- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 2.686
- Поени од реакции
- 6.844
Актуелна во моментов е изјавата на новиот прв човек на регулаторната комисија Аце Ристов, кој најави дека се анализира методот на пресметка на сметките за струја односно во моментов тој е базиран на посебни групи (4) потрошувачи на струја. Така што оние што трошат најмалку плаќаат најниска цена, и обратно оние големите плаќаат многу повеќе.
Четирите блок-тарифи за струја во Македонија беа воведени од претходната влада во 2022 година – целта, како што тогаш беше објаснето, е да се заштитат и да се стимулираат малите потрошувачи, да се амортизира ценовниот шок од тогашната енергетска криза и да се охрабрува штедењето. Според проценките на експертите, струјата може драстично да поскапи со најавената промена. Најмногу треба да ќарат најголемите потрошувачи, кои досега плаќаа највисока цена по киловат-час. Од друга страна, ова би ги погодило домаќинствата кои трошат најмалку струја, а најзагрозени би биле пензионерите и луѓето кои живеат сами.
Дениз Мустафаоглу од Здружението на инженери енергетичари во изјава за ТВ „24“ вели дека изјавата на Ристов за укинување на блок-тарифите му се чини паушална и оти тој се сомнева дека размислувањата на првиот човек на РКЕ ги делат другите членови на Комисијата.
Партијата дополнително обвинува дека Ристов се става во функција на приватниот капитал и на страната на ЕВН Хоум, кој е универзален снабдувач. Во реакцијата се посочува и дека РКЕ не се осврнала на проблемот со паушалните сметки без реално отчитување, ниту на можноста за проширување на евтината тарифа.
Каков е вашиот став, дали сите треба да плаќаат исто или оние што „штедат“ повеќе треба да плаќаат пониска цена ? Бидејки има многу кои струјата ја користа и како “бизнис“ за копање крипто и слично па не е баш логично според мене и тие и некој обичен потрошувач да плаќаат иста цена.
Можно е да воведеме нов, поправичен модел. Неправично е истата струја да се плаќа по различна цена. Не може да постојат повеќе цени за ист производ. Ќе ги разгледаме досегашните искуства и ќе направиме анализа“, изјави Ристов
Четирите блок-тарифи за струја во Македонија беа воведени од претходната влада во 2022 година – целта, како што тогаш беше објаснето, е да се заштитат и да се стимулираат малите потрошувачи, да се амортизира ценовниот шок од тогашната енергетска криза и да се охрабрува штедењето. Според проценките на експертите, струјата може драстично да поскапи со најавената промена. Најмногу треба да ќарат најголемите потрошувачи, кои досега плаќаа највисока цена по киловат-час. Од друга страна, ова би ги погодило домаќинствата кои трошат најмалку струја, а најзагрозени би биле пензионерите и луѓето кои живеат сами.
Дениз Мустафаоглу од Здружението на инженери енергетичари во изјава за ТВ „24“ вели дека изјавата на Ристов за укинување на блок-тарифите му се чини паушална и оти тој се сомнева дека размислувањата на првиот човек на РКЕ ги делат другите членови на Комисијата.
Левица смета дека дека предложените промени директно ќе ги погодат најсиромашните граѓани. Од партијата велат дека со укинувањето на блок тарифите струјата ќе се третира како класична пазарна роба со единечна цена. „Доколку РКЕ донесе ваква одлука, тоа директно ќе биде удар врз најсиромашните. Според пресметките, семејство што штеди струја и останува во првиот блок би плаќало до една третина повисока цена на годишно ниво“, велат од Левица.„Претседателот на РКЕ се обидува да ѝ удоволи на ЕВН, и понатаму да може да издава сметки кои не се веродостојни на потрошената електрична енергија и во тој правец сака да ги поедностави работите, со тоа што сака да има една средна цена на струјата и врз основа на таа средна цена да се изготвуваат фактурите. Кога ги направивме проценките, излегува дека ќе имаме за 34 отсто поскапа струја“, вели Мустафаоглу.