Величковски: А зошто толкава грижа што ќе се случи со СДСМ (ВМРО-ДПМНЕ или било која традиционална партија воопшто)?
Ова прашање (ви) го поставувам најмалку од аспект на
#НоваРепублика.
Триесетина години гледаме дека ниту СДСМ негува социјал-демократија (ја спроведе познатата приватизација) ниту во ВМРО-ДПМНЕ се негува конзервативизам (туку се субвенционира “на ангро”).
Левица(та) е вокално интернационалистичка и показно шовинистичка, а “либералите” и “нво-прогресивците” само се потврдија како преоблечена социјалистичка “елита”.
Сите ги имаат четирите заеднички елементи:
1. Сите се неавтентични за Северна Македонија бидејќи инсистираат на континуитет на минатото сведено на лажниот избор “ВМРО или КПМ”.
И со тоа инсистираат на рефлектирање кон просторите на државата Југославија и регионот Македонија што е некомпатибилно со независната Република.
2. Во сите нив се распоредени деца на (децата на) социјализмот и старите поделби (врховисти/централисти/федералисти, белогардејци/комунисти, партизани/четници/балисти…)
3. Кај сите нив македонизмот е идеолошка одредница кон ВМРО или КПМ – за да го спречат слободниот Македонец да гарантира слобода и рамноправност себеси и секому во независната Република.
4. Сите тие флертуваат со МПЦ-ОА, третирајќи ја според југо-комунистичката матрица и православно-исламистичката коалиција по руски и блискоисточен модел.
И и’ го хранат етнофилитизмот за да ја стават во функција на шовинизмот скриен во овие партии. На штета на црквата и верниците.
Ако секуларноста е одвоеност на црквата од државата, кај нас секуларноста ќе значи и одвојување на државата од црквата.
За сите овие партии вештачка е дилемата дали се атлантисти или европјани.
Комунистичкиот извор споен со:
- микс на шовинизам и религија,
- удб/кгб-овско “пазарно” стопанство,
- одбивност кон владеење на правото, и
- грант-фондациска идеологија
сите нив ги прави доволно ориентални.
За Северна Македонија да не биде дел од евроатланскиот пристап кон Источниот Медитеран, туку да се врати БЈРМ како дел од Источниот Медитеран. Односно од Блискиот Исток.
Интересно, сите горенабројани партии се редовни корисници на грантовите на штифтунзите за целото ова време. И колку поприсутни “Ф.Еберт”, “Ф.Науман”, “К.Аденауер”, “Р.Луксембург”… толку повеќе Северна Македонија се оддалечува(ше) од ЕУ и добива(ше) Блискоисточни карактеристики.
Затоа прашањето од насловот не е во функција на една политичка партија.
Туку во функција на заклучокот дека распадот на она што денес значи начин на функционирање на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и било која традиционална партија во Собранието е гаранција за ЕУ интеграција на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија.
Ако не и за самото одржување на македонскиот народ и нацијата.
Зарем е случајно што ниту една од тие партии не смее да ја спомене разликата меѓу народ и нација?