Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Нигде не е спомнато дека нема да допринесе.
Димче е профил на играч кој секој би го посакал.
Тоа го видов уште 22/23та сезона ко играше во Мотор заедно со Турченко каде отскокнуваа.
А дека има играчи на кој може да се потпри освен на Фитиљ има само треба да поработат тие на себе.
 
Да, немаме класичен шутер. Таков играч во Алкалоид од нашиве е Ѓоргоски. Релативно млад е, но слабо добиваше шанса покрај Дамјан и Борзаш, така што не ни заслужуваше да биде викнат. Дамјан Митев е подобар од него дефинитивно, но не е тој тип на играч. Друг што пуца е Кукуловски, ама не е квалитет за репрезентација.
Од десни бекови таков играч е Николов(и делумно Серафимов), ама ептен е тромав некако. Дали ќе го изделка Кире ќе видиме, но и не е баш млад за да осетно напредне(иако никогаш не се знае). Серафимов би требало да ни е најдобар десен бек ако игра редовно до првенството. Е сега ќе видиме дали ќе го вика.
 
Немојте не зборајте глупости, никогаш немало ни да заигра. Чоекот си доби пасош македонски бидејки немаше активен пасош и го доби на право на азилант кој не може да се врати во сопствена држава.
Не случајно одбиваше повик за Украина.
Инаку во подкастот на ЕКИПА, претседателот на РФМ кажа дека Хориха и Македонија уште не е затворена тема.
 
Не случајно одбиваше повик за Украина.
Инаку во подкастот на ЕКИПА, претседателот на РФМ кажа дека Хориха и Македонија уште не е затворена тема.
Уште "комунистите" ве лажат...

Темата е затворена уште и кога ја отворија биди сигурен.
Пак ќе кажам не го хејтам и сакам да заигра, само дали ќе заигра за Македонија тоа е веќе решено.
Димче е профил на играч кој е лаком по пари и можеби очекувал дека престојот во Македонија ќе може да извлече нешто плус финансиски ако игра за нас.
Да е сето ова обратно од тоа шо го пишувам ќе беше ставен во поширокиот список на Кире барем за некаква аклиматизација како шо ги земаат Гогов, Ристевски, Карасманакис, Поповски, Ѓоргоноски и слични играчи.
 
Сметам дека ако веќе одлучиле да му дадат пасош и е способен да игра за нас не требале да се откажат од тоа иако си замина од Вардар. Таков профил на играч немаме, а и репрезентацијата ќе имаше бенефит од тоа. Вака цела игра паѓа на товар на Фитиљ. Митев не игра исто како пред повреда, а и кога би ја вратил формата е добро прашање.
 
Najverojatno ke igrame protiv Portugalija, Svedska ili Hrvatska od 1 baraban na zdrebot.
По она што се пишува, веројатно во Б или Д група не можеме да играме. Во другите можеме, а мислам дека група А со Германија е најидеално ако сакаме далеку да отидеме. :cool:
 
По она што се пишува, веројатно во Б или Д група не можеме да играме. Во другите можеме, а мислам дека група А со Германија е најидеално ако сакаме далеку да отидеме. :cool:
Клучно ќе е да добиеме шо поповолни противници од трет и четврти шешир (кај шо има по некоја нагазна мина, особено тие со вајлд карти), за да пренесиме минимум 2 поени понатаму во следна фаза.
 
Клучно ќе е да добиеме шо поповолни противници од трет и четврти шешир (кај шо има по некоја нагазна мина, особено тие со вајлд карти), за да пренесиме минимум 2 поени понатаму во следна фаза.
Америте од трет шешир! :cool: Уругвај од четврт!
 
Аргентина
Македонија
Америка
Уругвај
Ова е супер група за нас.
Не може да ја добиеме Аргентина, затоа што Италија и Франција се одредени да бидат во групите Б и Д (освен ако нешто се променило околу тоа). Ама може со Германија и тие две, да вкрстиме со Аргентина/Италија.
 
Не случајно одбиваше повик за Украина.
Инаку во подкастот на ЕКИПА, претседателот на РФМ кажа дека Хориха и Македонија уште не е затворена тема.
Добро би дошил Хориха, и јас знам дека се уште не е затворен случајот, ама и да не испадне ништо тоа е тоа. Али ако се случи Малус да заигра за репрезентација, тоа ќе е и те каков буст.
 
Не може да ја добиеме Аргентина, затоа што Италија и Франција се одредени да бидат во групите Б и Д (освен ако нешто се променило околу тоа). Ама може со Германија и тие две, да вкрстиме со Аргентина/Италија.
Ne mozeme da se padneme so 2, so Argentina i mislam deka so Egipet, ne me drzi za zbor.. Argentina e sigurno i mislam Egipet ama mora da proveram.. Znam samo deka so 2 nema da mozeme da se padneme od koi ednata e Argentina
 
Back
На врв Bottom