Фан клуб - РК Вардар

Среќа победа, душа ми излезе од пцуење. И покрај победата, мора да бидеме реални дека ова не е баш добро.Мораше овој никаков Алкалоид да го победиме полесно. Без Серафим ни играа (значи доаѓа кај нас ) со мизерен Митев ,со инвалидот Велковски. Многу рупи имаме во тимот и во играта.Денес буквално сам не извлече словенската машина, неговото височество Јака Малус , иначе ќе отидоа бодовите кои мораше да ги земеме. На крај Митро каква бугарска среќа имаше во претпоследниот гол , а последниот го даде убаво. Митро е идеален да замени некој искусен десен бек , ама да ти биде прва опција од која ќе ти зависи комплетен напад не иде. На онаа контра коа му падна топка од раце и се сопна од неа , ќе го искршев телевизорот. Значи сума сумарум, формата е лоша, доброто е што и покрај тоа земавме доста важни видови , и да се надеваме дека до натпреварите со шурите и рибарите ќе се подобри играта и голманите. Денес Валах имаше неколку што ги викам ја одбрани во право време. Тука и успеавме да направиме разлика. Одбраната треба од почеток на натпревар така да гризе, бидејќи со одбрана и добар голман се добива меч. Исто замерка која ја кажувам после секој меч е тоа дека играме скроз без крила.Па пичка му мајчина ја не сум видел екипа која нема акции и удари од крило цел меч. Тоа не смее да се дешава, посебно со калибар на бек како Хориха , мора да користи и да шири, мада слаб е на асистенција и пасови до крила. Нека баталат Европа , нека се фокусираат на Пелистер и Охрид . Две финалиња за титула.
 
Ајде ево инфор од прва рука,ја одбил вашата понуда и 90 посто е готово идат кај нас.
Де бе што буџет ќе имавте вие? Или нашите понуди се цигански или вие се курцате со пари , трето нема :D. Мене и ме усреќи да ти кажам право, нека ви е со среќа Серафим.
 
Ајде ево инфор од прва рука,ја одбил вашата понуда и 90 посто е готово идат кај нас.
Кај вас е значи кешот,нека е со среќа.Ние со плати и пари сме ситна боранија.
 
Кај вас е значи кешот,нека е со среќа.Ние со плати и пари сме ситна боранија.
Сите од четворката се полни со пари,само шо во мкд моментално најатрактивни клубој се Охрид и Вардар
 
Ако Пелистер го донесе израелецот, заедно со хрватскиов пикер кој веќе потпиша, одма се уште потежок противник. Охрид е посилен, Пелистер посилен, Алкалоид исто така, само ние некако сме на исто или полошо ниво од почеток на сезон
Јак кур ќе скршат и со Хрватот и со Еврејот. Ние ќе ја креваме формата, и ќе бидеме најдобри кога ќе е најбитно.
 
Мене искрено ме плаши мотивацијата за играње на Хориха. Веќе потпишан во друг клуб, закачки околу неговото државјанство, долги неуспешни преговори за да потпише нов договор. Пребитен играч ни е за да има пад во форма. Можеби од овој бразилецов ќе бидне нешто, сепак го форсираат на десна позиција која претпоставувам не му е природна затоа што е деснак.
 
Мене искрено ме плаши мотивацијата за играње на Хориха. Веќе потпишан во друг клуб, закачки околу неговото државјанство, долги неуспешни преговори за да потпише нов договор. Пребитен играч ни е за да има пад во форма. Можеби од овој бразилецов ќе бидне нешто, сепак го форсираат на десна позиција која претпоставувам не му е природна затоа што е деснак.
Хориха секако дека ќе ја нема таа мотивација ама гледам дека се пали кога дава голови и тоа е важно. Се додека покажува жар и емотивност за дресот добро е. Се надевам дека бар на натпреварите со Охрид и Пелистер ќе биде оној вистинскиот. Педро се гледа дека знае ракомет , меѓутоа се враќа од повреда и моментално не е баш сјаен ни во движење ни во техника .Плус како што кажа игра на неприродна позиција и тоа баш се приметува колку ми е неприродно и при пас и при влез од тамо. И покрај се , и во таква ситуација помогна ок на тимот, мислам имаше два гола, две асистенции и некој пас до пикер ако не се лажам. Од него се очекува да крене форма и да биде најдобар кога ќе биде најпотребно.
 
Митросен е ролеркостер играч, али верувам дека ќе стане играчиште.
Воркапиќ, какво ужасно деби. Извини дечко, никад нема втора шанса за прв впечаток.
Автоматски споено мислење:

некој пас до пикер
Пасот до Мечка му беше многу добар
 
Митросен е ролеркостер играч, али верувам дека ќе стане играчиште.
Воркапиќ, какво ужасно деби. Извини дечко, никад нема втора шанса за прв впечаток.
Ќе се оправи и Воркапиќ друже , ќе видиш. Едноставно се дешава, влезе некако лавабо, плус драчевчанецот на гол беше под гас, им фати доста топки и на Малус и на Хориха. Ја мислам ќе се среди Воркапиќ , баш ова ќе му биде добра инекција.
 
Дали Пик Сегед официјално потврди за Хориха?
Нигде не можам да најдам, освен по некое инфо на разни ракометни портали.
 
Какво скандирање за Мечка дури даваше изјава :roker:

Автоматски споено мислење:

Секоја чест на Комитите за навивањето вечерва. Нашиве како да играа на домашен терен! Голема е разликата кога имаш свои навивачи на вакви гостувања.
 
Секад сум викал и металург коа постоеше и сега алкалоид (исти курац тимови) ако бар 50 комити се појават не може у тоа шталата да изгубиме, тоа е нивна предност коа се сами немаат страв не се плашат и ќе не тепаат, вака и Вардар добива ветер у грб и подршка а и на нив малце повеќе им се тресат рацете. На сила али си тепавме денес, Малус топ Хорига можеше малце подобро да изигра, на почеток на второ имаше неколку безврска утки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom