Фан клуб - РК Вардар

Како прво тој Партизан од лани нема да има додирна точка со овој на Раул, тоа бар треба да е јасно. Еден од водечките оперативци на Вучиќ (Мандиќ) го води клубот, така да јасно е дека ако сакаат ќе имаат 2-3 милиони буџет, што е нула во споредба со кошаркарскиот кој има 25. Работата е дали сакаат,а познавајќи им го мафијашкиот мајндсет веројатно ќе биде така да се исперат некои пари на брзина

Второ, тој АЕК им ја направи фората што не им успеа во Скопје со напуштањето на терен. Ќе ги прегазеа 15 раалика да излезеа на терен. И вака ги тепаа у некое далечно Бугарско село у 10 саабјле па изгубија на пенали. Таму у Атина беа малтретирани многу. Али генерално, глуп муабет е и тоа, и припремните утакмици пред сезона каде и нивните добиваа некои наши, ништо чудно и заеднички да штелуваат за уплати. Нашиот и Српскиот ракомет се испреплетени уште од времето со заеднички интереси и ајдуклуци
 
Ама што има да губиме време ние со српски екипи? Нека си ја развиваат они нивната лига. Нема што ние да ги дигаме нив. И што да губиме време со експерименти кои нема шанси да бидат на ниво на СЕХА?

СЕХА имаше многу јак спонзор кој инвестираше во лигата. Не знам кој следел, кој памти, имаше и ТВ емисија СЕХА магазин, кај што се правеа интервјуа со играчи, тренери, и сл. Имаше озбилен сајт со статистики, интервјуа по натпрвери, YouTube канал. Секој натпревар се снимаше со неколку камери. Тоа беше сериозен проекти, со добро организиран Ф4, кој беше на ниво, со настани и сл. Реално тоа беше најверојатно да се шири руско влијаение тука и дека Михо е јак, има врски, па он ја роди таа лига, и беше нејзин претседател до пред нејзин крај. И пак немаше интерес.

Сега нема шанси да биде таков проект. Според мене, губење време е ова од кој ние ништо не би профитирале. А тоа дека Партизан ќе инвестира 2-3 милиони евра, нереално ми звучи тоа, познавајќи го просторов.
 
Наврати се на почетоците на СЕХА какви беа. Најпрво без спонзор, па после со туристичка агенција како главен спонзор. Тек после влагањето на Газпром заличе на нешто.
 
Наврати се на почетоците на СЕХА какви беа. Најпрво без спонзор, па после со туристичка агенција како главен спонзор. Тек после влагањето на Газпром заличе на нешто.
Поентата е дека немаше нешто интерес и кога организацијата беше на високо ниво. Таков спонзор сега што ќе фрла пари во бунар, нема шанси. Плус, со ваква регионална лига ќе се разводенат и домашните натпревари ако играме повеќе натпревари со екипи од нашата.
 
Спонзорства од М-тел, Алта Банка и слични не доаѓаат без обид за протуркување на одредена агенда. Не може главни финансиери да ти се фирми кои практично спаѓаат под државата Србија и да тераш муабети што мајка бараме ние да развиваме српска и црногорска лига или да ти биде чудно што новите играчи ќе ти бидат главно српски репрезентативци.
 
За оваа регионалната лига, нема Вардар право да одлучува. Тука РФМ треба да даде одобрение и има уште три екипи кои треба да дадат согласност, да искажат интерес дека ќе играат.

Неверувам дека тие спонзори на Вардар даваат нешто ептен пари, како и претходните кои беа. Клубот имаше 200 спознори низ годиниве. Луѓе мислеа дека Комерцијална и Тутнска нешто сериозно ќе инвестираат. Да даваат многу пари, подобри играчи ќе се носеа него од Војводина, Слован и француски екипи. Ракометниот свет не е многу широк. Еднa шака менаџери нудат играчи на балкан. Па до кој се има контакт, од тие се зема.
 
Сумата што во моментов ја дава Алта Банка е поголема од целосниот вкупен буџет на екипите од плејаутот сезонава, не биди баш толку убеден дека се мали пари…
 
Се појави некој муабет пред некое време за дечкото и во меѓувреме одби повик од Словенија... интересно ќе е да се испрати како ќе се одвиваат работите.
I toa vtor pat. Ne bese niti na evropsko poradi nekoja izmislena povreda. Na Slovencite ocajno im trebase sekoj mozen igrac poso bea so prepoloven tim. Interesno i toa mnogu :)
 
Во РК Вардар во моментов овие се главни спонзори и даваат највеќе пари ...

Алта Банка
Ватростална
ВЛТ
МТЕЛ
Моцарт

Другите како Комерцијална , НЛБ , Шпаркасе , Пелистерка , Кемпа се помали спонзори и учествуваат со помали пари ..

Како и дае добро е што има вака повеќе спонзори , тоа значи постабилен Вардар ..
 
Последно уредено:
Значи 3 од 5 главни спонзори доаѓаат директно од државата Србија. Државни пари...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom