Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Не е за повратниците колку за тоа дека 10-15 западни земји ќе банкротирале. Ама онака го кажува ко муабет у фризерница со прамени у фолии. Експертиза левел Гајдов и Локван.
 
Ја читам темава и сакав да се надоврзам од прва рака како повратник од странство.

Кратко за мене, живеев 7,5 години во Франкфурт, добив стипендија за магистерски и работев како финансиски консултант во инвестициска банка, зедов државјанство, па сменав работа која може да ја работам од Македонија, прво менував 3 месеци таму 3 овде се со цел да имам 183 дена во Германија, а потоа се договорив фул ремоте од Македонија.

Е сега зошто се решив на таков чекор, на почетокот ни сам искрено не знаев, доста размислував си викав да не направив грешка, ама како одминува времето и гледам што се дешава кога одам еднаш на 3-4 месеци за Франкфурт, си викам ова била можеби најдобрата одлука што сум ја донесол.

Прво тргнувам дека финансиски ми се исплаќа, ја земам бруто платата и плаќам 10% на ујп, плус си чепкам некои додатни мини бизнис, кои во Германија не би можел да ги работам.

Второ живеам на многу поубаво место со поубава природа (не сум во Скопје)

Трето а можеби и најбитно (а секогаш кога и да сум го кажел сум бил нападнат) во сите овие години сфатив дека системот, здравството и образованието таму се само малку различни од кај нас. Си има експерти подобри од тука, се подобро опремено, но за жал приметувам дека во последниве години (после короната најчесто) дека изговор за се им се пребукирани сме немаме капацитет. Исто фактор ми беше и размислувањето колку не сакам децата да учат во Германија, бидејќи во последно се повеќе училиштата се катастрофа што од некомпетентен кадар примен бидејќи ако би го одбиеле ќе се жалел дека бил одбиен поради дискриминација за религија, лгбт или слично (не сте свесни колку вакви учители се изнапикани барем во регионот околу франкфурт), што од доселување на луѓе од многу различни култури кои не можат меѓу себе да кохезираат.

Четврто безбедноста, колку и да гледаме статистики дека балканот е небезбеден имало убиства не знам ли ти што, ние сме мало маче за западот, искрено и како маж, ми беше доста незгодно да се движам во било кој град во Германија навечер, а не можам да си замислам како им е на жениве.

Е сега и Македонија си има многу маани, не викам не ама за тоа друг пат. Така да овие политичари нека не се чукаат во гради дека луѓето се враќаат ради тоа што во Мкд цветаат ружи него секој еден кој го знам што се вратил, се вратил затоа што вкупната ситуација во западот се влошила и сфатиле дека дали таму или овде стандардот на живот им е сличен, на ова не мислам само финансиски него на сите фактори.

И за крај една германска мудрост на новинар на Билд за случувањата во последните 4-5 години во Германија што е 100% точна кога ги гледаме бројките кој се доселил и отселил од Германија. "Wer Geld hat, wandert aus, wer kein Geld hat, wandert ein."

ПС. Не видов а би сакал да има тема Повратници од странство
 
Има причини заради кои тие луѓе заминале
Кои причини, може малкуцка околу тоа?

(пртпоставувам дека оние што не “заминале“ немаат причини ;) )
Автоматски споено мислење:

Изгубени души се овие од Левица, се борат со ветерници. А во денешно време да си комунист, да величиш ликови како Сталин, Че Гевара и Кастро и да ја подржуваш Палестина треба да си тежок идиот.
Да бе прав си...
На место да си биднат демократи и да си дупат тоа народецот да си се шетаат по белиот свет тие комунисти че стануеле срамота, ова е 21 век треба само демократи се друго не чинит...
Па уште и за геноцидот против че го зборат забегана работа...

Ја читам темава и сакав да се надоврзам од прва рака како повратник од странство.

Кратко за мене, живеев 7,5 години во Франкфурт, добив стипендија за магистерски и работев како финансиски консултант во инвестициска банка, зедов државјанство, па сменав работа која може да ја работам од Македонија, прво менував 3 месеци таму 3 овде се со цел да имам 183 дена во Германија, а потоа се договорив фул ремоте од Македонија.

Е сега зошто се решив на таков чекор, на почетокот ни сам искрено не знаев, доста размислував си викав да не направив грешка, ама како одминува времето и гледам што се дешава кога одам еднаш на 3-4 месеци за Франкфурт, си викам ова била можеби најдобрата одлука што сум ја донесол.

Прво тргнувам дека финансиски ми се исплаќа, ја земам бруто платата и плаќам 10% на ујп, плус си чепкам некои додатни мини бизнис, кои во Германија не би можел да ги работам.

Второ живеам на многу поубаво место со поубава природа (не сум во Скопје)

Трето а можеби и најбитно (а секогаш кога и да сум го кажел сум бил нападнат) во сите овие години сфатив дека системот, здравството и образованието таму се само малку различни од кај нас. Си има експерти подобри од тука, се подобро опремено, но за жал приметувам дека во последниве години (после короната најчесто) дека изговор за се им се пребукирани сме немаме капацитет. Исто фактор ми беше и размислувањето колку не сакам децата да учат во Германија, бидејќи во последно се повеќе училиштата се катастрофа што од некомпетентен кадар примен бидејќи ако би го одбиеле ќе се жалел дека бил одбиен поради дискриминација за религија, лгбт или слично (не сте свесни колку вакви учители се изнапикани барем во регионот околу франкфурт), што од доселување на луѓе од многу различни култури кои не можат меѓу себе да кохезираат.

Четврто безбедноста, колку и да гледаме статистики дека балканот е небезбеден имало убиства не знам ли ти што, ние сме мало маче за западот, искрено и како маж, ми беше доста незгодно да се движам во било кој град во Германија навечер, а не можам да си замислам како им е на жениве.

Е сега и Македонија си има многу маани, не викам не ама за тоа друг пат. Така да овие политичари нека не се чукаат во гради дека луѓето се враќаат ради тоа што во Мкд цветаат ружи него секој еден кој го знам што се вратил, се вратил затоа што вкупната ситуација во западот се влошила и сфатиле дека дали таму или овде стандардот на живот им е сличен, на ова не мислам само финансиски него на сите фактори.

И за крај една германска мудрост на новинар на Билд за случувањата во последните 4-5 години во Германија што е 100% точна кога ги гледаме бројките кој се доселил и отселил од Германија. "Wer Geld hat, wandert aus, wer kein Geld hat, wandert ein."

ПС. Не видов а би сакал да има тема Повратници од странство
Се убо ама не можеме врз твоето искуство какво и да е да праиме генерализација околу емиграцијата, инаку според некакви си податоци од статистички завод не нашиот, во период од 2020 до 2025 од Македонија се иселени околу 13% од вкупното население.
Проблемот е што се работи за едуцирано (на сметка на државата) и пред се работоспособно население.
 
Последно уредено:
Ама пак си зависен од Германија. Не е исто.
па не би рекол, фирмата е америчка така да а и кога би попил отказ додатните работи ми носат околу 1200-1300+ еур месечно. На крај од денот не можат ни политичарите да го користат како аргумент за нивната работа враќањето на рандом особа како мене исто како што не можат ни заминувањето да им се препиши само нив. Да си игра улога, но ниту еден политичар не е крив што Трајче (изменето име но реал-лајф особа и случка) не сакаше да работи било што во Македонија, дури и позиции кои беа добро платени со топ потенцијал како помошник мајстор или било што, ами сакаше да седи по кафичи и да глуми мафијаш, а во Германија чисти клозети и врти плескавици и пак месечно крај со крај врзува, затоа што тие 3000 еур шо ги заштедил морало во Мкд да се фукнат кога ќе дојди да го видат дека има, дека не пошол за џабе во Германија.

Темата е премногу индивидуална и комплексна и може да се одлучи само со читање вистински искуства на луѓе кои заминале и кои се вратиле. Играат доста фактори, например некој со имот во Охрид, Битола, Скопје има поголеми шанси да се врати во Мкд отколку некој од Пробиштип, Кочани или Виница.
Германија прави разноразни статистики на тие што се доселиле и отселиле, како парични примања, колку придонесувале во општеството, дали имале бизнис, какво образование имале итд итд се со цел да се добие поголема слика. И според тие статистики моментално во Германија грото се населува население без никакво образование со мал придонес према општеството од земји од кои тешко ќе оди интеграцијата, а се иселуваат најчесто луѓе со мали бизниси, високо образован кадар и најчесто етнички германци
 
Gledaj go kako remote rabota. I sega imas mnogu vo mk shto rabotat remote.

Па да ама прават споредба на Германија со Македонија со Германска плата тука, нека прават со Македонска према стандардот па ќе видиме дали ќе гледаат потенцијал и дека подобро се живеело тука. Приказните се повратници се смешни, 5 од 100 души дали ќе се вратат
 
Секој сам си го крои животот мене нит некој ми дал нешто ниту ми поклонал, сум работел напорно за се ова што имам, кога имам прилика да извадам максимум од финансиите, зошто да давам 40% од платата за Фатима и Мухамед да земаат киндергелд и социјално, а останатите 30% да му плаќам на Ханс кирија за да си го лади во Тајланд, кога можам само со 10% давачки да поминам. А како активист во македонско дијаспорско друштво (уште сум доста активен ако веќе не живеам таму) можам да ви кажам дека барем во Германија околу 25-30% од нашите "нови" иселеници живеат полош и социјален и финансиски живот него во Македонија и немате појма со какви проблеми и со какви прашања ни се обраќаат. Ова најчесто важи за луѓето кои немаат некое соодветно образование, не знаат уште германски и живеат сами, стварно се чудам како опстануваат со 1800-1900€ плата... И секогаш како дел од нашето советувалиште кога ќе им спомнеме добро човек зошто си ти тука, дали имаш некој план како да се надоградиш како да се развиеш, да стигнеш до поголема плата, друга позиција или слично, климаат со рамењата.
 
Не бе не те осудувам баш и драго ми е што има вакви како тебе што живеат тука и заработуваат добро, но како што реков не е баш релевантна споредбата во ситуацијава. Дека исто така “новите“ иселеници живеат полош живот исто така не би се рекол, 2 плати по 1800-1900 кога ќе споредиш со 2 наши по 500-600 евра за луѓе без скилови ќе видиш каков квалитет на живот имаат тие и овие тука.

2 x 1900 во Германија = 3800 вкупно - 1000 кирија и сметки, 1000 храна пак имаш цирка 1800 за други потреби
2 x 600 во Македонија = 1200 вкупно - 500 евра кирија и сметки, 500 храна и имаш 200 евра за други потреби

Мислам глупо е уопште што и се споредуваме со Германија во поглед на стандард..
 
"Ова најчесто важи за луѓето кои немаат некое соодветно образование, не знаат уште германски и живеат сами, стварно се чудам како опстануваат со 1800-1900€ плата" инаку да тоа со фамилија не се споредува затоа реков самци најчесто. Инаку паровите со деца имаат и те како други проблеми, кои ги решаваат многу често со земање на еден од родители ако е во пензија, но на тие давачки од плата за градинки и школи тоа не смее да биде решение
 
Ова најчесто важи за луѓето кои немаат некое соодветно образование, не знаат уште германски и живеат сами, стварно се чудам како опстануваат со 1800-1900€ плата...
И што е тука причина за чудење?

Таквата „сорта„ од луѓе е иста во својот ментален склоп, небитно дали живее во „нашата земјата„, во Германија или на Марс. Со минимум сретства живееле и овде, пред да се отселат. Едноставно, луѓе кои е т‘нки со образование, имаат т‘нок поглед на светот (и животот) и не ги разбираат рабојќето во сета нивна сложеност, не сакаат да подучуваат и доучуваат, така да едноставното живеење („куќа„-по‘со„) е нивно природно постоење.

Се воздржувам од некој потежок израз кој би го упатил за нив...
 
Последно уредено:
И што е тука причина за чудење?

Таквата „сорта„ од луѓе е иста во својот ментален склоп, небитно дали живее во „нашата земјата„, во Германија или на Марс. Со миниму сретства живееле и овде, пред да се отселат. Едноставно, луѓе кои е т‘нки со образование, имаат т‘нок поглед на светот (и животот) и не ги разбираат рабојќето во сета нивна сложеност, не сакаат да подучуваат и доучуваат, така да едноставното живеење („куќа„-по‘со„) е нивно природно постоење.

Се воздржувам од некој потежок израз кој би го упатил за нив...
и ти си прав, ваквите дури со иселувањето и корист прават во општеството од кое ќе се тргнат
 
Па да ама прават споредба на Германија со Македонија со Германска плата тука, нека прават со Македонска према стандардот па ќе видиме дали ќе гледаат потенцијал и дека подобро се живеело тука. Приказните се повратници се смешни, 5 од 100 души дали ќе се вратат
Одамна има луѓе што работат ремоут во мк и зимаат поголеми плати и од германските на 90 посто од иселениците. Затоа споредбата држи.
 
Замислете одите по факултет, учите, сакате да бидете врвен новинар, да пишувате статии со инпакт фактор, сте млад, полетен, амбициозен.
Но врв на кариерата ќе ви е да шетате со телефонче во рака, да снимате ѓубре, депонии, некосена трава, скршени дрвени клупи и јавни тоалети, алал да ти е дипломата момче, битно викај си ги излапените дедовци навечер и труј го народот со пропаганда.
 
Back
На врв Bottom