ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 33.190
- Поени од реакции
- 45.404
- Возраст
- 31
Мислам дека судијата свирна фаул после стартот на Калафиори, без разлика што тука на сликата ја става свирката во уста. Не знам какво е правилото и дали после свиран фаул во напад може да се суди пенал преку ВАР (можеби и не), ама ако е неможе, тогаш лошо изменаџирана ситуацијата од главниот судија.Овие 2 кадри не знам дали Габриел минимално ја допира топката со што му ја трга од нога на Чоло Џуниор, ако да, веројатно менува движење и спасува чист гол.
Прегледај го приврзокот 477017
Прегледај го приврзокот 477020
Дека во моментов на шутот има чиста позиција и нема контакт ниту со Габриел ниту со Раја, делува како да се исплаши од можноста и поставената нога на Габриел, па лошо ја зафати топката.
Прегледај го приврзокот 477021
Автоматски споено мислење:
Играта е прекината со свиреж од судијата пред да е стартот на Калафиори, така да единствен муабет тука може да е дали е фаул во напад или не е, а не дали е пенал или не. Се што е после свирежот на судијата и одземена топка, не се гледа, бидејќи играчите менуваат движење, фокус, во овој случај Калафиори крши нозе итн. Ако некаков пенал се гледа за ситуацијава е тоа дали Габриел направил старт за пенал (до тука е играта во тек). Затоа реков дека нема логика ова да е досуден пенал, бидејќи не е ситуација во игра, да не беше прекината играта, чист пенал.
Прегледај го приврзокот 477022
Еднставно требаше да си остави гол аут, па ќе се гледаше прво дали има пенал (а имаше), па после тоа и дали има фаул над Габриел пред пеналот (немаше). Реално, чист пенал е ова за Атлетико. Исто како што ќе беше пенал да паднеше Симеоне џуниор. Ама не падна и реши да ја доврши акцијата.

