Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Кои ликови ги имаме бе човече, едниот со Обама си намигна, другиот си мафна со Бајден оддалеку така, третиов во Давос имал историски состаноци, ама тие состаноци изгледа исти се како оние кога беше во периметарот на Трамп, се случиле ама никој не ги видел...Ама не, битно брмбрм се плаши оти албанците ќе му ја земеле државата, а не овие сите што не водат 35 години што не резилат по светот...Ама ако, малку е за нас, пак да ги си гласаат....
Пак без причина мене ме спомнуваш, буквално со се сум согласен што пиша, намали со опседнатоста jesus.
 
nego, imeto go vrativte li?
Тие што го купија не се заинтересирани да го вратат дури и во ситуација кога и повеќе пари да им се вратат него што платија.
 
Кои ликови ги имаме бе човече, едниот со Обама си намигна, другиот си мафна со Бајден оддалеку така, третиов во Давос имал историски состаноци, ама тие состаноци изгледа исти се како оние кога беше во периметарот на Трамп, се случиле ама никој не ги видел...Ама не, битно брмбрм се плаши оти албанците ќе му ја земеле државата, а не овие сите што не водат 35 години што не резилат по светот...Ама ако, малку е за нас, пак да ги си гласаат....
Пријателе, јас разбирам дека вчера си бил на кафе со албанец и сте си поминале убаво и сега размислуваш дека "не се сите исти, има учени луѓе и кај нив", ама џабе го напаѓаш брмчало кога истите тие протестираат да се ослободи возач што отепа човек.
 
Како не те мрзи да расправаш и дискутираш за шипптариве у 6 часот и 41 минута сабајле во среда, сфака ти част сестро.
Јас се наспав, ти цела вечер се распна од пишување гледам.
 
Не дека одлепил, туку нема што да понуди па не‘ забавља со безвезни „информации„ за тоа со кого се видел, кој како се викал што бил по функција...фалат уште неговите фотки со видните луѓе, ставени на „Фејсбук„ (или како се вика таа платформа...).
Миќи нема што да понуди ама затоа братов што каже тоа е.
79.jpg
 
Миќи нема што да понуди ама затоа братов што каже тоа е.
Ликов е влезен во „филм„..небаре (и) од него зависат одлуките во ОТАН...секако, после решавањето на сите натрупани домашни проблеми, може да ги решава и туѓите.
 
Ликов е влезен во „филм„..небаре (и) од него зависат одлуките во ОТАН...секако, после решавањето на сите натрупани домашни проблеми, може да ги решава и туѓите.

Ух, бре... одма го напнавте!
Пушти дете нек се радуе малку!
 
Ја вртиш темата, човек една работа те прашува и ти наместо да вратиш со аргумент (нормално, доколку го има) ти враќаш со генерализација, зборувал македонски, бла бла...Јас ти реков да речиш чисто јасно и гласно, што не е точно тоа што го пишува, ти се запнуваш како пијан за плот дека бил албанец, дека бил ова дека бил она. Бујрум, еве демантирај го и речи дека не е нешто вистина во она што го пишува, ако сака и еѓипќанец нека е, или мачка појела језик а?

Извини, ама јас тебе не те имам видено онака жолчно да ги критикуваш дпне (иако се на власт, и тие треба да се подложни на критика) ти си полна уста сдс, дуи, сдс, дуи, албанци, ова она... сдс се умрени, дуи се во фаза на умирање, тоа ти е како да клоцаш на мртов коњ, додека другиот те онади одназад....
  • Се навреди оти овај пишал дека Касами возел кола вредна повеќе од 100к евра? Не вози?? Имаш слика, ама се правиш ќор, и наместо да си речиш чекај овај од кај најде пари за тоа возило, ти се запна зошто пишувал кирилица онај што го кажува тоа...И после, зошто сум те викал дека си дпне бот ?
  • Или дека мицика твојот тотем носи часовник во топ 3 од сите НАТО лидери на земји членки?
  • Или за тоа што сме во периметарот на Вашингтон ама веројатно седиме зад ВЦ и чекаме да не викнат?
  • Затоа што дипломатијата ни ја водат тотални аматери, што се вика дечиња, и Претседателка која е одличен професор, ама Бајден политичар?
  • Или затоа што платите во здравството 15 години уназад никогаш не каснеле, сега почнаа да каснат?
  • Или дека се повлекуваат пари од секаде кога ќе дојди први за да поминат пензиите, и само прашање на време е кога ќе пукни?
  • Имаш влезено во продавница да видиш колку е цената на кашкавал, леб, млеко, путер, зејтин, итн итн и да провериш не мора далеку, еве во Грција колку коштаат тие истите, а владата ни наша се прави нема пред трговските олигархии кои го пљачкаат народот??
  • Имаш ли претстава Приштина како изгледа сега во моментов, и кој се не продефилирува таму, и со кои финансии луѓе влегуваат таму?
  • Имаш ли претстава дека Косово произведува сам воени дронови, домашно производство, држава фетус, а ние немаме фабрика за производство на опинци?
  • Имаш ли поим колку се празни државава последниве години?????

ПАТРИОТ Е ЧОВЕК ШТО СИ ЈА САКА ДРЖАВАТА, ПАТРИОТ Е ЧОВЕК КОЈ ЌЕ ЈА НАПРАВИ ДРЖАВАТА РЕСПЕКТАБИЛНА И СЕКОЈ ЧОВЕК ДА БИДИ ГОРД ШТО ЖИВЕЕ ВО НЕА..ДРЖАВА ВО КОЈА ЧОВЕК ЗНАЕ ДЕКА КОГА ЌЕ ПОЈДЕ НА ЛЕКАР НЕМА ДА ГО ВЛЕЧАТ КАКО КУЧЕ ПО ВРАТИТЕ БАРАЈЌИ МУ МИТО ЗА НЕШТО ШТО ГО ПЛАЌА ПРЕКУ ЗДРАВСТВЕНОТО....

Ама нив му одговараат такви како тебе, кои сеат само омраза, зло, пизма кон албанци, вакви такви, албанците бараат кај нивните исти како тебе, само албанци, истото против македонците, а тие сложно и македонци и албанци, мамата и ја ебаа на државата од крадење, додека обичниот народ секој ден си ги испраќа младите надвор по подобар живот и егзистенција, и албанци и турци и македонци и сите..

Му одговараш таков каков што си.. Сите не мразат, сите се против нас, додека полека по полека не снемува, ќе останите само вие плакатолепачите....

Ко ќе не снема (а со ваков тренд, тоа е за жал неминовен процес), тогаш се ќе биди небитно....

Така патриото, само напред, оди држете му ги јајцата на претседникот на ОК во твоето место на живеење, и биди барем еднаш маж да си стојш зад она што го пропагираш, и да не се срамиш од она што си, дпнеоски полтрон.....
  • Имаш ли претстава дека Косово произведува сам воени дронови, домашно производство, држава фетус, а ние немаме фабрика за производство на опинци?...
Пази сега, имаме поодамна фабрики за Бојлери, ама се освен тенеќето за бојлерот е увозно, а за тинг К9чани и лимот е може увозен...Дојде проблем да најдеш гумен дихтунг за Тинг бојлер, ѓоа ПОЧЕТОК на година, господата увозници се уште се на распуст...ај што сите бегаат од производство, туку и трговците сакаат со мал промет да имаат големи заработки, а има и шема секоја утка направена било каде во светот да заврши кај нас....И да не заборавам, с3га проблем биловизите на шоферите....ММУЕ, како со децении имаше и возови, еве сега со ефтини авиони и авионски превоз е ефтин, пак проблем....дошол пакетот од Кина до аеродром за 2 недели, ама сега од аеродром Петровец до пошта треба 30-40 дена.... Е па нема да не бива...
 
Последно уредено:
За ова МПО мислиш? Многу чудно ко за бугари да се идентификуваат со "гркот" Ацо.
Или си лесен во умот па се лапаш што ќе прочиташ на Вики или си платен да лапаш.
Се мислам дека си платен, и дилот ти е направен во грчка амбасада.

Прегледај го приврзокот 467818

МПО умира полека така да нема некое значење искрено.
Автоматски споено мислење:

Овие историски теми се многу глупо толкувани овде со цел на провокација. Во неколку реченици да се докаже нешто, тоа не може да врви.

Треба да разбереме, дека ВМРО како организација имала разни периоди па и во самите фази разни струји кои делувале. Секогаш контекстот се става на страна, временски и околностите. Не знам како ја замислувате? Како некоја централистичка организација? Па во тоа време тоа не беше можно. Немале ни мобилност ни комуникациски алатки како денес. Делчев од Софија до Леринско да стигне денови патувал. Писма стигнувале не ситгнувале. Четите и војводите агирале со одредена самостојност. Заеднички и еден против друг. Исто така Македонија беше поле на надворешна пропаганда обичниот народ, беден и во мизера многу ќе прифатеше само да му се подобри ситуацијата. Денес Србин, утре, Грк, задутре Бугар. Посебноста се гледа по тоа што сите наоколу се обидувале да ги присвојат Македонците. Исто така од тогашниот контекст ослободување од Турците и автономија во рамки на Бугарија изгледа како легитимна цел за подобрувања на ситуацијата. Тоа не значи дека Македонците се Бугари. Ако Мисирков бил на листата да се убие од страна на ВМРО тоа што покажува? Ништо освен тоа што пишав. Па и Сандански бил на таа листа и го убиле. Сега Сандански бил против ВМРО или Македонија? Чисти глупости. Калакурница е тоа време и тоа треба да се разбере и во контекст да се стави. На крај пак идеме на тоа дека големиот дел од тогашните дејци работеле за ослободување од Турците и сами да владеат со Македонија како нивна родна земја. И да, стварно е трагикомично што има низ историјата голема емиграција во Бугарија и тие односно нивните поколенија станаа поголеми Бугари него самите Бугари. Ги разбирам, само така можат нивната поврзаност со Македонија да ја оправдат.
 
Последно уредено:
Пријателе, јас разбирам дека вчера си бил на кафе со албанец и сте си поминале убаво и сега размислуваш дека "не се сите исти, има учени луѓе и кај нив", ама џабе го напаѓаш брмчало кога истите тие протестираат да се ослободи возач што отепа човек.
Пријателке, да ги тргнеме албанците на страна. Мене муабетот ми беше дека кај нас самите одвнатре нешто не ни е во ред. И тоа е тоа што јас го посочувам. Треба да се фокусираме на пореални проблеми со кои се соочуваме како држава, и дека ние самите сме на добар пат да се самораспуштиме и доуништиме, и не ни се потребни албанците за тоа.

Ако е тргнат трендов на иселувањето каков што е во моментов, за 10-20 години ние ќе бидиме гости на сопствената територија, и да, за тоа нема никој да ни биде крив, туку оној кој ги брка луѓето да се иселуваат, тоа ни е најголемиот проблем во државава во моментов. А тие некои имаат име и презиме 35 години, истите па истите на власт, истите па истите народецов наш ги гласа.

Тоа што протестираат за да се ослободи возач што отепа човек, нема зборови кои може да се опишат таков чин..
 
И во 500 унии и организации да влезеш со понижена држава, нација и народ секако ќе се распаднеш, не постои пара, плата што може да ја исправи омразата која Македонецот ја чуствува кон оваа држава поради тие што потпишуваа примирја и договори против својот народ.
Јас мислам и дека ова твоево да влеземе како татари во еу ќе ти се исполни, па ќе видиш дека баш твоите постапки ќе ја распаднат државата.

Гледам денес Скопјани од ССМ сеуште не научиле Македонски па урлаат Лопови а не Крадци, ова се разбира се заштитниците на Македонија кои се грижат за реалните проблеми.
Без Јазикот, Македонците и Црквата нема држава.
Старите наши имале помалку но имале идеали за подобро утре, денес изроди ја срушија нивната стекната со крв Македонска држава за некој да ни продава приказни за благосостојба ако се откажеш од својот корен.
Ни свети Нато ни пари неможе да сочува држава ако народот дигне раци од себе.

Јас мислам дека таквите како тебе точно знаат што прават, сведоци сме 35 години на продавачи на ветер и магла, ставете и го последниот клинец доста не мачите.
 
Пријателке, да ги тргнеме албанците на страна. Мене муабетот ми беше дека кај нас самите одвнатре нешто не ни е во ред. И тоа е тоа што јас го посочувам. Треба да се фокусираме на пореални проблеми со кои се соочуваме како држава, и дека ние самите сме на добар пат да се самораспуштиме и доуништиме, и не ни се потребни албанците за тоа.

Ако е тргнат трендов на иселувањето каков што е во моментов, за 10-20 години ние ќе бидиме гости на сопствената територија, и да, за тоа нема никој да ни биде крив, туку оној кој ги брка луѓето да се иселуваат, тоа ни е најголемиот проблем во државава во моментов. А тие некои имаат име и презиме 35 години, истите па истите на власт, истите па истите народецов наш ги гласа.

Тоа што протестираат за да се ослободи возач што отепа човек, нема зборови кои може да се опишат таков чин..
Ако треба државава да престане тоа ќе биде одлука на некој светски конгрес кога ќе седнат западните земји да ја кројат мапата. Како што 35 години си играат со нас ЕУ, НАТО итн.
За сета омраза и непочит што ја имаат луѓето кон оваа земја, можда и е заслужено.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom