Ја читам темава и сакав да се надоврзам од прва рака како повратник од странство.
Кратко за мене, живеев 7,5 години во Франкфурт, добив стипендија за магистерски и работев како финансиски консултант во инвестициска банка, зедов државјанство, па сменав работа која може да ја работам од Македонија, прво менував 3 месеци таму 3 овде се со цел да имам 183 дена во Германија, а потоа се договорив фул ремоте од Македонија.
Е сега зошто се решив на таков чекор, на почетокот ни сам искрено не знаев, доста размислував си викав да не направив грешка, ама како одминува времето и гледам што се дешава кога одам еднаш на 3-4 месеци за Франкфурт, си викам ова била можеби најдобрата одлука што сум ја донесол.
Прво тргнувам дека финансиски ми се исплаќа, ја земам бруто платата и плаќам 10% на ујп, плус си чепкам некои додатни мини бизнис, кои во Германија не би можел да ги работам.
Второ живеам на многу поубаво место со поубава природа (не сум во Скопје)
Трето а можеби и најбитно (а секогаш кога и да сум го кажел сум бил нападнат) во сите овие години сфатив дека системот, здравството и образованието таму се само малку различни од кај нас. Си има експерти подобри од тука, се подобро опремено, но за жал приметувам дека во последниве години (после короната најчесто) дека изговор за се им се пребукирани сме немаме капацитет. Исто фактор ми беше и размислувањето колку не сакам децата да учат во Германија, бидејќи во последно се повеќе училиштата се катастрофа што од некомпетентен кадар примен бидејќи ако би го одбиеле ќе се жалел дека бил одбиен поради дискриминација за религија, лгбт или слично (не сте свесни колку вакви учители се изнапикани барем во регионот околу франкфурт), што од доселување на луѓе од многу различни култури кои не можат меѓу себе да кохезираат.
Четврто безбедноста, колку и да гледаме статистики дека балканот е небезбеден имало убиства не знам ли ти што, ние сме мало маче за западот, искрено и како маж, ми беше доста незгодно да се движам во било кој град во Германија навечер, а не можам да си замислам како им е на жениве.
Е сега и Македонија си има многу маани, не викам не ама за тоа друг пат. Така да овие политичари нека не се чукаат во гради дека луѓето се враќаат ради тоа што во Мкд цветаат ружи него секој еден кој го знам што се вратил, се вратил затоа што вкупната ситуација во западот се влошила и сфатиле дека дали таму или овде стандардот на живот им е сличен, на ова не мислам само финансиски него на сите фактори.
И за крај една германска мудрост на новинар на Билд за случувањата во последните 4-5 години во Германија што е 100% точна кога ги гледаме бројките кој се доселил и отселил од Германија. "Wer Geld hat, wandert aus, wer kein Geld hat, wandert ein."
ПС. Не видов а би сакал да има тема Повратници од странство