Што треба за гаторите на мени да кажеме?
Мислам дека не ја разбираш поентата, не е за фестивалите туку за кучињата..
Еве, и ова од зоолошка нека им го дадат.
Убаво е да има искри и провокации, ама чистите напади наликуваат класична кафанска тепачка. До душа тешко дека можат да се бранат сите последователни активности на администрацијата на Трамп, знам затоа што активно ги бранев, на оваа тема, во текот на целокупниот негов прв мандат сѐ до Капитол.
Некои изјави му се цинични и иронични, несериозни, а во медиумите се пренесувани како сериозни, што е искрено лошо за носител на таква функција. Добро е да има смисла за хумор, што е одлика на интелигентните луѓе, ама голата информација прасирана преку социјални мрежи/медиуми некогаш може да биде сфатена и/или интерпретирана на двата начини.
САД имаат еден недостаток во однос на Кина и Русија. Овие две држави, поради политичката долговечност на нивните апсолутни лидери, имаат и политичка конзистентност. САД таква нема, пред се на домашна сцена каде меѓусебно со векови се колат за сѐ и сешто и истите прашања кои биле дебатирано во 60тите години, се дебатираат и денес (слобода на говор, дозвола за носење оружје, слобода на медиуми, образование, расизам, даночниот систем...).
Носењето на политички одлуки оди потешко, потешко се доаѓа до консензус, за разлика од Кина и Русија каде прашањата лесно политички се надминуваат. Па и немаат пречки во носењето на одлуките, а САД има и федерални и Врховен суд кои можат да блокираат односно да дерогираат одлуки кои се спротивни на Уставот. И пази, начинот на одлучување на Врховниот суд варира затоа што имаат доста специфичен начин на толкување на уставот и другите акти (како Федералистичките документи) кои ги земаат како меродавни при одлучувањето.
Сенатот е хендикепирано тело. Нешто што еднаш беше пробано да се имплементира и кај нас, знаеме пред кој настан, ама очигледно немаме политички капацитет за ова. Сѐ ќе биде блокирано, ништо нема да се донесе и функцијата на собранието, како таква, ќе престане да постои. Или пак, можеби оваа алатка ќе помогне за поголема соработка меѓу власта и опозицијата. Можеби, ама се сомневам.
И Претседателот има голема моќ, Трамп да демонстрираше при нападот над Иран, за кој немаше поддршка односно дозвола од Конгресот. Нападот беше самоиницијативен, ко на Клинтон 1999. Има поефективни начини за демонстрирање моќ без да се испука куршум.