Фан клуб - РК Вардар

На секој играч ќе му дадат кола? Или две-три за клуб?
Појма немам.. може е така, а може е само реклама, а фирмата ќе спонзорира парично во клубот. Поупатените може да кажат ако знаат.
 
https://24rakomet.mk/malus-ekipata-me-pravi-podobar/

Клучно и суштинско нешто поради што (Малус избра да е во Вардар), и може да се надеваме на Вардар од шампионскиот период. Она што го нема ниту еден друг клуб... Хемија, лудило во соблекувалната, или како што Милосављев го нарече 'победнички дух'' којшто го вади најдоброто од играчите, а тоа Чупиќ многу добро го знае и затоа е повторно во Врадар.. . Доволно е да имаме еден-двајца (Малус, Лазаров, Валах..., пред тоа Столе, Кара, Дебиров) да го покрене целиот тим... ни претстои... (излишни се зборови)...
 
Естонци ќе ни судат во Франција, а Унгарци во Јане..

Многу убаво работи РК Вардар на маркетинг, социјални мрежи, итн. Да ти е мерак да бидеш дел ова семејство. Кога и ФК би бил 50% од ова, би било супер ќе.

Не би се сложил. Може работат коректно ама ништо повеќе од тоа. Може го имаме тоа мислење дека ги споредуваме со многу моќните од ФКВ...Основно, најава на натпревар и клипче после утакмицата. Ниту се користат инстагарм а посебно тик ток, за да се допре повеќе до младите генерации..погледни некои мали клубови пд регионот какви вицкасти рилсови снимаат, што стануваат вирални... Едноставно чист просек, спореди со едно маалско клупче ко Алкалоид, може и заостануваме зад нив во поглед на маркетинг. Фан шопот не знам дали вреди да се спомне, жалосно е еден ваков клуб и потенцијал да не знае да ти продаде нешто...5 маички со сомнителен квалитет и никаков дизајн, стојат таму веќе 5та година.. никаква понуда ,никаква креативност да ти земат пари.
 
Муабетот ми беше од снимање реклами за спонзори, до редовни најави, изјави и активни постови на социјални мрежи. Тоа дека може уште да се иде напред може , ама воопшто не е лошо , и сигурен сум дека дополнително ќе растеме на тоа поле.
 
Еспиња официјално го напушти клубот? Тргнат е од статистика на РФМ и нема никакви податоци дека игра во македонската лига, до пред 1 недела го имаше
 
Јас се уште верувам дека од Митровиќ може да се направи солиден играч, има одличен физикус и е најдобар српски ракометар од генерација 2004-та. Не може ова да му е врвот во кариерата иако стварно оди на нерви посебно на последниве неколку утакмици. Одлични се трансферите за идна сезона засега, ма да се надевам дека ќе донесат уште еден пикер и десно крило. Посебно десно крило ни е мислам дека најпроблематична позиција, а гледам дека никој од вас не ја спомнува. Воркапиќ е добар пеналџија ама ужасен реализатор од крило и на ова ниво кое го играме годинава, се плашам колку може да покаже он во ЛШ, а ни е прв избор за позицијата. Со Охрид во финалето му ги фатија сите шутеви од крило, 0/3 или 0/4 имаше мислам.
Утакмицата со Монпеље ќе ни покаже најдобро како стоиме со квалитет во однос на најголемите европски клубови. Јас ја гледам како прва утакмица од ЛШ за овој тим, реално Монпеље е тим кој лесно би прошол група таму.
 
Ептен беше ревијална вчерашнава утакмица, во прва брзина ги тепавме :D
Би го издвоил тоа педерчето Николов. Уште на млади години, уште не почнал сериозно да игра, земал се расправа со публика. Се заврте два пати накај публика и пцуеше, откако го направи стартот врз Тузолана. Па се цепаше нешто во стил "ајде симни се, те чекам доле", оди бе легни си мочко еден. Си ја запечати судбината во старт.
Изгледа на неколку од децата на Киро им ова им е заедничка особина.И моменти од типот провоцирање, јачање и цепелини на несигурен резултат за победа( ова последново до сино белата боја на екипите ќе да е:D)...
 
ПОЛОВИНА САЛА РАСПРОДАДЕНА!

За само 24 часа се распродадени половина од билетите за натпреварот против екипата на Монпелје

Цела година се подготвуваме за ова, за овој завршен чин од сезоната и верувајте дека ќе се бориме до крај, онака како што ни налага големината на името кое го носиме.

Вардарци, Ви благодариме и ве повикуваме: време е Европа повторно да ја почувствува атмосферата на полниот ракометен храм!

Продажбата на билети се врши:

•Онлајн

На билетарницата пред салата, секој работен ден во период од 10:00-18:00ч

Купете билет и се гледаме во сала!⚫️
Полни трибини и срце на терен!
 
Само да извадиме активен резултат во Франција , ќе биде лудило у Јане..
 
Уште кога го одби повикот за европско, а главна тема на муабет беше Хориха во репрезентација, напишав дека според мене постои поголема веројатност Малус да заигра за Македонија наместо Хориха. Како минува времето, се повеќе изгледа така.

Инаку Јака е новата икона на Вардар во процес. Дечкото е погодок 10/10, токму тој играч што ни фалеше последните неколку сезони
IMG_8619.jpeg
 
ajde sekoj sho ke prkni vo gordosta makedonska pasosh da mu dajme za reprezentacija da zaigra
 
Back
На врв Bottom