Една огромна работа кај која што АИ има створено дисрупција е драстично намалената перцепција за "effort" потребен нешто да се направи.
Ептен се креира некој АИ слоп, ептен се брзо прифати сиот тој АИ слоп како дел од секојдневието, а корпоративните процеси не стигнуваат да се изедначат со брзината на развој и сеуште самата адаптација на АИ е климава некако.
Сепак има разлика од тоа да средуваш некој минорен баг, па скроз е трета работа да изградиш скалабилен комплексен систем.
Денеска второто се жртвува во име на пократки дедлајни секако под "изговор" на АИ употреба.
Feature-от што се прави цел месец ? сакаме да го имаме за 2 недели. Епа не може така баш, и со свети АИ не идат така тие работи.
9 мајки не раѓаат дете за 1 месец, и секако, теоретски 9 агенти (сеуште) не би можеле да направат maintainable и scalable систем за 1 месец.
Тие кренати очекувања денеска се многу изразени и креираат некој вакуум каде што потенцијално ќе се генерира голем tech debt насекаде. Секако, оваа широка адаптација на АИ е нова работа, и веројатно ќе имаат самите компании период каде што ќе учат самите како да функционираат со АИ.
За сите важи ова, без оглед на сектор, програмски јазик, фрејмворк, ос и тн.