Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.505
- Поени од реакции
- 28.311
Крајно време е да го забележиме слонот во собата.
Уште од сам старт да разјасниме 2 работи:
1. Насловот е намерно во наводници. Примарната цел на темата не е осврнување исклучиво на класичната хибристофилија, иако секако може да се коментира и за тоа. Тој термин во темава го проширувам на тенденцијата кај жените да се ложат на агресивни мажјаци. Таа агресија може да биде физичка, која може но и не мора да значи дека водела кон судир со законот, но исто така таа агресија нема да ја ограничиме само на физичката туку и на менталната.
2. Знаеме во каква држава живееме. Под а) Секој малку нормален знае дека кога има ескалација на ваквите случаи државните органи, пред се полиција и правосудство се тотално неспособни. И под б) никој нормален не смета дека жртвата го заслужила тоа. Не сме тука да дискутираме или да ги апстинираме ни злосторниците ни органите, најголемата одговорност е нивна.
Делот во болд е оној што сакам да биде прочитан пред да се коментира.
Она што се случува во секојдневието на оваа тема во потесните поим физикото насилство врз жени, а во поширокиот ложењето на жени кон токсични мажи е мозаик или сложувалка со парчиња. Едно парче од тој мозаик е и тоа што е во насловот на темата. Скоро сите други парчиња од тој мозаик јавно се дебатираат, ама ова е забрането. Во коментарите на социјалните мрежи обични индивидуалци знаат да се осврнат на тоа прашање, но на поофицијално ниво медиуми, организации и индивидуи со значајни функции ова прашање е табу тема.
Главната причина е веднаш лепењето на етикетата "victim blaming" и мизогинија што секој сака да ги избегне. Многу слична паралела во политиката е критиката кон Израел. Одма си антисемит, сакаш холокауст и лично си Хитлер. И израелската администрација и феминистичките организации и многу жени како индивидуи веднаш посегнуваат по таа карта отфрлајќи било каква критика или дискусија на оваа тема. Епа затоа ете простор да продискутираме и за тоа.
"Хибристофилијата" на темава ќе ја дефинирам на 3 нивоа каде што првото е најзагрижувачко но и најретко, второто е секундарно по опасност (ама и не многу далеку од првото) но и по случаеви и третото е најбенигно но и има најмногу случаеви.
1. Буквалната хибристофилија каде што жени се ложат на осудени криминалци. Затоа што најмногу сме подложни на америчка култура и медиуми тие случаеви и најмногу ги знаеме. Чарлс Менсон, Ричард Рамирез, Тед Банди добивале стотици писма од жени кои сакале да бидат со нив.
2. Физичко насилство. За жал тука ги знаеме само оние што ќе излезат на телевизија. Да, тука знае како објаснување да се даде-"Ама не беше таков на почетокот". Иако, точно, знаело да има глума на почетокот, таа маска брзо паѓа. Ваквиот тим на мажи не чекаат 6 месеци да го извадат правото светло, туку ситуацијата брзо ескалира. Но, тажното е што доста често, да не се дрзнам па да кажам more often than not уште од старт кога ќе му ја видиш фацата (и под ова ќе му ја видиш фацата подразбирам и буквално кога ќе му ја видиш фацата и метафорично кога ќе го направиш првиот до максимум вториот муабет) јасно е се. Воздржете се тука од а ла мкдвладе релативирања и глупи коментари од типот на: А добро какви се тие фаци што се гледаат на прва, кажи ни да знаеме да се пазиме и ние. Значи на ваков дебилен коментар можам да дадам само дебилна реплика. Сите знаеме што значи тој термин "уште кога ќе му ја видиш фацата" да не губиме време на тоа. Значи точно уште од старт се знае со што се соочуваш.
3. Токсични мажи. Не мора да значи дека секогаш има физичко насилство. Измамници, прељубници, дрски и арогатни кон други луѓе посебно кон тие со перцептивно помал статус (пример келнери, работници со рачен труд итн...), намќори, критичари кон се од партнерката, вечно незадоволни, коцкари, наркомани, пијаници, демначи (на англиски stalkers) (и физички со локација и по телефонот на жена му да види што прави да не го вара), понижување кон партнерката, бирајте има 100 подкатегории. Наместо профили со вакви карактеристики да останат на ѓубриштето и ќорсокакот на прокреацијата, напротив, сите овие делуваат како магнет за жени.
Овие нивоа не се взаемно исклучиви, напротив доста често се испреплетуваат еден со друг посебно 1 и 2.
Зошто е тоа така? Дали може да се смени? Што ние како индивидуалци и како општество може да преземеме? Колку од форумџиите, а посебно форумџиките ќе негираат дека постои патерн и тренд, правејќи се на 3 и 1/2 дека ваквите случаеви посебно од третиот тип се само исклучоци, а вечином жени сакаат културен, воспитан, џентлмен, начитан, интелектуалец? Но пред и над се-Дали критиката кон некого или нешто автоматски значи и омраза спрема тоа некого или нешто?
Овие прашања ќе пробаме да ги одгатнеме со темава.

.
.