото лето, во јуни се јавувам во МВР Охрид, да закажам сликање за син ми, за во јули. Еден месец унапред, пошто е на сред лето и сакам да си го планирам времето. Операторот ми вика ама закажување е само од денес за утре, така ни работи системот, не може да закажете поинаку.
Ок, тоа е што е, на 10ти јули слетуваме во Мк, на 11ти се јавувам да закажам термин, ми даваат термин следниот ден. Избирам опција по брза постапка и собирање на документите по службена должност. Си доплаќам за услугата, нормално.
Доаѓам на ред следниот ден, вработената ми бара извод. Викам извини ама јас избрав собирање документи по службена должност и си доплатив за тоа, значи вие треба да го обезбедите изводот. Нејзиниот одговор беше дека "тие од Скопје может да си напишет шо сакет, ние овде не даваме таква услуга".
Па од МВР Охрид, заминав во Општина Охрид, каде изгубив 5 работни дена за да го добијам изводот. Притоа секој ден одев пошто секој ден фалеше нешто. Превод од овластен судски преведувач? Ок еве. Ама не е заведен на нотар. Ама ова е превод од овластен судски преведувач, зарем треба да е заверен на нотар? Ок, ајде на нотар. Се враќам назад, ми вика грешно ти го нотаризирале. Се враќам на нотар. Нотарот ми вика ок е. Се враќам назад. Ми велат не е ок, ова е плагијат. Се враќам кај нотарот. Нотарот се јавува по телефони, се кара, ми вика оди средено е. Се враќам во општина, ми велат, замина колешката за денес, дојди утре.
На 35 степени, чекање во неклиматизирани простории, нервози предизвикани од самата неорганизираност на администрацијата. Фалеше уште некој да ми замери за должината на фустанот, бидејќи тоа е очигледно најголемиот проблем во ситуацијава.

јбг, кај нас ова "се по закон шефе" го викаат..



