Темата е дека треба да го бараме рациото а не љубовта. Идеално би било кога рациото и љубовта би се поклопиле, но тоа у пракса е ретко. Рациото е умствената, свесната категорија а љубовта е биолошка категорија. Љубовта е коктел од хормони и други разни чуда што ги лачи телото и нивното влијание на мозокот е еднакво на влијанието на дрога. Затоа, заљубен човек е = на наркоман, и двајцата прават не рационални работи, работи што не би ги направиле ако не се издрогирани, едниот со хормони а другиот со прашок. И давјцата се би направиле за дрогата, едниот за љубената другиот за прашокот. И двајцата се зависници и кризираат и може да се обесат кога им ја нема дозата, едниот кризира оти мозокот му ја бара дозата допамин што се лачи кога ке го гушне љубената а сега ја нема оти му се скарала, а другиот кризира оти му ја нема дозата бидејќи нема пари и дужи кај дилерот...Ако земеме да ја аплицираме биологијата на све у човечкиот живот тогаш кај ќе ни биде крајот. Кај е тука спиритуалната компонента, љубов, чест и т.н.
Тоа може би е и вистинската причина зошто некоја и покрај тоа што знае и гледа дека дечкото е насилен, коцкар, алкохоличар... сепак го бира и останува со него, таа е наркоман зависен од љубовта т.е. од хормоните кои и ги лачи телото. Трпи ќотек, понижување, вреѓање.... се само да ја има дозата хормони од која е зависна. И тука нема разлика, исто е и за машките, се чудиме како некој трпи некоја која му се качува на глава, му го сјебува животот, го изневерува.... па трпи оти е издрогиран, зависен е и не може без неа.
У контекст на темава, значи треба да се уклучи разумот, рациото.. да се размисли дека таа ,,љубов,, е токсична, ке ја уништи.... и колку и да е привлечнаа таа доза, треба да се заобиколи...