Фан клуб - РК Вардар

Има ли нешто точно во шпекулацијата дека Гури би можел да го наследи Горига на левата бековска позиција?многу јак играч ако се случи тоа, предобра замена за Горига само да не биде и оваа шпекулација како и оние за Дујшебаев …..
Па мислам дека замената за Хориха веќе ја испазаривме. Тоа е хрватот Лјевар.
 
 
Па мислам дека замената за Хориха веќе ја испазаривме. Тоа е хрватот Лјевар.
Не не, Љевар беше договорен уште пред да се знае дека Дима ќе си оди (или дека планира да си оди)... Така да у случај и дефинитивно да потпише (пошто се уште нема потпис со Пик ставено), ќе се донесе уште еден играч на лев бек странец, нема да се остане само на Љевар и на Педро да покрива по потреба...
 
Кога сме кај Шпанците Гури и ФИС би биле полн погодок за Вардар за наредна сезона дај пишете му некој на Недановски да ги договори двајцата шо побрзо : )))))
 
Колку и да боли , ова е реалноста. Прво без саглам голман, второ без десен бек , што викаш нискоразредни странци, не ни треба да се игра ЛШ. Или правиш тим, или свиркај си у македонска саката лига и тоа е тоа. Ова се бруки.
Валах е добар голман, и ќе станува уште подобар.
Кавада е дете, 19/20год. му треба уште некоја година па да го судиме.
Брзи голови ни даваа бидејќи Главната оска во напад(Хориха) ни игра на позиција 3, главен играч во одбрана, колку и да е спремен играчот многу тешко ќе го издржи тоа тепмо, значи да ти биде главен играч во напад, да биде еден од двајцата главни во одбрана и + игра секоја утакмица. Бенфика при нивни брз напад/контранапад местеше пикер кај Хориха, и тој дал гол или изиграл важна улога, трча назад, и плус треба да има концентрација да одбрани (да се бута со пикер или да крене раце во блок).
 
Од една страна најава за бомбастични трансфери а од друга страна инфо дека играчите се без плата 3 месеци , шо е точно знае некој или све само шпеку…
 
Кога сме кај Шпанците Гури и ФИС би биле полн погодок за Вардар за наредна сезона дај пишете му некој на Недановски да ги договори двајцата шо побрзо : )))))
Не знам кој ти е ФИС, ама Франк Семпер на десен!!
 
Не знам кој ти е ФИС, ама Франк Семпер на десен!!
ФИС 18 годишниот десен бек на шпанската репрезентација , има кубанско потекло машина е ФИС
 
Од една страна најава за бомбастични трансфери а од друга страна инфо дека играчите се без плата 3 месеци , шо е точно знае некој или све само шпеку…
Далеку сме од бомбастични трансфери ние. Максимум може да донесеме екс ју, екс ссср играчи и некој небитен португалец/бразилец. Шпанците кои играат во репрезентација по мене се недостижни.

Ова со платите мислам дека е стандардно кај нас, наеднаш им даваат по 3-4 плати.
 
Ако успеат да го донесат Гури ќе завршат голема работа. Ќе го заборавиме Хориха у секунда, исто како "момакот без нет" :D. Само далеку од сигурно е ова, кај нас некои портали знаат да избацат таква сензационална вест , со напомена Вардар започна преговори, а реално тоа ништо не значи. Преговори имаше со многу ракометари ама на крај ништо.Покрај пари мора да понудиме и визија односно прича дека се враќаме на старите патеки, и секако настап во лигата на шампионите. Верувам дека евентуалното доаѓање на некоја ракомента ѕвезда би го олеснила патот за други,ама тешко иде кога си во ваква ситуација. Ќе видиме како ќе биде. Едно е сигурно а тоа е дека покрај Љевар (од кого очекувам големи работи) да има уште една класа лев бек ( Гури е одличен избор). Секако исто ако не и подобро мора да се испразари и на десен бек. Останува да видиме како мисли управата. Недановски,донеси ракометари кои прават разлика и играат добра одбрана! Немој да разочараш :D
Автоматски споено мислење:

Дали ќе игра утре против Алкалоид?

 
Последно уредено:
Многу ме плаши денешнава утакмица. Кај тие скапаниците во сала ретко поминуваме добро, едино кога ги распаднавме со јапан во тимот. Сега им се врати и Марко Митев за разлика од прва полусезона, ептен ќе е зезнато. За мене (како што кажав повеќе пати) ова е натпревар кој ќе ја реши сезоната. Тепаме ли денес, огромни се шансите за титула. Изгубиме, отиде возот пак.
 
Смејте му се после на маестро @Кано кога ќе пише нешто.

Автоматски споено мислење:

Многу ме плаши денешнава утакмица. Кај тие скапаниците во сала ретко поминуваме добро, едино кога ги распаднавме со јапан во тимот. Сега им се врати и Марко Митев за разлика од прва полусезона, ептен ќе е зезнато. За мене (како што кажав повеќе пати) ова е натпревар кој ќе ја реши сезоната. Тепаме ли денес, огромни се шансите за титула. Изгубиме, отиде возот пак.
Искрено, и ја не сум нешто оптимист, иако ептен сакам да го плеснеме Кирца у шталсбург. Во многу лош период гостуваме кај Алкалоид, пред се дефанзивно сме доста лоши, делуваме како швајварско сирење. Нивната екипа веќе не е онаа неискусна, со настапите на Европско и Светско се напунија со рутина и искуство и Серафимов и Митев и Ѓорѓиев, ма буквално цела екипа. Ако сакаме да ја добиеме оваа, мора да одиграме фанатична одбрана и да ги сведеме техничките грешки на минимум. Добро е да се форсира брза полуконтра и контра и да се постигнуваат лесни голови но не треба по секоја цена да се брза и да им се овозможува да ни контрираат. Се надевам дека вежбале разноврсност во напад, пошо знам дека се повторувам стално, ама ептен сме провидни и статични во тој позиционен напад. Нормално е дека Кирца ќе ја насочи одбраната највише на Хориха и Малус, и затоа е потребно да се има план Б , односно да се користи просторот што ќе се остава. Да се надеваме дека ќе изгинат вечерва за дресот, ако не ќе се направи каша попара во продолжение на сезоната. Со победа денес многу помал притисок и поголема самодоверба ќе имаме во продолжение на сезоната.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom