Јапонски модели на клими и топлински пумпи

  • Креатор на темата Креатор на темата Џони_
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2026
Мислења
16
Поени од реакции
12
Споделете ваше лично искуство за клими и/или топлински пумпи од јапонските брендови како Daikin, Mitsubishi, Toshiba... и остали јапанци.
Дали се добри за греење/ладење, дали ја оправдуваат високата цена?
 
Последно уредено:

Да се информираш каде се направени,не значи дека ако носат име од јака јапонска фирма дека се јапонски,сега јапонски компании за клими,автобуси има и во турција,сигурно дека квалитетот нема да биде јапонски.
 
Дали Daikin произведен во Турција или Чешка е копија или е оригиналниот производ?
Јас сепак мислам дека е оригиналниот вистинскиот производ произведен во вистинската фабрика на Даикин и тестиран во нивна лабораторија.

Еве видео од едно такво тестирање

Јас имам две Mitsubishi Electric средна класа модели AP35 и AY35 и сум задоволен како работат. Ефикасни и тивки, немам мерења да потврдам ова што го зборам затоа што сум fire and forget тип, битно сметките се нормални а домот стоплен/изладен. Единствена негативна страна е цената.

Пази само има и друг бренд Mitsubishi Heavy Industries, овие се сосема друга компанија и они имаат клими. Со нив немам искуство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom