Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 40: @Harry the dog - Не за свадбени прослави, да само за регистрација)

Не за свадбени прослави, да само за регистрација


  • Вкупно гласачи
    51
Друго ми беше идеата со репликата!
Булинг е постојано насилничко и омаловажувачко однесување, ама не е определено со место.
Мобинг се однесува на омаловажување, притосок и....на работно место.
Најдобро е да си користиме македонски изрази, оти вака доаѓа до недоразбирања!
Врсничко насилство се вика тоа, на македонски а не булинг, булинг е англицизам! Си ги измешал лончињата.
 
Врсничко насилство се вика тоа, на македонски а не булинг, булинг е англицизам! Си ги измешал лончињата.
Пријавено за оф-топик..
Штета што не можам јас да ве соберам..

Што е следно?! Да ви цртам која е темата!
 
Интересна тема

Јас сум за ако се најде адекватно решение а не да бидат дечињата игнорирани

Прво - греота се
Второ - немаат избор да бидат поинакви или подобри ако не се посвети внимание во нивниот развој

Не знам, ги нарече вакви-такви, а што да правиме со невоспитаните копита што при здрав памет се понашаат како кучиња со беснило?
Учителите имаат поголеми трауми од нормални ученици, јас да ти кажам.

Копита невоспитани, се надевам дека тие што се тазе родители ќе го променат тоа и ќе имаме во иднина саглам генерации

Последниве 15 год катастрофа генерации, со чест на исклучоци

Многу невкусни изрази искористи, знам дека сакаш и они да бидат згрижени ама некако револтот погрешно го изрази, или?
Автоматски споено мислење:

И добро е што пријавуваш, темава може да се искористи да разменуваме мислења на сериозни теми, а не ко распашана банда да се понашаме
 
Се согласувам со @датум многу со многу погрдни имиња беа наречени тие дечиња на почетокот на темата, не се за ништо криви што се родиле поинакви, и треба да им се пружи шанса да се школуваат и социјализираат.
 
Ронче, ти ако познаеш Даун меѓу Парис Хилтон и типична даунка, ја главава ја сечам!

Ако имаш нешто да кажеш на темата, кажи, вака колку да се тропне нешто..
Автоматски споено мислење:


Не е темата ни едното ни другото! исто @Ocajna

Па сум учел со деца со пречки и ниедно не правело проблеми. Само се сеќавам дека биле малтретирани од "нормалните". Јас мислам дека треба да се отстранат тие од наставата.
 
Интересна тема

Јас сум за ако се најде адекватно решение а не да бидат дечињата игнорирани

Прво - греота се
Второ - немаат избор да бидат поинакви или подобри ако не се посвети внимание во нивниот развој

Не знам, ги нарече вакви-такви, а што да правиме со невоспитаните копита што при здрав памет се понашаат како кучиња со беснило?
Учителите имаат поголеми трауми од нормални ученици, јас да ти кажам.

Копита невоспитани, се надевам дека тие што се тазе родители ќе го променат тоа и ќе имаме во иднина саглам генерации

Последниве 15 год катастрофа генерации, со чест на исклучоци

Многу невкусни изрази искористи, знам дека сакаш и они да бидат згрижени ама некако револтот погрешно го изрази, или?
Можно е! Не дека не се сигласувам со твојето мислење за копитата неваспитани..

Сепак темава не е за нив, туку за оние сироти дечиња, кои не можат да одберат сами, и ради нивните искомплексирани родители кои уште по 10год не можат да се помират со дијагнозата..
Ги буткаат у нормални школи да го прават она што го прават..

Никако не ги окривувам децата!
Системски е воведена инклузијата, и системски им се дадени нереални права на родителите!

Во друг медицински случај, да речеме детето добива апендицитис.. системот, дури и без дозвола од родителот ж(во краен случај) е должен да го спаси животот на детето!
Таму никој не ги праша за стручно мислење!

А замисли една паралела, да имаат такви права и во лекувањето!?
-А неее! Моето дете не е за на психијатар!
За физикална терапија е!

И за чудо и тоа поминува.. така што не даваат да им ги дијагностицираат децата, туку некоја бош комисија им дава мислење за асистент :rolleyes:

(а во пракса детето 10-12год не знае газит да си го избрише, јаде мрсули, прстите или во нос или во уста, и си урла затоа што му се урла и тоа му е природно..)
Автоматски споено мислење:

Се согласувам со @датум многу со многу погрдни имиња беа наречени тие дечиња на почетокот на темата, не се за ништо криви што се родиле поинакви, и треба да им се пружи шанса да се школуваат и социјализираат.
Цитирај ме! Не рекла-казала..
каде и кога сум ги нарекол со погрдно име!?
 
Врсничко насилство чиче тоа секаде го има и претежно го прават деца на други деца, и го има многу во класови каде нема аутистични деца и во мојот клас имаше, во секој клас има такви психопатчиња кои спаѓаат во категоријата "нормални" деца, не се аутисти.
Па да де, тоа се вика булинг. Мобинг е друго.

И микро држава и мала држава е исто. Зборот мало доаѓа од грчкиот збор микрос што значи мало.
 
Јас кога учев основно во соседниот клас имаше слепа девојка, учителката научи да чита и пишува на оние точките за слепи што се и девојката научи да чита и пишува, мислам дека сега работи во Општина Велес ако не се лажам, многу добра девојка е, мирна паметна, зашто да и се одземела шансата да се школува не би имала сега леб да јаде, а сега ете може да живее нормален живот. Не е убаво да се дискриминира.
 
Ништо од црвениот килим...

На темата, се сложувам во Ластовичката, ама од сосема други причини. На дел од овие дечиња им треба посебно внимание, грижа и нега, а во одделение каде има повеќе од 30 деца, ни во постоење на нормални услови наставникот, за тие 40 минути, не може да им се посвети на сите дечиња, и многумина ќе бидат запоставени.

Проблемот е во тоа што основното образование е задолжително, а притоа и овие дечиња уживаат еднакви права, како и правото на образование. Потребен е внимателен пристап на оваа тема, сепак дел од овие дечиња имаат проблем само со перцепцијата и резонирањето, како Рон(че), па сепак си го дружиме. Друга работа, тинејџерите се навистина премногу проблематички, и ги прават сите набројани работи од страна на Ластовичката во неговиот иницијален коментар. Тешко се воспоставува контрола и авторитет, во вакво образование, каде децата имаат многу поголеми права од наставниците, па дури и ова што им го прават е форма на психичко насилство. Да навлечам некоја паралела, знам кои се рамките на темата. Има и хиперактивни деца, кои викаат, скокаат, трчаат и рипаат. Има невоспитани деца. Има и глупи деца и незаинтересирани деца.

На одредена категорија дечиња, несомнено, им требаат посебни услови. Посебно обучени наставници, односно персонал, кои можат да работат со таа мала група на вакви дечиња. Знам дека имаат и моменти каде губат контрола над себе, што можат несвесно да си предизвикаат болка, па и да повредат други деца.

Затоа е битно да се повлече здрава линија, пред се затоа што во „посебните“ има многу категории, подкатегории и категоризации. Оние кои имаат проблем со перцепцијата и резонирањето, не гледам проблем да бидат вмешани со другите дечиња, ама истовремено мора да се лимитира бројот на учениците во еден клас.

Мила Царовска си имаше бубачки во главата. Имам едно признание...уште на самиот старт паднав на нејзниот опоен телешки поглед! За жал ја имам видено и во живо! Додека беше министер, и за труд и за образование, и бев најголем обожавател! Имаше интересна формула за успех: работиш со многу емоција и со малку памет.
 
Јас кога учев основно во соседниот клас имаше слепа девојка, учителката научи да чита и пишува на оние точките за слепи што се и девојката научи да чита и пишува, мислам дека сега работи во Општина Велес ако не се лажам, многу добра девојка е, мирна паметна, зашто да и се одземела шансата да се школува не би имала сега леб да јаде, а сега ете може да живее нормален живот. Не е убаво да се дискриминира.
Ама во нормални држави постојат училишта за слепи ученици, а не учителката да треба да научи знакови и точки за слепи лица.
 
Можно е! Не дека не се сигласувам со твојето мислење за копитата неваспитани..

Сепак темава не е за нив, туку за оние сироти дечиња, кои не можат да одберат сами, и ради нивните искомплексирани родители кои уште по 10год не можат да се помират со дијагнозата..
Ги буткаат у нормални школи да го прават она што го прават..
Па да, родителите мислат дека тоа така е - од денес за утре се менуваат нештата

Кај нас не знам како би се извело тоа, се менуваат учители ко партали а тоа може да влијае негативно врз нивниот развој..

На пример, ако одреден учител има позитивно влијание врз децата а биде сменет поради х причини голема е шансата тоа да влијае негативно на нив

Има тука многу за дискутирање

Никако не ги окривувам децата!
Системски е воведена инклузијата, и системски им се дадени нереални права на родителите!
Добро, за тоа се согласуваме, треба различен концепт а не по старо да си тераме

Во друг медицински случај, да речеме детето добива апендицитис.. системот, дури и без дозвола од родителот ж(во краен случај) е должен да го спаси животот на детето!
Таму никој не ги праша за стручно мислење!

А замисли една паралела, да имаат такви права и во лекувањето!?
-А неее! Моето дете не е за на психијатар!
За физикална терапија е!
Знам, те сфаќам

Пример автомеханичар и продавачка во маркет не може дијагноза да дадат за своето дете со потреби бидејќи не се едуцирани за тоа

Нема кадар кај нас за тоа, треба образовнието од корен да се менува

И за чудо и тоа поминува.. така што не даваат да им ги дијагностицираат децата, туку некоја бош комисија им дава мислење за асистент :rolleyes:

(а во пракса детето 10-12год не знае газит да си го избрише, јаде мрсули, прстите или во нос или во уста, и си урла затоа што му се урла и тоа му е природно..)
Ако идеме до крајности тоа така треба од градинка и да си има систем за развивање и подобрување на состојбата
 
Ама во нормални држави постојат училишта за слепи ученици, а не учителката да треба да научи знакови и точки за слепи лица.
Епа ете научи учителката и приватно сме пријателки, постара жена е сега во пензија е, многу добра посветена учителка е.
 
Ама во нормални држави постојат училишта за слепи ученици, а не учителката да треба да научи знакови и точки за слепи лица.
Ова е тоа Акесо.. Ова е сржта на проблемот!

Имаме соодветни и повеќе од стручни училишта и кадар!
Само на родителите со комплекси им смета "специјално" во називот!
Иако Димитар Влахов мислам дека не го ни водат како специјално, ама нејсе..

Слепите, глуво-немите, дечињата со физички хендикеп се сепак податни за инклузија и еднаквост!
Тоа се дечиња кои чувствуваат! Имаат емоции! Интелигенција! Емпатија...

Сосем поинаку од дечињата со пречки во развојот каде 9 од 10 функционираат анималистички, со најосновни нагони.. за жал. И баш на тие им треба посебна грижа и одвојување..
 
Колку луѓе учеле за да работат со такви деца кажи ми.. тие исклучоци што ги спомена нема вечно да живеат
 
Затоа е битно да се повлече здрава линија, пред се затоа што во „посебните“ има многу категории, подкатегории и категоризации. Оние кои имаат проблем со перцепцијата и резонирањето, не гледам проблем да бидат вмешани со другите дечиња, ама истовремено мора да се лимитира бројот на учениците во еден клас.
Затоа и постојат детски психијатри, клиника, и се..

Нема што Мила, ја, ти или самиот родител да влече здрави линии..

Се знае кој треба да ги влече! Уште во рана детска возраст, треба да се направи опсервација, дијагноза..
Да се седне родителот фино-лепо..
-Слушај мајче! Од ова дрво свирче небива!

Од тука натаму системот/државата треба да води грижа за заштита и благосостојба на овие дечиња..
А не родителот своеволно да ги крши основните права на здрава средина за останатите дечиња..
 
Back
На врв Bottom