Фан клуб - РК Вардар

Каков цар е Јака! Зборува македонски јазик како да живее 20 години во Македонија. Кај овој човек како се приметува дека ужива кога игра пред наша публика, како ѕвер е. Не може да постои навивач на Вардар кој не би симнал капа пред него. На ваков начин се станува легенда на Вардар.

Најголем цар. Имав прилика да го упознаам на искачање неодамна, кој и да му збори на српски ги прекинува и бара да му зборат македонски. Приземјен дечко, а Вардар и Комити ги сака како да е роден и да живее цел живот во Скопје. Се надевам ќе се држиме кон правилната насока следните неколку сезони и да не го испуштиме од раце. Јака е новиот Кара

 
Ова пошо некое пациенти викаат дека било театар во Јане :D. Одамна не сум видел слика вака лиги да им течат на противнички ракометари, свртени накај Комити и они аплаудираат. Од времињата на доминација на двократниот европски шампион, кога пред секој натпревар на Вардар, „Јане Сандански„ беше најавена како неосвоива тврдина, а навивачите најдобри. Идеме понатака, да ја вадиме од гомна оваа луда сезона без десен бек:D!

 
Каков цар е Јака! Зборува македонски јазик како да живее 20 години во Македонија. Кај овој човек како се приметува дека ужива кога игра пред наша публика, како ѕвер е. Не може да постои навивач на Вардар кој не би симнал капа пред него. На ваков начин се станува легенда на Вардар.

Да и ја истото го приметувам,одличен му е маледонскиот, и секој гол го празнува со публика.
 
И мене ми делува дека овој се исклучи малку.
Малку поише се исклучи. Дури и Чупиќ подолго го вади од игра и ротира со други. Треба да е фер и да одигра на максимум бар на трите натпревари кои се најважни. Бар толку може да се оддолжи на Вардар, пошо пред да дојде овде и не беше баш така баран ракометар.
 
Мене ми изгледа само дека бразилецот е промашен трансфер. Дечкото не знае каде се наоѓа
 
Со Хориха лично верувам дека не е до незаинтересираност и дека се чува за нов тим, можеби некој и има повеќе детали, ама би рекол дека имало некој договор кој некој не го испочитувал, е сеа кој на кого му е лут, он на клубот или клубот на него не знам, ама се гледа дека однесувањето е нарушено.
 
Пред неколку месеци тука на форумот го пофалив Малус дека во едно интервју се труди да зборува на македонски, сега можам слободно да кажам дека целосно го совладал јазикот за само пола година во Вардар, покрај тоа и формата ја има значително кренато за разлика од првиот дел од сезоната.

Баш во примерот со Малус што го наведе дечкото погоре кој имал прилика да се запознае со него, се гледа и вистинската разлика во менталитетот, работната етика и домашното воспитување помеѓу луѓето од државите на Балканот.
Србин три века да живее во Македонија нема да се потруди ни да зуцне на македонски, уште ќе тера сеир и ќе глуми дека му е многу смешно како зборуваме ние, додека нашите ќе се потепаат кој попрво да скрши јазик и да се покаже пред него колку добро прича на србском.

За вакви играчи како Малус е малку секоја пофалба што ќе ја добијат, само нека продолжи да гази со вакво темпо, добиваме вистински лидер на екипата и после заминувањето Карачиќ убедливо најдобар среден бек кој го облекол црвено - црниот дрес.

Браво!
 
Мене ми изгледа само дека бразилецот е промашен трансфер. Дечкото не знае каде се наоѓа
Па не би рекол баш... Вчера изигра одлично, имаше неколку добри асистенции за пикер и неколку добри пробиви кај што или даде гол или изнуди пенал... Не заборавајте дека поголемиот дел од минутажата ја одигра на десен бек, што за играч што игра со десна рака е тотално неприродна позиција, колку и да се труди да покрие на таа позиција, не е воопшто едноставно... А тек му се први натпревари, јас мислам дека со тек на време може да се погоди како добро засилување и он.
 
Kariokava deluva nesigirno no igra I na neprirodna pozicija. Ke se sredi bas koga ke treba najvise.
P.S. Seuste nemozam da se pomiram so porazot od svegjanive. Vtoroto mesto ni nosi polesen pat do F4. Ne sme ekipa za tamo ama zasto da ne. Bi trebalo so Skandeborg da igrame.
 
Србин три века да живее во Македонија нема да се потруди ни да зуцне на македонски
Се е до човекот, нема врска нацијата. Скубе, Карачич, Авутович, Вујович, Циндрич, Вуко,Џамбо и ред други никој не ни се трудеше да збори Македонски.
Шпанците, Русите и сега Малус и Чупич се трудат да зборат
 
Па не би рекол баш... Вчера изигра одлично, имаше неколку добри асистенции за пикер и неколку добри пробиви кај што или даде гол или изнуди пенал... Не заборавајте дека поголемиот дел од минутажата ја одигра на десен бек, што за играч што игра со десна рака е тотално неприродна позиција, колку и да се труди да покрие на таа позиција, не е воопшто едноставно... А тек му се први натпревари, јас мислам дека со тек на време може да се погоди како добро засилување и он.
Најточно кажано, ова е чиста вистина. Вие сакате да дојде овде и за 1 утакмица да биде Гидсел. Солиден вчера, и он и Боно, зошто Боно не влезе второ знае некој? Им треба некое време за привикнување, кој помалце кој повеќе. Топ играч е Силва, може он него да се добие нешто.
 
И мора да спомнеме дека најслаба ни е формата во одбрана. Тоа мора веднаш да се менува.Одбраната носи победи , ептен сме пробивни , не покриваме како треба , ни се шетаат низ одбрана. Не смее тоа да биде така , се надевам од натпревар во натпревар одбраната да биде се повеќе уиграна и јака.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom