Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ако може судиите веќе да не даваат црвени картони на противничките тимови заради тоа што нашиве и онака не знаат кај тераат а не па со играч повеќе
 
Па сега среќа еднаш, двапати, некогаш и ќе рикне. И она се умори!
Да играш со играч повеќе а да ти е играта како да играш со 5 помалце не е до среќа или несреќа. Денеска одредени играчи беа чиста мизерија, нула придонес за тимот.
 
Колку е итно Далот да се рита толку е итно и Угарте да се рита, аматер боље игра од него.
 
Д Н О !!!! Колективно нека се самоубијат !!! Не сакам да критикувам но имаме исклучително НЕИНТЕЛИГЕНТНИ фудбалери, само видете ја ситуацијата на Јоро толку не треба да се коментира друго.
 
Заслужена победа на Њукасл, тие изгледаа дека се со играч повеќе, не ние. Физички доминантни, по организирани. Мбеумо на полувреме требаше да го извади, не знам што чекаше до 70 и некоја. Каземиро штом излезе отиде играта во неповрат.
 
Не заслуживме ништо од мечов. Надиграни и надтрчани од 10 души, 2 гола ни шибнаа со играч помалку.

Ептен не сакаше спортската среќа откако дојде Керик, реално ќе беше премногу и ова да го добиеме.

Играта ни останува многу лоша и стално се вадиме на индивидуални потези од неколку поединци. Можеби резултатите не залажаа малку дека сме се стабилизирале, ама реалноста е дека ќе биде пеколно тешко до крај за ЛШ.

Тимов е истиот од првиот дел од сезоната и како ќе се зголемува притисокот на нив, така очекувам да се губат се повеќе и повеќе.
 
разлика помеѓу eкипата со прав тренер и екипа со ванаби тренер...
 
Да играш со играч повеќе а да ти е играта како да играш со 5 помалце не е до среќа или несреќа. Денеска одредени играчи беа чиста мизерија, нула придонес за тимот.
Муабетот ми беше за некои претходни утакмици, е сега на чавките им се насмеа среќата.
Да бидеме искрени, ако фатиме ЛШ на коњ сме.
 
разлика помеѓу eкипата со прав тренер и екипа со ванаби тренер...
Кој не врати во некоја нормала. Каква сељачка фан база. Заслужи да победи Нјукасл денеска и тоа е тоа. Некако уморени делуваа нашиве...
 
Поразот беше прашање кога не дали, како што реков битно е да стегнат заби и да ја одиграат мужки следниот против Вила.
ПС немаме тим за Европа поголем дел од играчите беа млитави и јадни.
 
Сосема заслужено, честитки за Њукасл.

Дечки ништо ново не е ова што денес го гледаме, се спрема веќе долго време, имавме фудбалска среќа до сега. Се разбира дека и играчкиот кадар е слаб, поготово оние што влегоа, но тоа не е пресудно. Жива мизерија.

20 минути играат со играч помалце, играат и трчаат повеќе овие се влечат ко црева без идеја. Нападот се сведува на индивидуални потези, нема структура никаква.

Добро приземјување е ова, но верувам ништо нема да се смени посебно у наредниов период, па ќе тргне накај лошо работава.
 
Нема врска со среќа или несреќа утакмицава, ова беше тотален аматеризам. Од сите кои влегоа да играат на натпреваров на 2-3ца може да им се даде позитивна оцена, се друго беше мртво. Денес сите очекуваа од Бруно да акне некоја од неговите топки, куп фудбалери пизди кои не само оваа туку и предходните натпревари никако не можат да направат некој исчекор во кариера и да превземат одговорност. Ебате тоа фубалерите, подај на Бруно он нека му ја мисли.
 
Кој не врати во некоја нормала. Каква сељачка фан база. Заслужи да победи Нјукасл денеска и тоа е тоа. Некако уморени делуваа нашиве...
Њукасл имаше 9 утакмици изиграно во Февруари. Играа со играч помалку. Ние 100% поставивме некој рекорд по изгубени утакмици со играч повеќе. Прво со Евертон, потоа со Њукасл. Ова е сериозен проблем, средината веќе неколку утакмици по ред не игра ништо. Затвори го Бруно, и нема кој гол да даде. Срамен, срамен пораз. Екипа со играч помалку, 2 гола да ти даде, нешто сериозно не е во ред.
 
Back
На врв Bottom