Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
пилот проект за јавно приватно партнерство

Систина и Аџибадем се приватни клиники, зошто фондот не ги покрива трошоците кај нив? Ете еден модел за партнерство.

Ама не, се бара и тоа што може да донесе пари од јавното здравство да се влее кај некој тајкун.
 
пред многу години слушнав муабет (дека велешката болница постепено се спрема да биде пилот проект за јавно приватно партнерство) од влијателен и доброупатен лик за кој не ми се веруваше дека е можно но по секој изминат ден гледам дека по се изгледа добро знаел што зборува и што не чека од властодршциве наши

... тоа не беше пред „многу години“ туку во претходнта власт на СДСМ и ДУИ, каде што Министерот за здравство сакал највероватно да го спроведе, извадок на негов цитат :

„Дозволете во оваа прилика да го објаснам и моделот на јавно приватно партнерство кое планираме по широка јавна дебата да го имплементираме онаму каде што ќе покажат студиите дека е потребно и можно во здравствениот сектор. По изборниот процес ќе следат повеќе физибилити студии кои ќе ни го покажат патот во кои дејности е можен ваков модел, каде можеме да ги подобриме здравствените услуги и услови, како и да креираме заштеди. Целта е приватниот партнер да влезе како инвеститор во нашиот здравствен систем, со цел да нема непотребни трошоци и долгови и да се фокусираме кон здравствен систем што купува услуги таму каде што е најевтино и најквалитетно за пациентите. Уверен сум дека заеднички, традиционално и во иднина ќе го одбележуваме Светскиот ден на здрајвето со уште поголеми успеси на кои ќе се гордееме. Само со заеднички заложби на сите чинители може да го унапредиме здравствениот систем во нашата држава“, потенцираше министерот Филипче.
 
со цел да нема непотребни трошоци и долгови и да се фокусираме кон здравствен систем што купува услуги таму каде што е најевтино и најквалитетно за пациентите.
Здравствениот систем може да купи квалитетни услуги за пациентите, ама неќе!
 
Што би рекол Шекспир, much ado about nothing... Тоа што ќе стават член дека директорот морал да ги иззбере најдобрите од листата не менува ништо. Има уште поголеми пропусти во законот- во делот за просек е специфицирано дека максимум бода што можеш да ги добиеш од просек се 40, па тоа многу пати се злоупотребува и има слободно толкување, бидејќи никаде во законот не е наведена бодовна скала, ниту некое дополнение на законот кое би ја толкувало. Исто така во делот на интервју, никаде не пишува дека интервјуто смее и може да биде бодувано, а неретко директорите го бодуваат со цел да се подигнат ,, нашите деца '' повисоко на листата. И за крај, никој не зборува за тоа дека прашањата од тестовите им ги даваат однапред и имаат максимум бода, а не ти даваат увид во тестовите, така што не знаеш дали ги наместиле резултатите во нивна полза.
Катастрофална реализација, затоа ќе останеме вукојебина и во недогледно време.
 
Го слушам министерот како зборува за план за електронско резервирање паркинзи во клиника од пациентите и како ќе го користеле кодот од упатот за влез во клиника. Од една страна со години зборат МЗ/ФЗО како ќе укинувале хартиени упати за денес да каже ќе требале истите за влез во клиника. :confused:
 
Паркинг на клиника е невозможна мисија. Дури и да се паркираш три дена треба да излегуваш со кола.
 
Булшит, немаш секогаш упат. У ствари често немаш.

Се се средува ако се сака. Така, на скопски клиники првенство треба да имаат жители на скопски регион. Да се забрани давање упати директно во Скопје ако за одредена област има доктори во нивниот регион.
И за да има доктори и во други болници, да се намали вработување на сестри и доктори од други градови, односно да имаат првенство по региони на жителство. Затоа што тие градови остануваат без персонал и после на скопски е офлеле.
Го слушам еден доктор цепа делчевски, исто и некои сестрички со источен говор. Ами запосли ги у Штип/Струмица па и таму ќе одат пациентите.
 
На клиника не може првенство да имаат жители од скопски регион, кога тоа е терциерна установа и клинички центар на цела држава. Во клинички центар на терциерно ниво се знае кој треба да има предност: итни и животозагрозувачки состојби, пациенти препратени од секундарно ниво, специфични интервенции. Не е битно дали си од Битола, Струмица или Скопје.

Имаш градски болници во кои може да имаш предност затоа што си од Скопје. Дури и таму немаш право да ги делиш граѓаните и да им даваш предност на едните во однос на другите. Сите граѓани имаат право на здравствена заштита во еднакво услови.
 
Па нека ги затворат другите клиники, да не се трошат пари. И така пациентите директно се праќаат за Скопје. Пред некој ден више слушав на кумановски, источен и западен дијалект неголи скопски.
И во други сфери предност имаат жителите, ќе имаат и тука. И деца не треба да се двојат па имаат предност во градинки. Се се може ако се сака.
Иста состојба е и со персоналот, затоа и мањка персонал и оддели во други градови. Све е тука дојдено.
 
Па нека ги затворат другите клиники, да не се трошат пари. И така пациентите директно се праќаат за Скопје. Пред некој ден више слушав на кумановски, источен и западен дијалект неголи скопски.
И во други сфери предност имаат жителите, ќе имаат и тука. И деца не треба да се двојат па имаат предност во градинки. Се се може ако се сака.
Гледам дека те нервираат провинцијалците, цело време за тоа збориш. Наместо да се замараш дали збори скопски, делчевски или кумановски гледај дали знае да лечи.

Ако ги затворат тие болници како што предлагаш, дури тогаш ќе видиш што е гужва и дијалекти. Тогаш и за најобичен фластер ќе ти доаѓаат во Скопје.
 
кога се работи за гужви у сообраќај, хаос у Скопје, гужви по болници, да. Ништо лично.
Ја не им праам гужви, не сакам ни тие мене да ми праат хаос. Пред 90ти (втор бран 2000ти, трет по 2008) кога почна масовен егзодус кон Скопје, имаше место и повеќе ред на клиники, по улици, на паркинзи. Сега нема. Човек слеп да е, ќе види зашто е тоа така.
Ни две ни три, оп упат за Скопје, жељотека. Епа ние кај да идеме. А сите имаат термини и оддели, цела Македонија.
За животозагрозувачки не ми збори, знам како иде тоа. Ќе му дадат таму негде на југот на пациент кој има внатрешно крварење, аспирин, ќе го дозаеб*/*т и ќе го пуштат за Скопје, овде да се чудат и да го спасуваат. Катастрофа. Којзнае дали го спасија. Него и редица други.

Gstro.jpg

Kard.jpg
 
Исфрустриран си и не знаеш што збориш. Звучиш како да сакаш да живееш во стаклено ѕвоно додека остатокот од државата пропаѓа.

Наместо да ги правиш овие муабети запрашај се зошто болницата во Гевгелија или Битола не е на ниво на 8 ми септември.

Скопје ти е хаос ради Скопјани кои молскавично градат згради и кај што треба и кај што не треба, секоја слободна трева е зграда…и тоа не е заради луѓето што дошле да живеат во Скопје.
 
Исфрустриран си и не знаеш што збориш. Звучиш како да сакаш да живееш во стаклено ѕвоно додека остатокот од државата пропаѓа.

Наместо да ги правиш овие муабети запрашај се зошто болницата во Гевгелија или Битола не е на ниво на 8 ми септември.

Скопје ти е хаос ради Скопјани кои молскавично градат згради и кај што треба и кај што не треба, секоја слободна трева е зграда…и тоа
Од скопјани, пих. До независноста Скопје имаше ред, инфраструктура, паркови, јавен превоз, далеку почист. Сега е хорор.
Ја исфрустриран или ти ископмлексирана, дискутабилно е.
Љубљанчани според тебе се исфрустрирани, абе ајде, празни муабети.
не е заради луѓето што дошле да живеат во Скопје.
а ради кого, ради нас? Абе иди бегај со вакви глупи теории. Нит го знаеш псостаро Скопје нит бутур па напамет збориш.

Од кочанско директор на една институција, од велешко на друга, од тетовско на трета. Ај ако не, ние и нашите деца да се отселиме оти така ви ќефнало.
 
Па ти си исфрустриран, ти постојано дрндаш на форумов за провинцијалците. Не може да бидам јас искомплексирана кога знам колку ни е системот нефункционален.

Дали јас го знам старо Скопје или не, скроз не е битно за муабетов. Битно е што ти си заглавен во 1980 та година и одбиваш да сфатиш дека Скопје е вакво какво што е заради корупција, урбана мафија и лоша политика, а не заради акцентот на некој доктор или упатот на некој пациент.

Наместо да се замараш со тоа дали сум јас Скопјанка или не, запрашај се како ти како голем Скопјанец си дозволил твојот град да стане ваков хорор како што опишуваш.
 
а зашто ни е нефункционален? Ради такви ко тебе што ќе ги приберат цела Македонија и пола Косово во Скопје? Пфф.
Наместо да се замараш со тоа дали сум јас Скопјанка или не, запрашај се како ти како голем Скопјанец си дозволил твојот град да стане ваков хорор како што опишуваш.
па ти пишав. Ти што не читаш е друга работа. Најголем број директори на агенции и државни фирми беа од надвор од Скопје. Доктор треба да има повеќе логика кога дискутира.
Дали јас го знам старо Скопје или не, скроз не е битно за муабетов. Битно е што ти си заглавен во 1980 та година и одбиваш да сфатиш дека Скопје е вакво какво што е заради корупција, урбана мафија и лоша политика, а не заради акцентот на некој доктор или упатот на некој пациент.
Затоа што функционираше тоа Скопје ама ти поим немаш, а битно ти е да кажеш за некого шо е каков е. Не знам од кај си дошла ама вака не моеш да излечиш комплекси. Ако си против скопјани, тоа е твој проблем. Ако не моеш да задржиш докторско ниво, жалам.
Ја упатувам на можни решенија, ти јадеш бубрези за соговорникот. Чисто информативно, секој може да биде безобразен и лајно од човек па и тебе да ти се обраќа лично. Ако сакаш така, само посакај.
Автоматски споено мислење:

Еве ти зашто провинција не функционира. Брод пример немаше рентгенолог па мораше пензионер да работи. А зашто нема? Затоа што си играме отворен град.
Те прашав, љубљанчани дал се исфрустрирани, ама нешто мукла што не ти одговара.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom