Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
На Дрпаме никако да им се погодат градоначалнициве, по само пола година Сотир го убедуваат да не си дава оставка :pos:
 

Без партиска книшка нема вработување на државно – жестока дебата меѓу студенти и пратениците од петтата изборна единица​


Партизираноста на општеството и политичкиот протекционизам отворија жестока дебата во Битола меѓу студенти и петте актуелни пратеници од Битола во македонското Собрание. Денес во Студентскиот информативен центар на Универзитетoт „Св. Климент Охридски“ – Битола, беше најавен едукативeн настан „Парламентарен караван“, во организација на Собранието на Република Северна Македонија, но работите излегоа од „контрола“ кога студенти јавно ги отворија проблемите на партизираното општество пред пратениците. Пред студентите говореа и одговараа пратениците од Изборната единица 5 , Олга Лозановска, Силвана Ангелевска и Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Бедевска од ЗНАМ и Бисера Костадиновска и Митко Трајчулески (Крушево) од СДСМ.

Наталија, апсолвент на Техничкиот факултет во Битола ги праша пратениците - Како да се вработи ако нема членска книшка од политичка партија?

„Јас сум апсолвент, ама гледам по моите другарки, ако не е член на партија не може да се врати“, им рече апсолвентката.

Пратеничката Весна Бендевска на студентката и рече дека не мора да работи на државно, може и на приватно. Потоа ја охрабри да поднесе претставки ако има нарушување на административните процедури за вработување. И други студенти се согласија дека вработувањата одат по партиска линија.
Извесен шок кај присутните предизвика сведоштвото на млада жена од Прилеп која се претстави како асистент во пратеничка канцеларија во Прилеп, иако не кажа на кој пратеник и од која политичка партија му е асистент.

„Еве јас ќе го кажам мојот личен пример. Јас сум самохрана мајка на две деца, дури не се зачленив во политичка партија не можев да се вработам. Откако се зачленив сега сум асистент на пратеник во пратеничка канцеларија“, рече прилепчанката и предизвика реакција кај присутните.

Ова остави впечаток кај присутните дека дебатата им излегува од „контрола“ и не им оди во полза на присутните пратеници.

Реакција предизвика и прашањето на пратеничката Бисера Костадиновска дали и во нашата држава да се донесе закон за задолжително гласање на избори за лица над 18 години по примерот на други држави во светот.

На ова реплицираше студентка на Правниот факултет во Битола.

„Сметам дека на наша возраст ниту една личност не треба да гласа. Се додека постојат политички партии ќе постои тој непотизам, тие ‘пријатели’, ќе постојат примери како што е моја другарка која без факултет работи во државно, а јас со факултет ќе работам во „Кромберг и Шуберт’. Се додека постојат политички партии за младите тука нема место“, рече студентката од Прилеп, а пратеничката Весна Бендевска ја праша – А ако нема политички партии како ќе биде?

Студентката додаде дека –„една личност на 18 години не треба да гласа оти деца на наша возраст ако ги прашате како и зошто се гласа појма немаат, единствено што знаат за која партија гласаат нивните родители. Мајка ми и татко ми се вработени од таа партија и јас ќе гласам за таа партија. Не! Кога ние како личности ќе бидеме спремни и ќе знаеме за кого и зошто гласаме е тогаш треба да излеземе на гласање на избори. Закон за задолжително гласање не треба да се носи“, рече студентка и со дикусијата наведе дека приватните факултети во Македонија –„се апсолутна катастрофа и сите до еден треба да се затворат“, што предизвика смеење кај дел од пратениците.
Пратеникот Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ констатира дека младите се помалку се заинтересирани да бидат дел од политичкиот живот во државата и не појавуваат желба за политички активизам.

„Апатијата не треба да биде начин на живеење. Нашите пратенички канцеларии се отворени за граѓаните, но ретко е млад човек да дојде во тие канцеларии, најчесто е повозрасни луѓе“, рече Милевски во излагањето.

Студентот Димитар Атанасовски, поранешен претседател на Универзитетското судентско собрание на УКЛО ги праша пратениците - „Да бевте вие студент денес кои проблеми ќе ги имавте?“

Пратеничката Бендевска кажа – квалитетот на образованието.

„Од квалитетот на образованието зависи каков живот сами ќе изградите, не само колку ќе бидете конкурентен на пазарот на труд. Студенското сместување, храната, организиран студентски живот, превозот, се е проблем“, рече Бендевска.

На дискусијата се надоврза пратеничката Силвана Ангелевска, инаку професор на Техничкиот факултет во Битола, па кажа дека –„за жал има еден страшен недостаток на незнаење кај моите студенти кој најверојатно се провлекува од основно образование, особено во предметите каде се изучува математиката.

„Не може да кажеме дека квалитетно образование е само од аспект на предавачите, сега ќе носиме нов закон за високо образование каде ќе ги зајакнеме критериумите за избор на професор за малку да го подигнеме нивото на квалитет на образованието. И тврдам дека промените преба да почнат од основното, средното, па во високото образование“, рече Ангелевска пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески, пак, како проблем за студентите ги наведе бесперспективноста и немањето надеж.

„Кога би бил студент голем проблем би бил за мене бесперспективноста. Влегувате во образование и го гледате крајот на тунелот, односно излезот од тунелот - што после тоа образование, надежта за подобро утре? Затоа треба заедно да работиме на квалитетот на образование и да дадеме подобра перспектива за младите, сите да ја гледаат идината тука покрај своите семејства. Поразителен тренд е депопулација на нашата држава, ние по статистика имаме 1.450.000 луѓе кои живеат тука. Ова е премалку за да бидете како држава во кондиција со работоспособни луѓе“, рече Трајчулески.
 
На Дрпаме никако да им се погодат градоначалнициве, по само пола година Сотир го убедуваат да не си дава оставка :pos:
И една советничка од ЗНАМ, во општина Прилеп, најавила дека ќе дејствува независно. Максим или губи контрола над поверениците или се спрема раздор меѓу ЗНАМ и ДПМНЕ. Во Собрание не им требаат, ама им требаат во Советот на град Скопје. Пукна бостанот за еден претседател на Совет во општина Куманово.

ЗНАМ мораше да остане во опозиција, како привезок на власта загуби многу гласови, меродавни ми се освоените гласови за советите на последните локални избори. Во Куманово, за градоначалник, беше тесно, а во Скопје имаат еден цел советник.
 
Знае ли некој колку партии има во Македонија?
Изгледа го оборивме некогашниот грчки рекорд.... викаа, „кај има 5 грци таму има 6 партии“.
 
Го слушам Бујар на „Само интервју“: „Унанимно“, „Унанимно“... Нека го научи веќе некој дека тоа не е збор во македонскиот јазик, unanimously се преведува како едногласност.
 
Се додека не им се покаже дека нивните права се индивидуални и само за нив а не за државата ќе ни се качуваат на глава, они со ништо не придонеле за формирање на државноста ниту нивниот јазик, тогаш па биле под 10%, затоа треба веќе еднаш засекогаш со нив да се стави крај, доста ние Македонците голтавме болни работи, време е они да се соочат со фактот дека се малцинство и ништо друго, ако сакаат со државата да комуницираат на љопатарски тоа нека им биде овозможено, сакаат квоти, океј, толку.
Они веќе тргнаа и над рамковниот.
 
Студентката додаде дека –„една личност на 18 години не треба да гласа оти деца на наша возраст ако ги прашате како и зошто се гласа појма немаат
Добивањето на право на глас на 18 години почнало за мажите кои на 18 години биле регрутирани од државата во случај на војна. Односно тоа било заслужено со општествена дејност.

Можеме пак да се вратиме на ова, ако така сакаат студентите.
 
:icon_lol:

 
Имаме ситуација каде голем број компании размислуваат за намалување на активностите или целосно затворање затоа што не можат да обезбедат работници
Не, туку компаниите моментално отпуштаат работници поради глобална криза и германска безмозочност.
 
На Дрпаме никако да им се погодат градоначалнициве, по само пола година Сотир го убедуваат да не си дава оставка :pos:
Не знам за другите градови,ама во Скопје мизеруваат и општинските и главниот градоначалник,продолжение на шилегов и данела. Муда за бубрези продаваат без ни еден капитален,јак проект.
 
Ѓубре пак пуно сегде смрди прљав цел град поготово Центар. Битно Орце им ги зема ингеренциите на средните школи за да договараат закуп на терените, сега преку него ќе идело. Очигледно зошто тоа е приротите а не хигиената во градот.
Автоматски споено мислење:

1778314103329.jpeg

Македонија мора да увезе работна сила за да се бутнат платите на бандаж за да останат фирмите за да ги рекетираме и да плаќаат данок за да ги лапаме ние тие пари како власт. Тоа е генерално, а за инфлација и моменталната беда од средна плата која не стига ни до 20ти за повеќето луѓе, ќе збориме после рекламите.
 
Последно уредено:
Ѓубре пак пуно сегде смрди прљав цел град поготово Центар. Битно Орце им ги зема ингеренциите на средните школи за да договараат закуп на терените, сега преку него ќе идело. Очигледно зошто тоа е приротите а не хигиената во градот.

Прегледај го приврзокот 477278

Македонија мора да увезе работна сила за да се бутнат платите на бандаж за да останат фирмите за да ги рекетираме и да плаќаат данок за да ги лапаме ние тие пари како власт. Тоа е генерално, а за инфлација и моменталната беда од средна плата која не стига ни до 20ти за повеќето луѓе, ќе збориме после рекламите.

Уште да посочи за која економија станува збор.

Сите луѓе со кои сум во комуникација, а кои имаат синови и ќерки на возраст помеѓу 18 и 22 години, велат дека децата ниту малку не им размислуваат за останување во северенфиромистан, прифаќаат исклучиво привремена работа од месец за месец, или уште подобро од недела за недела, за да не може ниту еден работодавач да им глуми авторитет и/или сила врз глава.

Некои од децата им прифаќаат еден работен ден, поточно една работна ноќ, ноќна смена по трговските центри за да местат облека по рафтови за 3000 или 4000 денари еднократна плата, бидејќи нели толку пукаме од економски раст по шавовите што фирмите не сакаат на сопствените вработени да им плаќаат прекувремено.

Ептен јака економија се гради со укинување на најосновните работнички права изборени пред повеќе од 80 (ОСУМДЕСЕТ) години во таа Југославија која не чинеше и со увезување на странска работна сила при постоење на сопствена домашна квалификувана работна сила која после се` што и е укинато и ускратено, сепак одбива да остане и без сопственото лично достоинство.
 
.... па добро бе во која држава живееме.... кој таков работат просветните инспектори.... со закон е уредена употребата на јазиците. Англискиот нигде не е спомнат во тие закони.
Од кога неформален протекторат се води како држава?
Мислев дека ова е јасно ама изгледа не ќе да е..

По твојава логика, ќе испадне дека најјакиот доказ за предавството од Гоцета требало да биде објавен во печатен весник!???...

И така ќе бевме сигурни кој бил предавникот, а не вака, по форуми, да нагаѓаме дали бил Јанко или Станко?...

Историчарите обично се повикуваат на „ископани„ податоци од официјални државни историски архиви и на „она„ кое е во нив забележано, што не значи дека е и потполно точно и вистинито.

Меѓу Гоце и Тодор (мислиш на Александров?...) сепак има временски јаз и тие два ликови не битисуваат и не делувааат на ист начин и во исто опкружување.
По обичај си праиш замена на тези и си тераш ич мува не те љази
Мојата забелешка е да не се лепат етикети овој бил предавник оној бил предавник за настани кои се слуиле пред 100 години особено да не се верува на Турки, Тутабалгарчета, алЦИАда или било кој срањски извор.
Тебе тоа не те засега и сега треба да влегвам во твојот филм кој бил предавникот па уште сум изнесувал предваникот бил објавен во печат, не ти требит докази ами доволни се изјави од сомнителни мотиви... само терај.

Оф.. на памет збориш вадиш од ракав муабети..
Добро нека се од ракав.

Ембарго ќе лупнат, џабе вртиме у круг со ова, аман разбери се..
Да ќе стаат ембарго и ќе ни се распанде индустријата ќе немаме што да јадеме ќе јадеме корења :yid:

Јас мислам дека треба ама има нешта кои бараат внимание претходно

Еве ти пример, искачаат орлите од влада одма кога нешто не им одговара.
Мицковски ја кочи работата со тартаро-монголците и пополека му спремаат терен.. еден по еден и ќе дојде недоверба на влада!
Кај го има тоа бе, за тоа ли добија бадентер и секакви права?

Кај нас нема единство, другиот блок гзот ќе си го продадат за да влезат во Европа..
И за тебе тоа ок е, секогаш кога некој ќе рече не може тоа така, одма методите на заплашување проработуваат?
Ние не сме на улица најдени, отварајте очите и гледајте што прават либералните изроди

Влегоа во наставен кадар, медиуми, политика, ич на никој око не му трепнува.. срамота!
Двете партии па двете партии.. се едно исто

Децата пред нос ќе ни ги земат, сите ќутите
Така е тоа или нешто сакаш и изнаоѓаш начин/политика како до целта или не сакаш и си изаојџаш изговори!
Не треба многу памет за да се види каде твоево инклинира.

Очигледно ти не си свесен какви луѓе имаат прсти пикнато во државата, продолжи така да мислиш и далеку ќе стигнеш
Да не знам какви се лујџе се пристуни во државата, претпоставувам ти знаеш па ќе не запознаеш и нас кои не знаеме!
Автоматски споено мислење:

ВМРО е чисто идеалистичка креација, додека комунистите, на чело со Тито направиле реализација на идентитетските прашања на македонскиот народ, вклучувајќи го и македонскиот стандарден литературен јазик, наговата граматика, култура, па дури и Црква (читај: отец Кирил). Тоа не можат да го преболат патриотите. Мотивите, можеби му биле да добие благонаклонетост од народот или да ја ослабне Србија, тоа е ирелевантно, резултатот го гледаме ден денес. Патем и најголемите песни кои се пеат по нивните митинзи се патриотски новокомпонирани песни, пост-воено.

Не смее да се запостави ни борбата за идеали на дел од тие дејци за независниот сон, дел цената ја платиле со крв, куршум и живот, ама никако не смее да се запостави ни комунистичкиот допринос кон креирање на македонскиот идентитет. Тоа не значи дека пред ова не постоел македонски народ, или македонски јазик, постоеле наречја, дијалекти, врз база на кои е направен тој литературен јазик. Исто е направено и во Србија, па и во другите екс-ју држави.

Во однос на овие, од 1991, ништо не е направено да зачувување на идентитетот и суверентитетот на државата, започни од тоа колку пати е менуван Уставот, редефинирањето на границите на единиците на локалната самоуправа, па и кога сите сложно го променија уставното име на државата. Така да, Тито е поголем патриот од сите нивни испилени патриотчиња кои конфугурираат во Дпмне, вклучувајќи го и оној кој пребегна кон Бугарите пред неколку децении.

Дополнително, со ваквиот начин на водење на државата, политичко-популистички, не може да се евидентира ни грам национализам затоа што државата се тера во бездна. Мора да направиме редефинирање на улогата, значењето и функциите на владата, каде дел треба целосно да се прелеат на единиците на локалната самоуправа со цел да имаат материја за креирање на политики за конкурентност, а дел на приватниот сектор. Дел, секако, ќе ги дефинира самиот пазар врз база на понудата и побарувачката, чисто капиталистички, ко што си сакавме на времето. :)
Многу ми забегуеш на кривини,

ВМРО е СИМБОЛ на борбата на Македонците за СЛОБОДА и своја Македонска држава!

Кога пишуваш “додека комунистите, на чело со Тито направиле реализација на идентитетските прашања на македонскиот народ“ е само делумно точно затоа што фактите се:
-Македонските комунисти реализирале вековна Македонска борба со возобновување на Македонска држава;
-Целосно ги реализирале целите од борбата за идентитетот на Македонците како Македонски народ;
-
-

Колку останатите комунисти од СФРЈ придонеле во тоа не би знаел ама не сум нашол податок каде тие се спротивставуваат на борбата и целите на Макеоднските комунисти.
Да сето тоа е во време додека Тито е на чело на СФРЈ но тој лично нема особен придонес освен ако за придонес не се смета што не се спротивставувал на Македонските комунисти туку гледал благонаклоно .

Се друго е во рамките на системот, тој е генератор на сите економски и политички проблеми во Македонија, за жал тој систем е длабоко вкоранет кај голем дел од популацијата и не се ни спомнува негово рдифинирање не дај боже негова замена...
Се започна со растурање или поточно преземање на безбедносниот систем кој по 1992 е во функција на растурање на Македонската држава, тој безбедносен систем требаше да штити политичка елита од странски влијаниа наместо тоа тој работеше и работи против патриотски политички сили за потребите на срањците.

Никој од ВМРО не ветил дека ќе го врати името. Вие сте слушнале за такво нешто?
Ма знаеме ... на форумов постојано има наратив дека не било време да се врати името, ќе ни ставуеле ембарго, ни требале силни милијарди и секаков вид на други глупости за да се оправда велепредаството!
Автоматски споено мислење:

криви се новинарите што му ќутат
Кои новинари, зарем има новинари, да не мислеше на оној Столе Влаот од Канал77 е ако чекаш на него ќе се начекаш.

ЗНАМ мораше да остане во опозиција, како привезок на власта загуби многу гласови, меродавни ми се освоените гласови за советите на последните локални избори. Во Куманово, за градоначалник, беше тесно, а во Скопје имаат еден цел советник.
Мора да си искрен прво со себе.
Ако сме искрени тогаш таја ЗНАМ не требаше ни да постои или да си останеа во сдсСС и чича мича готова прича.
На овој начин сдсСС смисли формираа-премостија период преку оваја ЗНАМ која е само сдсСС лајт верзија.
 
Последно уредено:
Ѓубре пак пуно сегде смрди прљав цел град поготово Центар. Битно Орце им ги зема ингеренциите на средните школи за да договараат закуп на терените, сега преку него ќе идело. Очигледно зошто тоа е приротите а не хигиената во градот.
Досега ужасен градоначалник. Порано, до времето на Данела, со исклучок на последните два месеци од нејзиниот мандат, сметот се собираше два пати во неделата. Сега ако имаме среќа еднаш неделно, а последниве два месеци еднаш во две недели. Кантите преполни, кесите ги чувам во двор, со оглед на тоа дека живеам во куќа. Тоа е елементарната задача на градоначалникот- комуналната хигиена, за што постои и шиптаризирано превработено комунално претпријатие чии сметки редовно се подмирени. Важно си казнуваат ако се фрла смет после 22 часот, што е една од најретардираните комунални мерки во нашата историја, тука некаде со Ковид мерките.

На секоја седница советниците од Левица го мочаат во уста, навистина солидно е политички поткован, сакам да кажам дека политички е доста писмен, знае да амортизира удар. Не станува збор за глуп човек, дудук, какви што се грото од неговата политичка партија.

И останатите градоначалници се лоши. Мислам неспоредливо е она што беше направено во најдобриот градоначалник што го имал Скопје- Коце (направи трајна штета со Скопје 2014), во споредба со она што дојде после него. Секој од полош и полош од претходниот. Урбанизацијата си продолжува, градот се гуши, се штанцаат станови. И ова на сметка на останатите градови во Македонија, кој патат од регионален раст и развој, вака ќе си го сконцентрираш буџетот во гравниот град, помалите градови традиционално ќе си гласаат за едните или за другите, и тука завршува приказната.

72 часа чистење на градот, кој не беше ниту исчистен, ниту среден. Багерот, се на се, беше 30 минути во Вардар, камионите за чистење на комуналниот отпад беа позајмени од другите градови, кои потоа мораат да си се вратат назад. Поради блокадата на Дпмне, и секако широката политизација, комунална хигиена нема капацитет да се носи со град од овие размери, чии капацитети од месец во месец се зголемуваат. Водовод не може да се носи со капацитетот на Скопје затоа што толку е капацитетот на нашите бунари и пумпи. Минатото лето делови од Скопје немаа вода или домаќинствата работеа со намален притисок. Ова не се зема во калкулација кога се оди кон експанзија по цена процентче и комунална такса. И после мерки и препораки: нема прскање на дворовите, нема миење на возилата, нема полнење на базени.
 
Back
На врв Bottom