Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Мене пола година ме влечкаа од болница во болница.
Од еден доктор кај друг, од едно ехо на друго, како пинг понг топче да бев ама со болки, страв и немоќ идев..
Пет лекари не можеа да „видат“ што ми е. А јас секој ден се виткав од болка.
Чекаш со часови, докторот го нема.
Кога ќе дојде те гледа како број, не како човек.
Никој не презема одговорност. Сите те препраќаат.
А времето ти истекува.
И на крај класичното ако сакаш побрзо, приватно ќе платиш. Инаку, чекај си 2 години. ДВЕ ГОДИНИ. Со болки. Со ризик. Со страв дали ќе дочекаш.
Дадов 1000 евра. Не затоа што ги имав, туку затоа што немав избор.
И одкако ме оперираше дојде докторот и ми рече ако не дојдеше уште малку, ни јас немаше да можам да те спасам. Ептен се потресов.. За 2 дена можело да умрам..
Ете тоа е нашето здравство.
Не те лекува, те уценува.
Те остава да се распаѓаш, па ти продава „спас“ ако имаш пари. Ова не е здравствен систем. Ова е лотарија со човечки животи. А тие што немаат 1000 евра… тие нека чекаат.
Да не даде Господ да мора да идеме таму... Здравството ни е мизерија, изнапикаа полуписмени да не доумрат
 
Клексане е лек кој се аплицира субкутано и мора да биде препишан од лекар за да го купиш. Не е парацетамол. Но, не е дека мора строго да се аплицира во болница. Пациенти кои рреба да ги примаат подолго се боцкаат сами во домашни услови по кратка обука. Во болнички услови се дава ако пациентот е хоспитализиран, ако има акутна и нестабилна состојба, ако има ризик од крварење, ако е потребно следење и сл. Тоа лекарот си одлучува.
 
Шуќур некој ме разбра како оди работата и тоа сосем легално. Егзактли
Веќе помислив дека не живеам у Македонија.
 
Не е прв пат прашањето со лажните боледувања да биде отворено. Не можам да зборувам од аспект на оптоварување на фондот (над 30 дена), затоа што никогаш не сум ги начекал тие статистики, меѓутоа не може боледување да се отвори со еден телефонски повик. Секој месец, одредени вработени, имаат боледување! Што е тоа, анксиозност, боледување. Депресија, боледување. И магично поминува после една недела. После месец-дена, ајде пак ново со друга дијагноза.

Не знам за другите, последниве +5 г., само два пати сум бил болен, тие периоди ме држело по ден-два и сум користел денови од годишен одмор. Разбирам, секој може да се разболе, одреден период да отсуствува од работа, ама скоро секој месец боледување кај релативно млади луѓе, со некои безвезе дијагнози, не можам да разберам.

Чисто се сомневам дека нешто ќе произлезе од таа ревизија, но ме интересираат и примери од пракса, на кој начин, или како ќе се стави крај на овие злоупотреби?
 
Треба да се направат матичните лекари независни од пациентите* или фондот да им ги намали ингеренциите. Претставувам Клекоски ја планира втората опција преку заострување на критериумите за боледување.

*Ова не важи само за боледување туку буквално за се како лекови, упати, потврди, мислења за неги итн.
 
Мене пола година ме влечкаа од болница во болница.
Од еден доктор кај друг, од едно ехо на друго, како пинг понг топче да бев ама со болки, страв и немоќ идев..
Пет лекари не можеа да „видат“ што ми е. А јас секој ден се виткав од болка.
Чекаш со часови, докторот го нема.
Кога ќе дојде те гледа како број, не како човек.
Никој не презема одговорност. Сите те препраќаат.
А времето ти истекува.
И на крај класичното ако сакаш побрзо, приватно ќе платиш. Инаку, чекај си 2 години. ДВЕ ГОДИНИ. Со болки. Со ризик. Со страв дали ќе дочекаш.
Дадов 1000 евра. Не затоа што ги имав, туку затоа што немав избор.
И одкако ме оперираше дојде докторот и ми рече ако не дојдеше уште малку, ни јас немаше да можам да те спасам. Ептен се потресов.. За 2 дена можело да умрам..
Ете тоа е нашето здравство.
Не те лекува, те уценува.
Те остава да се распаѓаш, па ти продава „спас“ ако имаш пари. Ова не е здравствен систем. Ова е лотарија со човечки животи. А тие што немаат 1000 евра… тие нека чекаат.
Да не даде Господ да мора да идеме таму... Здравството ни е мизерија, изнапикаа полуписмени да не доумрат
...дали побара второ мислење ,,дека ако не дојдеше уште малку не ќе те спасел"? за да извлечат мито во пари како ти што даде ќе ја направат ,,голема" ?
 
Прво на мислење бев во друга болница таму ми побараа повеќе пари. Се вратив кај докторот на интерно дежурно што го имаа зашто секоја вечер бев на инфузија, кога ги виде резултатите рече што чекаат.. Јас повраќав, последните пати кога бев на инфузија осеќав во здивот како крв, земја, ноктите ми беа модри до пола... Само реков ќе фатам сепса, ќе завршам како мајка ми ... Со нов упут што докторот од овде ( хирург ) не сакаше да го даде само ми рече еве ти ама да знаеш висиш на конец, е тогаш му реков докторе ја и вака и така висам на конец, и така и вака можам да умрам дај ми го упутот ќе видам што ќе направам. И отидов во другава болница да не ги именувам.. Докторот ме оперираше и после тоа дојде да ми каже:
За малку во сала ќе ми отидеше, едвај жива глава ти спасив
Ако не си дошла за два дена не ќе можев ни јас да те спасам
Оперирав жолчка, 4 саати ме правел, паднала во папокот, ќе прснела за малку.
 
*Ова не важи само за боледување туку буквално за се како лекови, упати, потврди, мислења за неги итн.
... не добро размислувањето,
не може да ги заостри критериумите на некој што цел живот плаќал за здравствено осигурување, а не ги користел услугите бидејќи бил здрав, па во повозрасна доба кога веќе здравјето му е нарушено да не му следат лекови, боледување, упати зашто Клековски ќе ги стегне критериумите.

... дополнително да додадам дека не може различен износ на оделени пари од плата за здравствено осигурување да биде под ист критериум на препишување на упати, лекови, боловања т.е. дадени здравствени услуги.

... за да се среди ова поинаку се прави со одредена граница на давање упати, лекови, боледувања, па потоа категории според средствата дадени за здравствено осигурување, па секое зачестување и поминување на тој лимит да важат и соодветни критериуми.

...знаев дека е жолчка, ти си многу мирна и добра, мамицата јас ќе им ја... пријава на сите можни страни, па ќе видат тие како си играат со здравјето на недолжни луѓе, за тоа земаат плата, па после ќутек роднините на пациентот кога ќе им удрат веднаш до лекарска комора и жалби до јавноста, како се нервирам за вакви работи немаш појма!
... треба да побараш да ти ги вратат парите, пиши до ФЗОМ нека знаат, мамица им нивна хоштаплерска зинати за пари овие хирурзи, колку бенифити имаат и уште зинати, па после кармата кога ќе им дојде се чудат... добар бил, што му биднало наеднаш!
 
Последно уредено:
решението за повеќето проблеми во државата е во давање или добивање бруто плата, па потоа секој да мора наредниот ден со свои раце да им наброи на идиотиве кои ја водат државава ~30% од заработеното, ама на некој не му одговара така а зошто тоа го знаат само оние кои мислат со своја глава не оние кои не можат да испаднат од чмарот н партиите и нивноте лидери
 
... не добро размислувањето,
не може да ги заостри критериумите на некој што цел живот плаќал за здравствено осигурување, а не ги користел услугите бидејќи бил здрав, па во повозрасна доба кога веќе здравјето му е нарушено да не му следат лекови, боледување, упати зашто Клековски ќе ги стегне критериумите.

... дополнително да додадам дека не може различен износ на оделени пари од плата за здравствено осигурување да биде под ист критериум на препишување на упати, лекови, боловања т.е. дадени здравствени услуги.

... за да се среди ова поинаку се прави со одредена граница на давање упати, лекови, боледувања, па потоа категории според средствата дадени за здравствено осигурување, па секое зачестување и поминување на тој лимит да важат и соодветни критериуми.

...знаев дека е жолчка, ти си многу мирна и добра, мамицата јас ќе им ја... пријава на сите можни страни, па ќе видат тие како си играат со здравјето на недолжни луѓе, за тоа земаат плата, па после ќутек роднините на пациентот кога ќе им удрат веднаш до лекарска комора и жалби до јавноста, како се нервирам за вакви работи немаш појма!
... треба да побараш да ти ги вратат парите, пиши до ФЗОМ нека знаат, мамица им нивна хоштаплерска зинати за пари овие хирурзи, колку бенифити имаат и уште зинати, па после кармата кога ќе им дојде се чудат... добар бил, што му биднало наеднаш!
Може чекаше и поклон да му дадам кога одев на контрола :D
Немаше никој кој да ме посети, сама бев цело време, а и таква сум ќутам, трпам..
Богами треба да пријавам, и тоа на ден на прием бара пари инаку не се нафаќа да те оперира.. Кога ми го даваа ливчето ми дадоа на некој Александар, викам јас прво не сум машко второ не се викам Александар чиво ливче даваш дека сум платила... За да не видиш да бараат па.
 
Треба да се направат матичните лекари независни од пациентите* или фондот да им ги намали ингеренциите. Претставувам Клекоски ја планира втората опција преку заострување на критериумите за боледување.

*Ова не важи само за боледување туку буквално за се како лекови, упати, потврди, мислења за неги итн.
Матичните мора да имаат извесна независност, истата треба да им се даде така што пациентот нема да може лесно да промени својот матичен доктор. Простор и можност за промена, секако, мора и треба да постои, но постапката мора да биде поостра и покомплицирана (нека има конкретни причини и/или временски период). Во спротивно нема да бидеш во можност целосно да си ја вршиш својата професија под страв дека пациентот ќе си ги земе документите и ќе отиде кај друг доктор.

Треба да се заострат и критериумите за боледување, искрено, не гледам пречка овие два процеси да се имплементираат истовремено. Но, моето прашање беше конкретно за вториот предлог, како ќе ги заостри критериумите?
 
Последно уредено:
Единствена мерка за да се намали користење на лажно боледување е да се има контроли дома кај " болниот"

Во првата фирма кај што работев многу се одбиваше од плата кога ке одевме на боледување, но имаш луѓе на кои парите не им играат улога и си одат кога ке им текне, имаат пријатели доктори.
Но, фирмата направи комисија и почна дома да им оди.
Колешката која беше на боледување доби отказ бидејќи не ја најјдоа.....и се разбира дека после тоа размислувавме дали ке одиме на боледување, море и болни одевме и си ќутевме.
 
тоа е одење од една во друга крајност, еве на пример еден грипосан ќе ј испозарази цела фирма заради глупост
 
Единствена мерка за да се намали користење на лажно боледување е да се има контроли дома кај " болниот"

Во првата фирма кај што работев многу се одбиваше од плата кога ке одевме на боледување, но имаш луѓе на кои парите не им играат улога и си одат кога ке им текне, имаат пријатели доктори.
Но, фирмата направи комисија и почна дома да им оди.
Колешката која беше на боледување доби отказ бидејќи не ја најјдоа.....и се разбира дека после тоа размислувавме дали ке одиме на боледување, море и болни одевме и си ќутевме.
Супер, анксиозност. Дали може препорака шетање и дружење со луѓе? Може да шета. Може да оди на лекарска контрола (за што не мора да ти дадат потврда). Може да оди до аптека. До продавница. Па дури и може да спие или да се капе и да не слушне. Иако ова претставува право на прекин на работниот однос без отказен рок (злоупотреба на боледување), многу тешко се докажува. Дури и со Комисиски записник може да се сопнеш.

Секаде се одбива од плата, во зависност од времетраењето на боледувањето.
 
Матичните мора да имаат извесна независност, истата треба да им се даде така што пациентот нема да може лесно да промени својот матичен доктор. Простор и можност за промена, секако, мора и треба да постои, но постапката мора да биде поостра и покомплицирана (нека има конкретни причини и/или временски период). Во спротивно нема да бидеш во можност целосно да си ја вршиш својата професија под страв дека пациентот ќе си ги земе документите и ќе отиде кај друг доктор.

Треба да се заострат и критериумите за боледување, искрено, не гледам пречка овие два процеси да се имплементираат истовремено. Но, моето прашање беше конкретно за вториот предлог, како ќе ги заостри критериумите?
Сега матичен може да издаде боледување во времетраење од 7 дена на милион дијагнози бидејќи му се може и тоа во континуитет; ФЗО може и треба да ги смени [античките] критериуми така што за пола дијагнози да не следи боледување или да мора специјалистичко мислење за да се отвори, боледувањето од матичен да трае пример 3 дена, да се намали исплаќањето од сегашни 70% на 50%, како што спомна поздравот да има лекарски комисии барем во поголемите фирми (пример над 500 вработени) кои би ги чешлале своите вработени*, контрола преку МВР кој излегува од државата*, за повеќе од едно боледување да се бара согласност од првостепена комисија итн.

*Клековски лично ги кажа овие два предлога.
 
Back
На врв Bottom