Ја доловуваш сржта на тоа што сакав да укажам. Не може да отпушташ тренер, ако не си му ги дал алатките за работа. Убав пример даваш, влегува Модриќ во игра. Ние сме десеткувани, што заради неквалитет, што заради АФКОН, што заради повреди. Ние немаме саглам измена која би внела жар во играта. Се се играчи кои не одговараат на профилот, сакаат во друг клуб, или едноставно немаат квалитет. Излегува Касемиро, влегува Угарте. Го нема Шо, игра Доргу.
Артета 2-3 години јадеше срам по срам од резултати. Изгубија 3-0 на почетокот на сезоната од Брентфорд, кои само што влегоа во ПЛ. Со години не можеше да дојде до полуфинале во било кој куп. Губеа кај скоро секој ривал. Не викам дека Аморим ке го достигнел Артета, но ако на било кој тренер кој ке дојде, му даваш недоволно играчи, и по квалитет и по квантитет, нема да има успех. И ова ке се врти во круг.
Сржта на проблемот кој пробуваме да го објасниме ние неколку, но одредени ликови тврдат Аморим сме го бранеле.
Направија стратегија за титула у ПЛ после 4 години.
Донесоа спортски директор у форма на Ашфорт.
Рекоа дека градат фудбалски идентитет, каков и да е.
Го ставија Аморим како човек кој ќе спроведе културен ресет, ќе зачисти ѓубре и ќе креира некаква структура, од перспектива на тренер, пошто тоа му беше главниот адут во Спортинг.
И преку ноќ, пупу не чини. Прогрес имаше и тоа е неприкосновен факт. Во целата приказна еден фактор потфрли и тоа е управата.
Продолжуваат со аматеризмот во носењето одлуки. Во борба се за топ 5 и ЛШ, носат одлука во врска со Аморим и тоа е коректно да речеме. Влегуваат неспремно и се моткаат околу Керик и Оле. За Керик немам мислење, но најновите брифови се дека Керик има предност бидејки околу Оле СЕ КРЕНАЛА ФАМА. Па нека се откажат од клубов инстантно, Јунајтед е, секогаш ќе има фама.
Лично, Керик ко Керик, релативно понеискусен и понепроверен споредено со Оле. Во Чемпионшип не се снајде. Кој му е адутот во приказната, што има сериозно направено?
Проблемите на терен не се решени - Угарте пак ретард, Коби играше и ништо не бидна. Клупата пак тенка, стигна работава да се крстиме у дете кое иако е талентирано, има голема историја на повреди и нема професионално искуство. Ете вчера доби црвен за глупости живи.
Со глупостиве пак ќе се вратат 2-3 години назад. Се што требаше е да најдат привремено / трајно решение за средина, да се трампа Зиркзе за некого покорисен напред. Пари не се проблем, можеа да искешираат за Семењо. Од едно многу просто решение, направија циркус.