- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 2.160
- Поени од реакции
- 12.001
Може да се додаде и дека претходната сезона ја завршил како петти најдобар стрелец во првенството со 162 постигнати гола, во просек 5.79 по натпревар, значи ДВЕ СЕЗОНИ ПО РЕД Е ВО ТОП 5 СТРЕЛЦИ ВО ВТОРАТА НАЈДОБРА ЛИГА ВО СВЕТОТ.Настрана од неговата крв и потекло, дечково е ЧЕТВРТИ најдобар стрелец сезонава во француската лига со 151 гол, 60% реализација и просек од 6.29 голови по меч. ВТОР најдобар асистент во лигата со 214 асистенции или 9 асистенции по меч во просек. Многу импресивни бројки за дечко што е роден 2002-ра година во една лига како француската.
Ако значи нешто споредбата, Тузолана кој дојде од истата лига таа сезона имал постигнато 103 гола.
И кога ќе се види самата бројка од 789 постигнати гола до сега во првенство како француското за играч од 23 години делува застрашувачки добро.
Квалитетот не е спорен, останува само да се прилагоди добро на новата средина која за него ќе биде доста различна од претходната, ако успее во тоа ќе биде фантастично засилување.



