Атентатот на Киро Глигоров - Нови сознанија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Harry the dog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 ноември 2010
Мислења
327
Поени од реакции
826
Од 1995та до денес сеуште случајот не е решен. Во атентат на Улица Македонија, Претседателот Киро Глигоров е тешко повреден, додека неговиот возач и еден случаен минувач биле убиени. Две емисии излегоа деновиве (баш завчера ми искочија на фид на јутуб) за атентатот по повод 30 годишнината од атентатот. Соговорниците се луѓе што биле инволвирани во истрагата од МВР и работеле на случајот на терен (веќе пензионирани). На кратко, новите информации што ги споделуваат се дека знаат кој е извршителот и нарачателот, дека доставиле докази, но дека органите на прогонот не постапувале по доказите што они ги оставиле:

- Нивното основно тврдење е дека инспираторот и извршителите се од внатре - Македонија (Џинџич сценарио).

- Двајцата тврдат дека нашите државни органи имале информации за тоа што се случило, им биле доставувани докази и искази, но дека истрагата била активно попречувана/пренасочувана во грешна насока. Некои од доказите што ги оставале, подоцна им се менувани (на еден од нив потписот му го фалсификувале).

- Нарачателот (според еден од инспекторите) бил директор на разузнавање што пред атентатот бил сменет, бидејќи бил инволвиран во некоја нелегална зделка за која Глигоров знаел. Кога дознал дека ќе биде сменет, тука му се родила идејата за да го изврши атентатот (тоа им е предпоставка за мотив).

- За време на истрагата, откриле осомничен кој кај себе имал 17 туби змиски отров (што се чуваат под посебни услови) што предпоставуваат дека биле наменети за Глигоров. Тоа бил еден од плановите за атентат против Глигоров, освен тој со автомобил бомба. Според тврдењата на осомничениот, кога бил испрашуван во МВР, 2 од тие туби им ги дал на двајца тогашни пратеници во собранието на Македонија. Кога осомничениот со тубите бил уапсен, кажал дека работел за шефот во државна безбедност, и кратко по апсењето истиот исчезнал.

- Имало изјава во обвинителството од помагачите, но по неа не се постапувало.

Спомнуваат и други работи, али се малку криптични. За жал не спомнуваат имиња, али сакаат да го охрабрат обвинителството и органите да постапуваат по тоа што го доставиле. Не спомнаа конкретно колку луѓе се инволвирани, али оставија некакви насоки (основна дека извршителите се наши). Дали овој случај ќе биде решен конечно или ќе се остави се на шпекулации и теории? Времето ќе покаже. Ја бев доста мал кога се деси ова, али и после толку време треба да се позанимаваат оние кои се одговорни. Ако сакаме Македонија да се развива во здрав државно-правен апарат, мора да почне да применува закон, да биде транспарентна во работата и нормално, луѓето што им е должност и се платени да го штитат државниот интерес, да имаат муда тоа да го направат, или па тие што се огрешиле да признаат, и да откријат што уствари се случило.

Ja јавно се радував кога го скинаа, ме гледаа бело по улица. До толку го мрзевме.
 
Ниту еднаш регуларно избран на избори, онака типично комуњарски, ставен од партија и тоа е тоа.

Додека Хрватска и Словенија се бореа со ЈНА и бараа независност и ништо друго, Киро се мацкаше со Алија Изетбеговиќ и Милошевиќ за некакви лабави југословенски конфедерации
 
Дека ако војувавме сега ќе бевме до Токио раширени. Прашање е дали ќе постоевме воопшто ако сме отишле во војна.

ЈНА се бореше на три фронта од кои 2 ги изгуби во рекордно време.

Македонија да се спротиставеше како што Хрватска и Словенија го направија тоа само ќе добиеше ветар во грб од тогашната меѓународна заедница бидејќи видоа на каде оди возот наречен Србославија.

Македонија додека играше мали србин, шверцаше нафта за Слобо, палеше амбасади, Грција ја претстави Македонија како голем потенцијален проблем под закрила на Слобо. Да се отргневме на време денес Македонија ќе беше каде подобро место за живеење.
 
Ja јавно се радував кога го скинаа, ме гледаа бело по улица. До толку го мрзевме.
Де бе? Зошто сте го мрзеле?

Да се отргневме на време денес Македонија ќе беше каде подобро место за живеење.
Па Македонија се тргна меѓу првите и мислам дека Милошевич нема везе со нашата состојба денес (ни илуминати, ни Грци, Бугари, Албанци, Срби). Мене ми изгледа дека нашите проблеми денес се од поради одлуки и постапки на наши деца. :D
 
ЈНА се бореше на три фронта од кои 2 ги изгуби во рекордно време.

Македонија да се спротиставеше како што Хрватска и Словенија го направија тоа само ќе добиеше ветар во грб од тогашната меѓународна заедница бидејќи видоа на каде оди возот наречен Србославија.

Македонија додека играше мали србин, шверцаше нафта за Слобо, палеше амбасади, Грција ја претстави Македонија како голем потенцијален проблем под закрила на Слобо. Да се отргневме на време денес Македонија ќе беше каде подобро место за живеење.
Ова Клинтон лично ти го кажа или Дејвид Овен ти пиша писмо во '93? Ај пробај да се сетиш која е клучната разлика меѓу нас и двете земји што ги имаш спомнато?
 
Клучната разлика е што тие две земји зедоа пушка и се спростиставија на окупаторот а „македонците„ се противеа да интонираат своја македонска химна во собрание, правеа вицеви за словенците, се подбиваа со идејата Македонија да биде независна
 
Седи, единица. Која деноминација ја имаат тие, а која ние?
 
Зад Словенија и Хрватска стоеја Ватикан и Германија (БНД).
Толку од нивната способност за војување...

Зад нас (Македонија) и тогаш и денес стои „никој„.
 
ЈНА се бореше на три фронта од кои 2 ги изгуби во рекордно време.

Македонија да се спротиставеше како што Хрватска и Словенија го направија тоа само ќе добиеше ветар во грб од тогашната меѓународна заедница бидејќи видоа на каде оди возот наречен Србославија.

Македонија додека играше мали србин, шверцаше нафта за Слобо, палеше амбасади, Грција ја претстави Македонија како голем потенцијален проблем под закрила на Слобо. Да се отргневме на време денес Македонија ќе беше каде подобро место за живеење.
Нема споредба меѓу Словенија и Хрватска со Македонија. Држави кои и претходно постоеле, со држава која никогаш дотогаш не била независна. Држави со странска логистика. Ни луѓе спремни за војување сме имале, ни оружје, ниту пак расположението кај македонците било насочено кон такво нешто.
Плус шпонови во самата држава кои уште тогаш биле за прогласување Илириди отцепувања и слично.
 
Е момци, не дојде папата од Ватикан или швајцарската гарда да се бори во Словенија и Хрватска, туку самиот народ масовно излезе во борба.

Сетете се кај нас 2001 при секоја жртва имаше мајки и сестри пред собрание кои плачеа и молеа децата да не им се праќаат во војна.

Во светската политика нема пријатели, нема деноминации. Пред 40 години Иран беше миленик на САД на блискиот исток и им продаваа најново оружје. (Погледнете ја Иран-Контра аферата).

Во светската политика има само интерес. Тогаш во тие рани 90ти години интересот на западните сили беше да се згмечи комунизмот, Македонија поинаку да се поставеше секако дека ќе добиеше подршка како што добија Хрватска и Словенија.

Сетете се дека и Егејот е изгубен поради стравот да не се прошири комунистичката чизма на место од огромно геостратешко значење.
 
Како требаше да се постави Македонија во раните ‘90-ти?

Да го прими Папата Војтила, МПЦ да прими томос од него и со тоа автоматски ќе станевме сфера на интерес на Западот?...

Егејот е изгубен затоа што никад не ни бил во план за враќање и спојување со вардарскиот дел од Македонија. На Тито му е фино-лепо посочено „да не ги пружа нозете повеќе од чергата„ и со тоа прашањето за Беломорска Македонија е завршена приказна...исто како и за Пириниска, оти други центри на моќ (општопознати...) одредуваат на кого ќе им биде поделена македонксата етничка земја.
Автоматски споено мислење:

Од 1995та до денес сеуште случајот не е решен. Во атентат на Улица Македонија, Претседателот Киро Глигоров е тешко повреден, додека неговиот возач и еден случаен минувач биле убиени. Две емисии излегоа деновиве (баш завчера ми искочија на фид на јутуб) за атентатот по повод 30 годишнината од атентатот. Соговорниците се луѓе што биле инволвирани во истрагата од МВР и работеле на случајот на терен (веќе пензионирани). На кратко, новите информации што ги споделуваат се дека знаат кој е извршителот и нарачателот, дека доставиле докази, но дека органите на прогонот не постапувале по доказите што они ги оставиле:

- Нивното основно тврдење е дека инспираторот и извршителите се од внатре - Македонија (Џинџич сценарио).

- Двајцата тврдат дека нашите државни органи имале информации за тоа што се случило, им биле доставувани докази и искази, но дека истрагата била активно попречувана/пренасочувана во грешна насока. Некои од доказите што ги оставале, подоцна им се менувани (на еден од нив потписот му го фалсификувале).

- Нарачателот (според еден од инспекторите) бил директор на разузнавање што пред атентатот бил сменет, бидејќи бил инволвиран во некоја нелегална зделка за која Глигоров знаел. Кога дознал дека ќе биде сменет, тука му се родила идејата за да го изврши атентатот (тоа им е предпоставка за мотив).

- За време на истрагата, откриле осомничен кој кај себе имал 17 туби змиски отров (што се чуваат под посебни услови) што предпоставуваат дека биле наменети за Глигоров. Тоа бил еден од плановите за атентат против Глигоров, освен тој со автомобил бомба. Според тврдењата на осомничениот, кога бил испрашуван во МВР, 2 од тие туби им ги дал на двајца тогашни пратеници во собранието на Македонија. Кога осомничениот со тубите бил уапсен, кажал дека работел за шефот во државна безбедност, и кратко по апсењето истиот исчезнал.

- Имало изјава во обвинителството од помагачите, но по неа не се постапувало.

Спомнуваат и други работи, али се малку криптични. За жал не спомнуваат имиња, али сакаат да го охрабрат обвинителството и органите да постапуваат по тоа што го доставиле. Не спомнаа конкретно колку луѓе се инволвирани, али оставија некакви насоки (основна дека извршителите се наши). Дали овој случај ќе биде решен конечно или ќе се остави се на шпекулации и теории? Времето ќе покаже. Ја бев доста мал кога се деси ова, али и после толку време треба да се позанимаваат оние кои се одговорни. Ако сакаме Македонија да се развива во здрав државно-правен апарат, мора да почне да применува закон, да биде транспарентна во работата и нормално, луѓето што им е должност и се платени да го штитат државниот интерес, да имаат муда тоа да го направат, или па тие што се огрешиле да признаат, и да откријат што уствари се случило.

Еден српски разузнавач, на гости кај Хевтов, јавно кажа дека „знаат кој е атентаторот„...

Нема потреба од глумење лудило и бесконечно развлекување на приказната околу Киро.

Само треба да се тропне на вистинската врата...
 
Последно уредено:
Македонија поинаку да се поставеше секако дека ќе добиеше подршка како што добија Хрватска и Словенија.
Секако. Кој ти дојави за ова, ако не е тајна? Или пак некаде на интернетов постои некој официјален допис од Рим дека ни се нуди воена поддршка против српската чизма?
Е момци, не дојде папата од Ватикан или швајцарската гарда да се бори во Словенија и Хрватска, туку самиот народ масовно излезе во борба.
Не дојде папата, ама дојдоа ватиканските лири и германското наоружување. Истите тие лири, а денес евра, Хрватите секоја година ги враќаат со камата и ќе ги враќаат додека постои светов. А, не враќаат само пари, туку и проширена палета на услуги и производи. Штом не го знаеш ова, не знаеш ни за постоењето на четирите Ватиканските договори, па еве ти прилика да се едуцираш на оваа тема.
 
Секако. Кој ти дојави за ова, ако не е тајна? Или пак некаде на интернетов постои некој официјален допис од Рим дека ни се нуди воена поддршка против српската чизма?

Не дојде папата, ама дојдоа ватиканските лири и германското наоружување. Истите тие лири, а денес евра, Хрватите секоја година ги враќаат со камата и ќе ги враќаат додека постои светов. А, не враќаат само пари, туку и проширена палета на услуги и производи. Штом не го знаеш ова, не знаеш ни за постоењето на четирите Ватиканските договори, па еве ти прилика да се едуцираш на оваа тема.

Самиот ја потврдуваш мојата теза, се е од интерес, целосната инвестиција која западот ја направил, ја направил со цел да заработи пари и да го прошири своето влијание, ако не биле сигурни во посветеноста за западните идеи на Хрватска сигурно немале да трошат ни една лира.

Македонија своевремено да се покажеше како западен партнер во време кога падна берлинскиот зид а не Киро да игра потрчко на Слобо и да гради „оаза на мирот„, се можеше да биде поинаку.

И подршката за Косово па и подршката на најобични терористи во Македонија е со една цел, западот да го осигура своето влијание.

Хрватска и Словенија имаа политичари кои го предвидоа новиот бран и му се приклучија, Македонија како што напоменав ја имаше „Платформа Глигоров-Изетбеговиќ„
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom