Фан клуб - РК Вардар

Настрана од неговата крв и потекло, дечково е ЧЕТВРТИ најдобар стрелец сезонава во француската лига со 151 гол, 60% реализација и просек од 6.29 голови по меч. ВТОР најдобар асистент во лигата со 214 асистенции или 9 асистенции по меч во просек. Многу импресивни бројки за дечко што е роден 2002-ра година во една лига како француската.
Може да се додаде и дека претходната сезона ја завршил како петти најдобар стрелец во првенството со 162 постигнати гола, во просек 5.79 по натпревар, значи ДВЕ СЕЗОНИ ПО РЕД Е ВО ТОП 5 СТРЕЛЦИ ВО ВТОРАТА НАЈДОБРА ЛИГА ВО СВЕТОТ.

Ако значи нешто споредбата, Тузолана кој дојде од истата лига таа сезона имал постигнато 103 гола.

И кога ќе се види самата бројка од 789 постигнати гола до сега во првенство како француското за играч од 23 години делува застрашувачки добро.

Квалитетот не е спорен, останува само да се прилагоди добро на новата средина која за него ќе биде доста различна од претходната, ако успее во тоа ќе биде фантастично засилување.
 
Значи за наредна сезона имаме четири засилувања: Милан Бомаштар, Леон Љевар, Мохаб Абделхак и Матео Фадуил.

Не знам што бидна со Тасиќ дефанзивецот од Динамо Панчево, колку што се сеќавам беше готова работата?

Штета што не донесовме уште еден лев бек и пикер, вака остануваме ептен тенки на тие две позиции со по само еден добар играч, евентуална повреда на Мечка или Љевар ќе ни биде голем проблем.
Да Силва, Јанковски и Анастасовски не се ниво за Лига на шампиони.

Инаку Михо изјави и дека за наредна сезона има повеќе од 20 екипи со над 15 милиони евра буџет и со нив не можеме да се бориме, нашите амбиции ќе бидат да одиме чекор по чекор и ако може да стигнеме во топ 10 екипи во Европа.
 
So Faduil sme i te kako mnogu posilni. Mislam deka povekje nikoj nema da zali po Jasuhira ili Bono posle nego. Se nadevam ke uspeat da dovleckat uste eden kvaliteten piker i eventualno lev bek ili defanzivec. Idealno bi bilo i Uros da ide out, ali najverojatno ke gurame nekako so nego... osven ako go doneseme Guri :LOL:
 
Последно уредено:
Значи за наредна сезона имаме четири засилувања: Милан Бомаштар, Леон Љевар, Мохаб Абделхак и Матео Фадуил.

Не знам што бидна со Тасиќ дефанзивецот од Динамо Панчево, колку што се сеќавам беше готова работата?

Штета што не донесовме уште еден лев бек и пикер, вака остануваме ептен тенки на тие две позиции со по само еден добар играч, евентуална повреда на Мечка или Љевар ќе ни биде голем проблем.
Да Силва, Јанковски и Анастасовски не се ниво за Лига на шампиони.

Инаку Михо изјави и дека за наредна сезона има повеќе од 20 екипи со над 15 милиони евра буџет и со нив не можеме да се бориме, нашите амбиции ќе бидат да одиме чекор по чекор и ако може да стигнеме во топ 10 екипи во Европа.
Тоа за Тасиќ сигурно беше шпекулација прочитана од форумов :D
Убаво ќе ни дојдеше, како и да е...

Доста кратки остануваме на некои позиции. Браво за французинот, сигурен сум дека ќе биде топ играч. Мене повеќе ме плаши арапот на десен бек, дека ќе излезе некој проблематичен тип. Дај боже да грешам, ама не сум задоволен како го решивме тоа прашање.

Исто на пикер, ако можеа да го донесат Стојковиќ, ќе беше добро. Не сум сигурен дали ќе го задржат Анастасовски.

Лево исто така остануваме кратки. Сите бекови ги набркавме, сигурно нема Кавада и Танкосен да играат некаква улога.
 
За Тасиќ требало да се плати. Играчот бил договорен, ама не и цифрата за која требало да дојде затоа што бил под договор до 2027. И така пропаднал на крај... :toe:
 
За Фадуил е платена оштета, не баш мала оштета, пресудна била желбата на играчот да дојде во Вардар и да игра ЛШ, за Тасиќ побарале преголема оштета и поради тоа и договорот пропаднал... Мислам дека ни фали уште еден лев бек повеќе од пикер, можеби ќе искочи некоја варијанта за уште едно засилување, ама и вака екипата и повеќе од солидна, само новите играчи да се вклопат и ќе биде добро.
 
Фадуил може да игра и на позиција лев бек , па верувам дека и тоа е искалкулирано. На централен и лев исто така може да покрие и Да Силва. Проблем е десниот бек , остануваме само со Абделхак. Не знам што треба да се случи за Митровиќ да се оправи :D. Проблемот доаѓа ако недај боже се повреди Абделхак ондак работата ќе биде ептен климава како и годинава на десен бек. А може и Михо си игра мајнд гејмс со конкуренцијата. Ќе видиме. Убав ден денес:) Идеме по 4 победа против Алкалоид во последниов месец и пол. Само јако !
 
Како шо можи и Малус.
Изгледа Чупко готви ран н ган постава Малус - Фадуил - Абделхак, нормално со Мечка на линија.
Во подкастот на Екипа, на некој начин најави таква игра, кога ја критикуваше спората игра на Загреб која не минува веќе во ЛШ.
Во секој случај ако мисли дека за 40% сме појаки во напад, јас пак ќе констатирам дека слободно за 20% сме послаби во одбрана со заминувањето на Димче.
 
Back
На врв Bottom