Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Ај Хјуман, Менетил и ред други си ги знаеме - наши се
Може и да се разбереме, да не се согласиме и да размениме мислења
Постои некоја доза на почит секако

Овој папагалов со ЧатГПТ зошто не е баниран до сега, не разбирам?
 
Што ти значи секта гнасна да дојде на власт некаде.
 
И како ова ги оправдува злосторствата на американските терористи? Дали ти ако носиш транспарент со натпис "Убиј ме", стануваш легитимна цел и може да те убие било кој без никакви последици?
 
Во никој случај.
Меѓутоа, "училиштето" било дел од воен комплекс, буквално внатре во периметарот на комплексот, ете сосе набљудувачки кули. Всушност, до пред извесно време, таа зграда од комплексот била користена од војската. Пренаменета била во училиште. Треба да бидеш болен за да направиш такво нешто.

Пишав и претходно, вината е и кај Американците, заради недоволно разузнавање.
Не им е првпат да рокнат воен објект полн со цивили.
 
Ништо и никогаш нема да оправда вакво нешто, меѓутоа треба да земеш во предвид дека мулите откако ги отсекоа комуникациите во земјата знаат дека јенките во внатрешноста се базираат на SIGNIT и со тоа се набедува дејствување на целта. Тоа го велам затоа што ако лани без око да им трепне ликвидирале 1639 свои граѓани, ова не би им тежело нешто многу на совеста.

Види, ако навистина им дошло да прават добрини по светот, зошто првин не почнат од својот двор? Да расчистат со наркомани, бездомници, криминалци, шоплифтери, масовни престрелки по училишта? Потоа да се префрлат во Мексико и да се пресметаат со нарко-картелите и да го спасат мирното население од злосторствата на нарко-бандите? Или да одат на Хаити и да го заштитат тамошното население од локалните силувачки банди, чии жртви се и деца? Наместо тоа, тие се упатуваат на другата страна на светот, на Источната Хемисфера во Иран, да оправаат криви Дрини, кој сосем случајно, нели, како и Венецуела, се матични држави на две од Седумте сестри?

1776267733666.png
 
Последно уредено:

Ево ликвидирале 1639 граѓани. И како Доналдињо им помага на граѓаните? Со тоа шо ликвидира уште повеќе? Најгнасно нешто ми е кога западот ќе подложи на санкции цел еден народ затоа шо народот бил под стегите на некој режим. И шо е поентата на таквите санкции? Да го уништиш истиот тој народ затоа шо недоволно страда? После следува другата етапа- воена интервенција во која истиот народ уште повеќе страда.
Страдаат дечиња,старци, жени во име на шо? Да не се залажуваме на Доналдињо единствено шо го интересира е нафтата и контрола на истата. Тука е и Епштајн аферата. Ционистите го држат за мадиња. Мислев дека после Бајден нема шанси САД
да добијат помрднат прецедател ама изгледа сум згрешил во проценката.
 
Што со овие? Не се режим според САД?
 
Мислам дека примарна цел е да се онеспособи Иран да развие нуклеарно оружје, пола век докажуваат дека се спремни буквално на се и ова што се случува сега станува очигледно дека на некој начин се реализира со консензус (САД,РФ,НРК). Секундарна цел би била регионална стабилизација, терцијарна нафтата. Нафта имаат во Јужна Америка сега јенките за некој 20+г, така да не е тоа на менито главно јадење.

Обама склучи договор со мулите и добија огромна помош, сите тие средства завршија во програмата за ќе убиваме и ќе уништуваме, имаше изјава од Марко Рубио дека еден пат не е направен не па нешто друго со таа помош. Го толчат сопствениот народ веќе 50г безмилосно, имаат нафтена индустрија а од тоа освен режимот и таа забегана програма за ќе убиваме и уништуваме никој друг во Иран не гледа фајде. Иранците се дигнаа да изразат незадоволство и ги покосија, истото и Трамп го изјави-дека е бесполезно да излезат на демонстрации само да бидат покосени пак од мулите.
Лесно е да говориш за режим се додека не си поминал време во земји каде буквално пет пари не вреди животот и за ситници се убиваат луѓе на улица и никој не смее да бекне за тоа. Така да од аспект на обичниот Не можеш никако да го споредуваш моментално Иран со КСА и ОАЕ од аспект на лични права и слободи, уште помалку од економски аспект, квантен скок направиле за разлика од мулите. Далеку од совршено, ама па има градација.
Точно гинат цивили како колатерална штета и тоа засега никој не знае во колкав број се тоа како резултат на воените дејствија од страна на САД и Израел, ама па мулите пепел го прават народот за ништо, ова може ќе вроди со нешто.

Јас не само што ги поддржувам, сметам дека треба да одат до крај и да се интервенира на копно се додека не се изнуди комплетен колапс на режимот на мулите, затоа што ова може ќе купи некои макс 10г додека забеганата клика не почне пак да си тера по своето, на пола пат не се застанува.
 
Ќе вроди како што вроди во Либија и Авганистан. Зарем веруваш на некој што застанал во аналната фаза (kiss my ass) при својот развој и во неговите искрени намери пропратени со примордијални тантруми?
 
Може пак Иран ќе заврши како Кралството на Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.
 
Види, ако навистина им дошло да прават добрини по светот, зошто првин не почнат од својот двор? Да расчистат со наркомани, бездомници, криминалци, шоплифтери, масовни престрелки по училишта? Потоа да се префрлат во Мексико и да се пресметаат со нарко-картелите и да го спасат мирното население од злосторствата на нарко-бандите? Или да одат на Хаити и да го заштитат тамошното население од локалните силувачки банди, чии жртви се и деца? Наместо тоа, тие се упатуваат на другата страна на светот, на Источната Хемисфера во Иран, да оправаат криви Дрини, кој сосем случајно, нели, како и Венецуела, се матични држави на две од Седумте сестри?

Прегледај го приврзокот 474901
Никаде не реков дека се тргнати да прават добрини, ниту некогаш сум рекол.
Секојпат ги сместувам во категоријата како и останатите сили кои постапуваат од позиција на моќ.

Односите меѓу државите и борбата за интереси не разликуваат добро од лошо. Не постои такво нешто на ниво на држави.
Ако постоеше немаше да бомбардираат режим од едната страна на заливот, а да поддржуваат друг од другата страна.
 
Ништо и никогаш нема да оправда вакво нешто, меѓутоа треба да земеш во предвид дека мулите откако ги отсекоа комуникациите во земјата знаат дека јенките во внатрешноста се базираат на SIGNIT и со тоа се набедува дејствување на целта. Тоа го велам затоа што ако лани без око да им трепне ликвидирале 1639 свои граѓани, ова не би им тежело нешто многу на совеста.
Ова просто не е вистина, ако имаме во предвид дека Израел им убива научници во последните десетина-петнаесет години. Разузнавањето им е солидно.

Во најблаго можно сценарио не се координирани. Но и тоа не верувам да е веројатно. Вакви операции се прават за да населението се подели и антагонизира. Имаше случаи кога имаше убивање на деца во школо во Хрватска, на почетокот на непријателствата.
 
Back
На врв Bottom