Кај нас нема политичка микроконкурентност, ко што има во други држави. Во одредени држави, како САД, имаш и избори за партиска номинација, независно на нивото, што е навистина скапа варијатна. Тука, канидатот е номиниран од партијата, често пати се работи за луѓе од бизнис класата, партиски финансиери или деца на финансиери кои врска немаат со проблемите на секојдневниот човек, врска немаат од кадровска политика и за проблемите и проблематиките почнуваат да учат откако ќе влезат во политичкиот ринг. Еден од ретките спремни политичари беше Стевче, го знаеше секое уличе и сокаче во Карпош. Дефинитивно и еден од најрасипаните луѓе и политичари на нашата политичка сцена, дрзок и арогантен човек, меѓутоа материјата многу умешно си ја владееше. Јавноста знае дека Лукровски дал оставка, Дмпме го премислила и го држат во “домашен притвор“. Самото ова е умешност. Такви други политичари, кариеристи, други нема, а тоа е резултат на лошата кадровска политика.
Левица извади неколку Бандити кои му го креваат приреволуција. Орце, знаат да направат реклама, знаат да привлечат внимание, што ми се допаѓа. Како опозиција, претежно си во офанзива, но и кога ќе им се сипат белите мечки, знаат да одбранат став. Веќе се сериозна политичка партија која дополнително ја градат, за разлика од Знам, која требаше да биде дополнителна политичка алтернатива во македонското гласачко тело, но после последниве локални избори почнува да опаѓа. Немаат свој став, свое јас. Гласаат владини програми и политики, дел се од власта, односно се продолжение на истата, и сем луѓето кои имаат интерес од оваа соработка, тешко дека некој дополнително ќе ги гласа.
Левица намали со глупата идеолошка проповед, што реално и не им носи политички поени, народот ги гласа затоа што не се антидржавните и антипатриотските сдсм-дпмне, а не поради нивната идеолошка настроеност. Малобројни алтернативи има и на двете прашања, и кадровски и политички.