Требаше Гласнер од Палас да го донесат после Мареска. Росениор е ништо повеќе од ЛинкедИн типче кој е кадарен писма до Трамп за блек лајвс метер да пишува.
Али донесоа копија на Потер.
Па таа е поентата, Гласнер гледаш дека не е Yes-Man.
Тухел го отпуштија оти не е Yes-Man.
Потер беше Yes-Man, ама многу лошо играа.
Покетино мислеа дека ќе е Yes-Man, ама братот со право се искара со медицинскиот тим и си отиде како господин.
Мареска мислеа дека и он ќе е Yes-Man и беше еден период, ама братот стана Светски шампион и му се качи малку егото, преговараше со Сити и незнам кој беше друг тим позади грб, се искурчи и го шитнаа.
Росениор исто е донесен да биде Yes-Man, немојте да ве лаже неговиот говор по прес конференциите, одличен оратор е.
Шпекулации дека Енцо би можел да напушти. Нормално страва играч. Би им легнал на многу екипи. Посебно на Реал пример. Не ќе жмие со аматери. Ако се сјебани финансиски ќе го шитнат.
И јас да сум истото ќе го направам. Ајде до некаде тука би рекол дека се игра со Жоао, Палмер, Естевао, Каиседо, Џејмс, Кукурела и .... толку.
Се друго е боранија, почни од голманите, продолжи со одбраната дупка, еден не можеш да собереш од сите 6, замените во средина се 3 нивоа под Ензо и Каиседо, немаме саглам лево крило, немаме деветка.
Симеоне нема шанси да дојде тука, тој е луд, ама не е до толку. Мора да си се врати Боули да си земе поголема улога во тимов, тој го почна проектот, неговиде играчи сите се погодени, се после него е утка.
Пак пишам, голман мора, стопер еден мора, шпиц и лево крило додавам сега и плус мора тренер, да престанат овие пропаднати "проекти".
Не може бе еден од најдобрите десни крила упорно да го играш 6ка, еден од најдобрите 6-8 да го играш 10ка или лево крило, одлична 10ка имаме, го играш шпиц (одлично игра Жоао тука, мора да се признае), десното крило го играш 10ка и дуплираш со 2 десетки, Тосин и Бадијашил ги ираш а Ачемпонг со 18 години е подобар од двајцата заедно, прв голман ти е или третиот избор на Барнли или вториот избор на Виљареал (во еден момент првиот и вториот голман ни беа Чех и Куртоа еј, ц ц ц ц).
Тимов нема никаков баланс.
Росениор продолжи да ја игра играта на Мареска што се базира на игра на Гвардиола што и кај него е застарена веќе 3-4 години.
Па гледајте го ќељото, тој воведе на големо лажна 9ка и голман со нога, сега игра со сидраш 9ка и шотстопер голман што има 2 леви нозе.
Кога тренер нема свое јас и своја игра и целосно се базира на друг тренер, тогаш тури му го на тој тренер, а и на целиот тим.
Не ми се ни гледа со ПСЖ, не знам што да кажам веќе.
Ензо брат, ако ме читаш (хехе) со среќа нека ти е, многу повеќе ќе ми е криво ако си отидеш споредено со Маунт пример, ама ќе разберам, не се игра со овакви пропалици, заспан тренер и изгубени спортски директори.