Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Ако одзумираш малку и ја видиш политиката и изјавите на Иранците пред војната, и ако ги погледнеш истите во текот на војната и после примирјето, ќе забележиш голема разлика во конзистентноста на ставовите. Особено последните неколку денови.
Можеби рано е да се кажи, но изгледа таму нема капетан на бродот, т.е. има повеќе капетани.
Колку повеќе време му даваш на таков брод, толку во полоша насока оди.

Не само тоа, наводно политичкото крило е изолирано и сега во целост револуционерната гарда презема контрола во Иран и ги прекинува преговорите од страв за покажување слабост а со тоа и куражење на внатрешните центри на отпор и општото мнение во земјата.
Исто така на блокадата на Хормуц од тие комуникации што се појавија ги повикуваат со Sepah navy што е морнарицата на иранската револуционерна гарда а не иранска воена морнарица. Тие ги контролираат комплетно арсеналот со проектили и сите паравоени формации во соседните земји. На ова ако се додаде дека регуларните вооружени формации во Иран не беа цел на досегашните воени дејствија, де факто мулите се борат за опстанок внатре во Иран и се консолидираат заедно со милициите во поголемите градови. Се што прават моментално е поради внатрешнополитички цели и примарно борба за преживување како структура. Дотука стигнаа јенките, сега не смеат да дозволат да куртулат мулите.

Можеби рано е да се кажи, но изгледа таму нема капетан на бродот, т.е. има повеќе капетани.
Колку повеќе време му даваш на таков брод, толку во полоша насока оди.
Ако капетаните имаат иста идеологија тогаш како ќе оди ситуацијата?
 
Ако имаа иста идеологија немаше да имаат различни ставови.
Чуварите на револуцијата и Армијата имаат различни ставови бидејќи кога пробаа да ја радкилано-исламизираат армијата овие им вратија многу остро. Затоа НГШ на вооружените сили е од Чуварите на револуцијата (гардата како што ја викаат), а не од Армијата.
 
Како дојде до инфо дека има раскол помеѓу ..... во Иран?

Гледам дека овие од Епштајн коалицијата интензивно работат на создавање информативен хаос (порано ПсиОп) ама инфо дека постои раскол се-уште има само на каналите на Епштајн коалицијата од други извори таква инфо и нема баш.
 
Освен што запира по една војна неделно, а отвора некоја друга за „компензација„ на затворената, Доналд д‘дак станал и (многу)милостив...според него самиот...:eek:

Не можам да дознаам дали на помилуваниве тетки ќе им биде позволено носење „миничи„ секако од страна на многумилостивиот, не од имамот Ирански.
 
Како дојде до инфо дека има раскол помеѓу ..... во Иран?

Гледам дека овие од Епштајн коалицијата интензивно работат на создавање информативен хаос (порано ПсиОп) ама инфо дека постои раскол се-уште има само на каналите на Епштајн коалицијата од други извори таква инфо и нема баш.
Не е раскол туку несогласување околу преземање на акција. Овие од чуварите на револуцијата се прави шехиди, додека од армијата се најрегуларни и доколку не ги нападнеа како сега немаше да реагираат. Информативен хаос е само дел од PSYOPS ама изгледа од телеграм и Х ти отупел мозокот.
 
OK, не е раскол само несогласување, чувари на револуција - шехиди, а војската им е без реакции, но и понатаму останува прашањето ова го имаш некаде прочитано/слушнато или самиот дојде до тој заклучок?
Мене ми отупел мозокот од ... ти каде се информираш имаш нешто посебно?

Според тебе кој на крајот ќе биде поразен/победник?
 
Од 1979 година едните на другите си прават "проблеми" со цел на стават свој НГШ кој ќе ја тера водата нивната воденица (кратко кажано), а до сега им успева за Чуварите на револуцијата.
Победник во ова војна ќе биде САД ако успеат во намерата да ги истоварат маринците кој имаат ефикасен дострел со сите орудија до 500 километри од плажите и така иранците да ги концентрираат своите сили на нив. Не за џабе ги концентрираат А-10 и Ф/А-18 бидејќи со нив ќе дејствуваат како поддршка на тие маринци кој ќе се истоварат таму, а има два начини како можи тоа да го направат, едниот е да одат со десантни чамци до плажите (D-Day сценарио) и другиот кој можи е и најреален, а тој е да ги користат хеликоптерите од корпусот на маринската авијација за да ги истоварат некаде на брегот и од таму да почнат со дејствување и ширење. За целото ова време веројатно ќе исфрлат специјалистички тимови од корпусот на специјални воздухопловни сили кои веројатно ќе имаат задача да извршат пребарување на теренот за писти на кој треба да слетаат C-130 за да го бараат ураниумот кој е скриен во планинските бункери на ист начин како што го евакуираа пилотот.
 
Добро сценарио... ама само за Холивуд.
Имаш google earth погледни картата .... ќе заглават во првите клисури .... добро знаат америте и русите што афганистанците им правеа по планините, Иран не е рамна пустиња како Ирак па да одат во широк фронт, ќе трпат поголемки жртви во мали препади. Можда ќе имаат некој мал успех на почетокот ама отпосле почнува хоророт откако ќе бидат навлечени внатре.
 
Back
На врв Bottom