Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Ако никој до сега не ја чистел железничка, а требало, не гледам зошто би покажувале антагонизам кон постапката на оној кој после толку мандати (од обете партии) решил да го направи тоа.
Критиката не е кон постапката чистење на железничката, туку кон представувањето на истото како цивилизациски скок. Втора критика е начинот накој постапката е покрената. Наместо на своја иницијатива (како дел од тековна работа), градот чекаше да излезе видео на новинар (Видиновски пред месец-два) за железничка и да се направи јавен притисок за да преземат нешто (не на своја рака, него под јавен притисок). За момент да го игнорираме не барањето одговорност за неделување пред тоа.

На секој можен начин се серете на било што и да се направи..
Има многу работи за кои треба да бидат критикувани, ова е за поздрав и не е за исмевање

Срамота е ова што го правите низ медиуми
По тебе добро е што се прави спектакл од чистење и фарбање ѕидови на влезна точка на градот (железничка)? Дури и видеото да не постоеше, не мислам дека треба школо да се именува по некој од локална власт за толку банален подвиг како хигиена, нешто за кое градот е платен да го прави редовно.

И кој тоа ние и што тоа ние треба да се срамиме за нешто што сме правеле низ медиуми? Не те разбирам.

Добро!
Така и мислев баба ми ги корумпира институциите,
Друже, не е се педродоларот, демонкратија, сатаната. Секогаш кога правиме муабет за одговорност кај нас, дека институциите треба да немаат корупција и не се кадарни, и некој треба да се фати за работа пошто државата е во проблеми (последна статистика од пред некој ден 14500 помалце популација во Македонија за 3 години), одиме со тоа "a кој е крив? Ротчајлд, Ватикан и Илуминатите и позади сите нив стои се разбира: Тања Црн/Бел Бумбар". Се некој друг е крив за сите наши проблеми и не дај боже некој одговорност за нешто да преземе. :pivo2:
 
Последно уредено:
Критиката не е кон постапката чистење на железничката, туку кон представувањето на истото како цивилизациски скок. Втора критика е начинот накој постапката е покрената. Наместо на своја иницијатива (како дел од тековна работа), градот чекаше да излезе видео на новинар (Видиновски пред месец-два) за железничка и да се направи јавен притисок за да преземат нешто (не на своја рака, него под јавен притисок). За момент да го игнорираме не барањето одговорност за неделување пред тоа.
Kамо среќа властите до сега да реагираа со решавање на проблеми после новинарски прилог кој посочува на проблемот.

Нема потреба од правење толкав ПиАр од нешто што им е задача, но факт е дека од осамостојување до сега имаше едно десетина разни мандати и ниту еден не го направи ова.
 
Драг Венко, ти кога беше министер Али Ахмети организираше референдум со гласање во секунди, некаде и во стотинки, за да ни промени име и устав, на тој референдум се одлучи влегување во еу со преспанскиот договор, зошто не сме во ЕУ Венко? Нели одлучивте?
Прегледај го приврзокот 478698
Добро прашање за Венко, макар што прашањево повеќе треба да му се постави на тогашниот прајмминистер и Венков другар. Венко тогаш беше министер за здравство, така да колку имал моќ да го спречи Ахмети не знам... Сега да бидеме реални...

Ама џабе му поставуваш прашања на Венкота, опозиција е, никој не го есапи, освен новинарите што лапаат дневници што му одат на пресови.. Нула посто влијание, нула посто моќ... Небитен е ко прдеж во ураган....

Прашања најчесто се поставуваат на оние што се на ВЛАСТ! И што преземаат тие да го променат она што го испосра Заев и компанија?!

Зошто не поставиш ваква слика и не го прашаш нешто Мицика, кој реално ја има севкупната власт во Македонија и можност да ги промени нештата?
 
За сега океј тера, треба да си бара партнери низ европа и да ја зборува вистината, и да се даде до знаење до еу дека ние сме спремни и да не влегуваме во еу ако некој ни чепка корените, толку.
За другото нека му ја мисли еу.
Само да се држи подалеку од србите и русите да не им дава алиби на татарчетата и племето за нервен слом.
 
Ахааа... А зошто мислиш дека Европа не ја знае вистината?! Јас глата си ја сечам дека ЕУ добро знае која е вистината и што е, ама нашата вистина за жал е спротивна на нивниот интерес...

Па уште и Еу да му ја мисли бе? Алоо, Путине, намали доживљај...Абе брате, ние сме битни и економски моќни за жал колку едно мало гратче во Германија, толку небитно економски што верувај ЕУ поќе е ќар без нас отколку со нас..99% од Германци/Шпанци/Италијани/ да му дадиш карта на Европа нема да знаат да ти ја покажат Македонија.
 
Е добро де, така е зборот, ако не не сакаат ние нема да си ја продадеме крвта за тоа, јас не се замарам многу со нив, туку нашите треба да пишуваат литература со инпакт фактор која ќе ја разобличува еу и како дефакто уништува држава.
Од нас секако нема да се отарасат.
 
По тебе добро е што се прави спектакл од чистење и фарбање ѕидови на влезна точка на градот (железничка)? Дури и видеото да не постоеше, не мислам дека треба школо да се именува по некој од локална власт за толку банален подвиг како хигиена, нешто за кое градот е платен да го прави редовно.
Ич не ме интересира дали спектакл се прави од тоа, дали некој се крие во подрум, дали Видановски или некој бездомник е иницијатор исто не ми е важно.. Тоа што е важно е дека некој ја исчисти

Самиов акт не ги прави имуни на критики, да се разбереме

Градот беше платен и претходно, ама комуњарата за друго си ги испланира парите
Кај беше ти кога комуњарата беше на власт, те немаше на форумов?
Неодамна се уклучи низ дискусии..
И кој тоа ние и што тоа ние треба да се срамиме за нешто што сме правеле низ медиуми? Не те разбирам.
Па.... размисли подобро па ќе разбереш
 
Ич не ме интересира дали спектакл се прави од тоа, дали некој се крие во подрум, дали Видановски или некој бездомник е иницијатор исто не ми е важно.. Тоа што е важно е дека некој ја исчисти
Во ред, различни очекувања имаме за тоа како треба да функционира здрава држава и што треба да се очекува од неа.

Кај беше ти кога комуњарата беше на власт, те немаше на форумов?
Неодамна се уклучи низ дискусии..
Ме немаше на форумов ни ВМРО кога беше на власт ни СДСМ. Ако мислиш дека сум "клет комуњар" да немаме забуни, моето уверување е: корумпираното владеење и на ВМРО и на СДСМ е причина зошто Македонија економски стагнира и наместо да се развива, иде надоле (пропорционално на нивните години на владеење). Преку систем на партизирање на клучни институции (суд и полиција) и гаење на партиска лојалност (принцип на: повели работа, биди лојален на партискиот врв) мал број луѓе во двете партии направија милијарди (станови по Дубаи, Монте Карло, луди бизниси на 800 евра плата) за сметка на 1,8 милиони што ќе ги плаќаат сметките за нивните збогатувања со генерации (тие кредити и долгови некој ќе треба да ги враќа). По мене, во голем дел ова е овозможено пошто партиското членство им е ќутливо и соучествува во ова како добитник на работна позиција или некаква привилегија, наместо да ги брани своите интереси и поважно, интересите на државата.

Па.... размисли подобро па ќе разбереш
Не капирам.
 
Критиката не е кон постапката чистење на железничката, туку кон представувањето на истото како цивилизациски скок.
Луѓето секој ден кафето си го сликаат и го постираат на стори, град Скопје да не смее да постира видео од нивната работа. Абе ај.

Општо на сите профили на општините во земјава има вакви битни/небитни објави за тековни проектчиња што ги работат, и така било за време на сите партии што владееле. Не бидете паднати од Марс.
 
Да нема забуни околу тезите: критиката е околу правењето на циркуз за нешто што треба да е рутина. Не збориме за слика на Град Скопје или Општина Центар профил, него збориме за мотивационо видео за миење на јавен простор и на ТВ околу нешто што сегде во свет е најнормална работа. Луѓе што пијат кафе не е адекватна аналогија овде. Поадекватна е: дисфункционална болница постира видео од тоа како докторите мијат раце додека иде Ханс Зимер музика во позадина, иде успорен снимак како пешкирите на пациентите се мијат во машина за перење, додека се појавува глас од Роки Балбоа "It's not about how hard you hit, it's about how hard you get hit and keep moving forward" и новинарски тим го покрива ова како сме стигнале на Марс. Наместо новинарите да прашаат: зошто со години болницава не функционира и не дава сервис каков што граѓаните заслужуваат, или и да го покријат ова скромно со "еве се чисти, се надеваме дека ова ќе продолжи" ај ќе речеш океј.

По мене, ова е евтин политички театар и никаква суштина. Вакви ПиАр видеа би поддржал ако: се затвори некој од најголемите загадувачи во Скопје што убиваат по неколку илјади луѓе годишно (еден од најзгадени градови во свет сме со 700.000 жители), оправање на јавна инфраструктура каде автобуси се појавуваат на време (или барем се појавуваат), привлекување на големи инвестиции што може суштински нешто да сменат. Се друго по мене е циркуз и театар, без никаква суштина.
 
По мене, ова е евтин политички театар и никаква суштина. Вакви ПиАр видеа би поддржал ако: се затвори некој од најголемите загадувачи во Скопје што убиваат по неколку илјади луѓе годишно
Да, ама нема доволно капацитет во затворите за сите цигани, Албанци и македонци што горат се и сешто во нивните домаќинства.
 
Kaj bese be, vo podrum ? :cautious:
Барав паркинг во Дебар Маало :icon_mrgr:

Да, ама нема доволно капацитет во затворите за сите цигани, Албанци и македонци што горат се и сешто во нивните домаќинства.
Не се домаќинствата криви, да не се лажеме. :cool:
 
Не се лажеме, не сме информирани :coffee:
Ирелевантно е кој загадува: државата има должност да спречи и лечи. Дури и некој од народот да е крив што гори пластика или се грее на дрва, државата има должност да спроведе закон, да донесе регулатива, да инвестира во технологија што е добра по здравје.
 
Back
На врв Bottom