Фан клуб - РК Вардар

Викендов изгазил, 12/14... Ако се вклопи како што треба кај нас со Малус ќе бидат пеколен тандем.
Дали се очекува барем уште едно засилување за наредната сезона или затворен е ростерот?
 
Викендов изгазил, 12/14... Ако се вклопи како што треба кај нас со Малус ќе бидат пеколен тандем.
Доста сличен профил, со тоа што Фадуил има склоност кон асистенција ,страшна прегледност на игра и разигрува се живо околу себе.
 
Претпоставувам дека наредна сезона ќе играме со Малус и Фадуил заедно на терен, мислам дека и тоа е всушнсот желбата на Чупиќ, двајца креативци на среден и лев бек во комбинација со десен бек бомбардер.

Ќе играме побрз ракомет со многу вкрстувања и воиграни акции, нешто налик на сезоната кога освоивме Лига на шампиони со Парондо, со Скубе и Карачиќ во тандем.

Ако ви текнува на почетокот на оваа сезона често ги форсираше Малус и Боно заедно (против Тулуз на гости со таква постава игравме во клучни моменти и ги победивме) само после Боно многу падна во форма и бевме принудени да играме со двајца тешкаши на лев и десен бек.

Има Чупиќ поминато се и сешто во кариерата, соработувал со многу тренери и се сретнал со повеќе различни филозофии, од антички ракомет на Лино, до сканди школа на Гудмунсон во Рајн Некар Левен, после Талант Душебаев и на крајот Раул и Парондо.
Сите го имаат ракометот во малиот прст, имал бајаги од кого што да научи.

За разлика од минатата сезона кога го зема клубот со веќе готов состав, ова е прв пат да биде во ситуација тој да одлучува и да гради екипа (во рамки на можностите) каде ќе може да остави некој свој печат.
Сезонава ги исполни амбициите и си ја заврши работата максимално успешно, треба сега да му се даде целосна доверба, верувам дека знае што прави.
 
Келентриќ го продолжил договорот до 2028 година. Добар потег,Келентриќ е одличен тренер на голманите , Валах достигна одлично ниво , а и Гогов доста напредна во меѓувреме.
 

добар бил овој :aplauz:
 
 
Сезонава ова ќе биде шлагот на тортата!!!
 
После се изгледа Лино ќе биде нов тренер на Пелистер, според мене или ќе ги оправи или целосно ќе ги потоне (повеќе мислам ќе биде второто :D)

Ситуација која е доста слична како моментално во фудбалот со приказната Реал Мадрид и Мурињо.
Носат контроверзен тренер во поодминати години со застарени методи на работа кој низ цела тренерска кариера се движи по некоја жица каде е прогласуван од најголема превара до најдобар, сега ќе има задача да гаси пожар во соблекувална, како ќе се снајде во новата улога ни најголемите експерти не можат да предвидат, сите сценарија се во игра.

Без разлика какви резултати ќе има, сигурно стариот ќе даде уште некој поубав и зачинет шмек на дербито и генерално на целото првенство.
Ќе биде интересно да се гледа Лино против Чупиќ и Кире, натпревари со многу тензија во кои нашите домашни играчи можат само да учат и напредуваат.

Вчера баш гледав подкаст со Миркуловски, кажуваше дека никогаш и никаде во кариерата не почуствувал таков притисок и набој како во дербињата против Вардар и дека на тие натпревари се станува вистински играч.
Кога тоа го изјавува некој што скоро 10 години има искуство во Бундеслига и претходно во Лига на шампиони, сигурно има голема тежина.

Исто така ако прашаме постари Комити, сите ќе кажат дека најјаки им биле тие натпревари за навивање против Металург во време на Лино.
Нека го официјализираат стариот во Битола и наредна сезона да се крене ривалството со Чкембари и целото првенство на уште повисоко ниво, цел Балкан и свет да ни подзавиди.
 
Последно уредено:
Силен Вардар и Пелистер е профит за целиот ракомет, не само за македонскиот, европјеците од ехф не се уште свесни каков маркетинг можат да си напрат со дерби натпреварите на Пелистер и Вардар, исто така Евролигата си ја крена популарноста покрај Партизан и Ѕвезда па сега ништо не ги запира
 
Back
На врв Bottom