Иако фатија шуга во касарната во Велес, парите за масти ќе си ги даваат од џеб – ова го дознава Инфомакс од извори од касарната, кои велат дека една маст им била наложена да се користи на сите војници, но за тоа платиле сите по 170 денари. Инфомакс праша во Министерството за одбрана, зошто...
infomax.mk
... ова бош новинарска претпоставка на Инфомакс веќе ја знаеме целта на нивно селективно без факти пишување,
...медицински не е можно ,,веднаш да се фати шуга - scabies" и да беше изворот од касарната ќе беше- масовно СИТЕ војници инфицирани со паразитот, ама пошто никој не се заинтересирал да научи како тоа се добива, ќе лажеме народна маса, ако опали опали, затоа што само двајца профи.војници имале шуга, гарант ја донеле од дома, нека проверат во нивниот дом кој што има исто шуга.
цитат:
,, Иако фатија шуга во касарната во Велес, парите за масти ќе си ги даваат од џеб – ова го дознава Инфомакс од извори од касарната,"
... ова ,,иако фатија шуга во касарна,, рековме инфомаксно мислење за фама ситуација и тие веќе одредиле дека е од касарната, инаку мастот мора да се изработи со супстанца на база со сулфур, готова фабричка маст не знам дали воопшто веќе се произведува и друга терапија не се дава.
цитат:
,,Од одговорот кој Инфомакс го доби од Министерството за одбрана е јасно дека целиот процес на лекување, односно сите препарати кои се потребни, а не се на товар на фондот, ќе продолжат да си ги плаќаат војниците, со што лекувањето може да достигне и до неколку стотици евра, зависно од терапијата".
...аууу како бе така, освен сулфурна маст или 25% бензил бензоат како течност кои треба да го уништи малиот паразит, познат како Sarcoptes scabiei var hominis кој продира во горниот слој на кожата, каде што се размножува, предизвикувајќи силен осип и неподносливо чешање, се уништува паразитот и ја снемува шугата, кои ,,стотици евра терапија,, жити све
