Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 31.779
- Поени од реакции
- 42.864
Хаха, чекај сега малку... Не зборуваме за митови, туку за легислативи. Дејуре постојат, и дефакто којзнае колку дискусии се имаат водено за тие легислативи.Две поенти. Прва: ДЕИ како што го опишувате (вработување само затоа што некој е од Бангладеш или транс) не постои. Објаснувам дека не постои пошто во бизнис луѓето ценат пари над се, себични се и нема некој да ти жртвува репутација или да извади кредит за да вработи некој само ради тоа што се идентификува како транс. Бизнисот најчесто има брутална конкуренција за некој да се заебава.
Втора: зошто работна средина на запад е мешана е ради ова што ти го пишав погоре (на компаниите им се исплати повеќе кога ќе најмат некој поевтин што им носи приход). ДЕИ е принцип што во таква мешана средина (со луѓе од секаде) на сите им дава еднакви услови за развој (меритократија). Ова е тоа што ти го тврдам.
ПК, се разбира дека нема никој да вработи малцинство само затоа што се малцинство, се разбира дека мора да се исполнат одредени побарувања на работата. Но (и ова е едно многу големо НО), во ситуација кога за истата работа ќе се пријави некој од малцинство и многу од мнозинството - тој од малцинство автоматски е во предност дури и со послаби квалификации и/или перформанси. Пошто на крајот на денот DEI бара квотата да биде задволена. Еве како и овде во Македонија.
Нема да влезам во таков time sink правец на дискусија. Значи не диксутираме за митови и теории на заговор, туку за реални работи. Верувам дека можеш да најдеш со малку труд, сѐ што спомнуваш.Можеш да ми дадеш пример на закон или државна регулатива како што ја опишуваш? Било кој закон што ти вика ДЕИ = вработи некој пошто е транс или од Бангладеш или како ти што го опиша погоре, ДЕИ = компаниите мора да промовираат некој пошто е црнец. Ваква регулатива/закон не постои. Ако постои како што викаш со години/децении, еве постирај ќе ја дискутираме.
Крајно постои и „неформален“ притисок кој извесно е уште поефикасен. Ако компанијата/институцијата/итн, не е доволно „диверзифицирана“, истата станува мета на воук култистите. Напади по медиуми - повеќето или скоро сите приклонети на истата идеологија (имот на истите газди кои се финансиери на социјалниот инжинеринг од кој и DEI и сите воук срања се финансирани). Или во филмскиот бизнис, ако содржината не е воук/DEI таков филм тешко добива финансирање. Итн. Не разбирам зошто сето ова мора да се повторува како да прв пат се среќаваш со DEI или општо воук-изам.
Интересно е што тоа гласно малцинство е ефикасно во изнудата, но дури (релативно) неодамна мнозинството почна да враќа - со бојкотирање на воук компании. Тоа е лекот очигледно. Но не и за институциите, иако за тоа лекот е гласањето - но како што гледаме сето тоа се само предизборни ветувања. Мнозинството/гласачите немаат некој механизам за наметнување на волјата - освен протести/нереди а тоа е сѐ тешко изводливо во денешно време.




