Добра атмосфера, и ФА и Кумани во одлична бројка. Салата буквално беше претесна, сигурно имаше околу 6.000 +- луѓе, редови се чекаа на влезовите. ФА видов многу фаци кои беа порано активни, дали ќе се враќаат на трибина? Кумани со кореографија со пола сала беше исто налик на големите навивачки натпревари. Мзт по стандард ќе освојат нормално имаат многу поголем буџет и поквалитетни домашни играчи, Магдевски со тројки нè потопи исто и Смит. Навивањето беше на солидно ниво реално во евролига немаат таква атмосфера екипита како Монако, Басконија, Милано, Дубаи итн...
Цела сала пееше и ракоплескаше искрено не очекував бидејќи кога се игра финале со Мзт и шуто и рогато се набута у сала али сега ептен се излеваа страстите.
А за пеење против Скопје и 63та не е ништо зачудувачки, ривали сме плус во афекат свашта ти доаѓа само за да ги испровицираш противниците. Крај краева пуно Скопјани имат роднини пи Куманово и Кумановци по Скопје, нема тука крвна омраза или непријателство како што се со Албанците или други со кои немаш никакви корелации во никаков план.
Се надевам ќе продолжи ривалството на здрав начин и дека кошарката ќе ни оди нагоре по стандардот и ќе можеме да уживаме и во европски натпревари не само меѓусебни. Поздрав