The xx
Russia state-affiliated bot. ☑️
- Член од
- 8 април 2013
- Мислења
- 9.779
- Поени од реакции
- 18.895
Имаат фестивал за јадење кучешко месо, исто како што во Прилеп има Пивофест. Ако кажам мајтап за Пивофестот во Прилеп, дали тоа автоматски значи дека сум ксенофобичен кон прилепчани?
Ти ја корегирав сликата, си заборавил Кина да ја пишиш.
Прегледај го приврзокот 477636
Фестивал значи прослава на нешто. Американците не организираат фестивали за славење school shooters.
И Кина заслужува критика, исто како Русија, САД и секоја друга држава на светов кога прави нешто што не чини. Разликата е што ако кажеш нешто против САД и јас го сметам за точно, ќе се согласам со тебе. Тоа е здрава дискусија, а не слепа одбрана на некоја држава.
Гледам дека почна да ја пеглаш реториката и да глумиш објективност, ама споредбите ти се се уште на ниво на основно училиште.
Ако кажеш дека во Прилеп се пие пиво, тоа е факт. Но, ако кажеш: “Никогаш не знаеш што има во прилепските скари, може да има мачка или куче”, тоа не е мајтап, туку е ширење на ефтина предрасуда за да деградираш некого. Има разлика меѓу критикување на настан и лепење етикети на цела култура за хигиената на нивната храна. Ти го направи второто. Патем еве за Босанците не напиша дека може Халал да ти бидат ќебапите.
Во Кина постојат илјадници фестивали за чај, за змејови, за есента.. Ти се фати за еден периферен настан во еден град за да ја генерализираш кујната на 1.4 милијарди луѓе. Тоа е исто како јас да кажам дека американската кујна е “фестивал на измачување животни” затоа што имаат натпревари во јадење 70 хотдози за 10 минути додека луѓе во светот гладуваат.
Интересно како брзо заборави дека ме нарекуваше шимпанзо пред само еден пост а сега одеднаш повикуваш на “здрава дискусија” без ад-хоминем?
Тоа се вика лицемерство.
Праноја ова веќе со сликиве и аватариве. Ми во потписот ми пишува тоа што тебе ти треба





?