Ајде сега да не се повторуваме на секое, ама реално, со тој состав тогаш и те како беше успех да се дојде толку пати до финале. Со Лингард, Переира, Џонс, Марсијал...Со тој состав мислам дека беше извлечен максимумот, прв пат после Ферги бек ту бек во топ 4, еднаш 3 место еднаш 2 место во ПЛ. Да не беа надреални Сити во 2021 и да не имавме состав со 5 играчи се на се, и те како ќе имаше шанса за титула. Во јануари бевме 1, а управата стандарт, го преспаа цел јануари без да донесат ни еден играч како буст, февруари логично заредија повреди, Сити врза 15 победи и паднавме 2 место. Две години со ред му пекаше по Рајс, тие му го носат Дони и Роналдо, наместо чекор напред 2022, ние два назад.
И да, со глава тврдам да останеше Оле и следните 2-3 сезони ќе имавме многу поголеми успеси отколку овие со Тен Хаг, Аморим. И 2022 ќе бевме топ 4, го донесоа Рагник, ликот исто потона.