Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Ова се членовите што со нив во која насока сакаш да тераш дискусијата?
Член 1
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска исоцијална држава.
Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.
Член 2
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.​

Кога сме кај епилогот и колку завршиле работа да одиме по ред:
-Прво потребна е политичка волја од политички субјект (Бачев не е на власт, не е премиер не знам што очекуваш повеќе од него, во својство на професор вложил труд за да напише труд со јасни правни оквири за ништавоста на тнр договор) да сака да ги преземе чекорите кои се предмет на трудот;
-Второ трудот ги разобличува сите флоскули-приказни-измислици за тоа дека не може да се поништи тој тнр договор дека немало основ, со трудот недвосмислено се покажува дека има не е еден туку повеќе основи гледано од правен аспект (веќе реков јас би користел политички методи а кој не ги прифаќа може да се ебе).

Собранието има право да носи одлуки меѓу друогото и да усвојува амандмани и нов Устав, во рамките на Уставот значи може и да носи одлуки врзани со името.
Собранието НЕМА ПРАВО да менува одлука донесена на РЕФЕРЕНДУМ!
Не сум свесен а твоите предлози не се издржани.
Уставот е НОРМАТИВЕН акт!
Целиот свет што сака да знае веќе знае што направиле стратешките партњори или како ги милуваат северџаниве ЕУропска и САД!
Сите знаат само нив не ги засега, прашањето на поништување на квислиншки тнр договори е наша одговорност и задача.
На “ЕУропска и се прди за нас“, престанете со морализирање нема ефект.
Во ред, не споменувам странски ентитети.
Уставот е многу повеќе од нормативен акт, треба да оставиш уставот да го бранат тие што знаат уставно право а не да расправаш дали тоа е издржливо или не..
Ако ништо друго аргументи да изнесеше..

Собранието нема право да го доведува во прашање суверенитетот на една држава а во тоа спаѓа и името на државата. Таква одлука се носи само преку референдум, ни 120 пратеници не можат да менуваат такви нешта, не знам што е тоа тешко за разбирање :toe:

Член број 2 гласи:
Во РМ суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните

Тоа значи дека Собранието не може да носи одлуки врзани со името, бидејќи тоа не е под нивна надлежност и е право кое припаѓа на граѓаните и само на граѓаните..
Затоа постои задолжителен референдум - за народот да одлучи!

Ако некој го тврди спротивното треба да објасни зошто е тоа така и да каже кој член во Уставот дава легитимитет на Собранието да одлучува за суверенитетот на државата.
Јас знам дека Собранието добива надлежност преку избори, но не добива неограничена и 120 пратеника да бидат едногласни.
Нема што ова да го дискутираме, така е како што е напишано, ако има некој од суд дилема нека одговори на напишаново, може слободно кој сака да им го испрати.

Член број 1
Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив

Непренослив значи дека не може да се пренесе на друг, односно не може да се отстапи, предаде или префрли.

Појасно ти е сега можеби?
 
Последно уредено:
Кај го прочита тоа?
На фејсбук листав, може е патка оти од на кончита сајтот беше.
 
На фејсбук листав, може е патка оти од на кончита сајтот беше.
Нема врска, тоа е казна за Шкендија за натпревар од 9 мај, против Струга.

За ова сега во Купот, вчера отворија 6 дисциплински постапки против Шкендија. Допрва ќе има одлуки и казни за тој натпревар.
 
Мицотакис затвори 60 џамии, е тоа е држава. Кај нас ги легализираат, па и среде Охрид.
...кој те излажа? Прошетај денес низ Атина, дури веќе не е безбедно!

... екс Министер за внатрешни работи Оливер С. за време на СДСМ и ДУИ издале македонски пасоши на мафијози, а осудени и настрадале обични чиновници на шалтер, ене го Оливер мува не го лази и секој ден на вести само нешто мудрува, кога кривично ќе одговара за тие дадени 200 пасоши?

...затоа СЕГА симпатизерите и членовите на СДСМ халуцинираат за одговорност на функционерите, ама на нивно време не важеше тој аршин, па сега ни продаваат ,,муда за бубрези", им се може, од овие млитави инертни вмровци кои се на Власт, Филипче више го гледам на ТВ вести од било кој друг, уште од фрижидер да ми излезе, не знам како му дозволуваат да лае секој ден!
 
Последно уредено:
Нема врска, тоа е казна за Шкендија за натпревар од 9 мај, против Струга.

За ова сега во Купот, вчера отворија 6 дисциплински постапки против Шкендија. Допрва ќе има одлуки и казни за тој натпревар.
А Левица Сектор Спорт, како си го испуши со ова соопштениево, стојат репетирани цело време како оние ликови на семафори што свират 0.1 секунда од како ќе се упали зелено светло, без да прочитаат за што се овие казни. Битно само да се јаде гомна. :facepalm:
 
ама ако ја следиме твојата логика тој ќе да е гласал за нив со што со неговиот благотелечи мозок си создал услови да стане Тутабугар.
Ти ќе да си мкдвладе втор профил па и си лајкуваш...ако е гласал за нив ќе е лижел гз у некој штаб и с'га ќе е дефокусирал како тебе...терај со дефокусо.
Самите си признаа дека цела влада ќе и падне оти се со двојни државјанства шо е и очигледно.
 
Последно уредено:
... екс Министер за внатрешни работи Оливер С. за време на СДСМ и ДУИ издале македонски пасоши на мафијози, а осудени и настрадале обични чиновници на шалтер, ене го Оливер мува не го лази и секој ден на вести само нешто мудрува, кога кривично ќе одговара за тие дадени 200 пасоши?

Оливерчо не би се „понашал лагодно„ по медиуми, ако и над него не е отворено „шаторчето„, исто како и кај другар му Зоќе...

Напросто, ако лик кој сторил беззаконие никој од власта не го „пипа„, работата е јасна сама по себе-некој „повисок фактор“ го штити.
 
Последно уредено:
Ти ќе да си мкдвладе втор профил па и си лајкуваш...ако е гласал за нив ќе е лижел гз у некој штаб и с'га ќе е дефокусирал како тебе...терај со дефокусо.
Самите си признаа дека цела влада ќе и падне оти се со двојни државјанства шо е и очигледно.
Требаше @датум како познавач на уставот и законите да ти одговори ама не знам зошто не одговара.
Уставна норма е дека не може да се носит закони и други акти кои содржат ретроактивно дејство, што би го толкувале дека изборот на владата е во време кога немало таква законска одредба.
Само терај/продолжи со сеење магла.
 
За што да одговорам, може да објасниш?
 
Malce mesas babi i zabi ama ok, ako ti e polesno taka na dusickata, taka neka bidi (y).
Нема никакво мешање на баби и жаби. Ти го кажав списокот на најголемите продадени души. Спремни за пари да продадат се шо вредеше во државава. Абе поранешни терористи ни беа миниснистри во влада. Прецедател на собрание беше командант Тели. Низ западна Македонија се веат знамиња на туѓа држава. Ги заборави хашките? Со рамковниот и се посраа на државава. Цела една генерација беше исфрлена на улица поради најголемијот грабеж наречен транзиција. Ти се замараш со некој лик шо зел бугарско. А никако да ги спомниш косоварите шо зедоа македонско како награда за нивните достгнувања во 2001.
 
Последно уредено:
На каква бугарска скупштина ја сведоа партијата, жал да те фати.

По навредливата изјава за Гоце Делчев, Рубин Земон на средба со Виктор Стојанов од Бугарија, осомничен за ширење омраза кон Македонија
Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, се сретнал со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Македонија и против кого пред два месеци беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава.

За средбата објави самата фондација на социјалните мрежи.

„На неофицијална средба со Рубин Земон - дел од раководството на опозициската СДСМ и претставник на Египќаните во Република Северна Македонија. На режимот на Мицкоски ќе му се спротивстават мнозинството граѓани на државата, а ние од Европската Унија ќе им дадеме поддршка: во име на европската иднина на С. Македонија и децата таму“, стои во објавата на „Фондација Македонија“.

Средбата предизвика реакции и поради претходните ставови и активности на Стојанов, но и поради изјавите на самиот Земон. Тој претходно во јавноста изјави:

„Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас е мит направен“.

По ова, Земон се извини и кажа дека бил погрешно разбран, по што седна на маса со Стојанов, кој забраната за влез во Македонија ја доби токму во време на СДСМ.

Против Виктор Стојанов, кој е претседател на бугарската фондација „Македонија“, беше поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело казниво по член 394-г од Кривичниот законик.

Од Агенцијата за национална безбедност тогаш соопштија дека пријавата следува по обезбедени информации за „субверзивно-пропагандни активности насочени кон поттикнување етничка и национална омраза“.

Според Обвинителството, Стојанов преку специјално креирана Фејсбук-страница споделувал содржини со кои поттикнувал национална и етничка омраза и дискриминација, а во истрагата бил одземен и пропаганден материјал наменет за дистрибуција во Македонија.

Стојанов и претходно беше во фокусот на јавноста. Пред три години тој упати закани кон Македонците од Пустец, предупредувајќи дека доколку не се попишат како Бугари на пописот во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.
text___max_999_1003.jpg
 
На каква бугарска скупштина ја сведоа партијата, жал да те фати.
Што те чуди?
Кога прв бугаристанец им е јајцеглавиот Филипче(в), по цел крека .... бугари во устав.
Каков дедо, таков внук..... крвта не е вода :D
 
Нема никакво мешање на баби и жаби. Ти го кажав списокот на најголемите продадени души. Спремни за пари да продадат се шо вредеше во државава. Абе поранешни терористи ни беа миниснистри во влада. Прецедател на собрание беше командант Тели. Низ западна Македонија се веат знамиња на туѓа држава. Ги заборави хашките? Со рамковниот и се посраа на државава. Цела една генерација беше исфрлена на улица поради најголемијот грабеж наречен транзиција. Ти се замараш со некој лик шо зел бугарско. А никако да ги спомниш косоварите шо зедоа македонско како награда за нивните достгнувања во 2001.
Stvarno mi e maka da ti crtam.
 
Не можеш да ставаш на кантар кој е поголем предавник, сите придонесуваат за алката да е комплетна
 
Back
На врв Bottom