PloTwist
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.958
- Поени од реакции
- 29.111
Можам, и ти објаснив и зошто. Аналогија. Со оваа поставеност на правото, поединецот (или родителот) одлучува што да внесе во своето тело (односно во телото на своето дете). Значи не е од аспект на убивање, туку од аспект на она што да правиш со сопственото тело, а воедно и со сопстеното здравје.Не можиш абортусот и вакцинирањето да ги ставиш во исти кош.Кај абортусот се одзема човечки живот. Вакцинирањето е подобрување на одговорот на имонолошкиот систем на конкретна болест.Не знам зошто по тоа прашање би имало двоумење на тема морал?
Еве, не секому му треба вакцина. Зошто би се вакцинирал млад човек за сезонски вирус, кога стапката на смртност е промил, а притоа и ако го фати веројатно ќе помине со блага настинка? Истиот став го делев за Ковид пандемијата. Дефинитивно нема општествена солидарност, можеби се крши и со мојот категорички императив, ама го манифестирав тој став. При поинаква општествена и правна поставеност, немаше да терам инает.
Друг пример, ако јас одлучам дека не сакам да примам волшебен еликсир кој ќе ми го продолжи животот, докторот (или друго трето лице) не смее со сила да ми го вгризне. Не мора да станува збор за лек, може да станува збор за штрајк со глад (затоа што употребив тој збор). Или ако јас не пристапам кон терапија, која можеби ќе ми го спаси животот, докторот не смее на истата да ме присили.
Или многу други сродни правно-морални прашања. Не, со твоите постапки не секогаш правиш потенцијална зараза, но не го надградуваш сопствениот имунолошки систем, што е твој елементарен аргумент. Можеш и да не го надградуваш ни со витамини, нели?
Сакав само, да ти ја испочитувам темата со кратко образложение, да не остане само голиот глас.




