Човек... ај со ред..
Афганистан им беше авантура како и на СССР пред нив. Не им успеа, пеки, ништо битно.
Ирак е нивна прчија, нивни компании им ја експлоатираат нафтата, и им е буквално база пред вратите на Иран!
Украинско сценарио во Латинска Америка нема да се случи никогаш! Да не си правите бајрам со умот!
Куба беше фрик кејс, и остана на тоа.. дури и намерно не ја нападнаа за да им служи како пример пред светот колку е "добар" комунизмот!
(нормално санкциите си го направија своето, ама комунизмот вака или така секогаш пропаѓа)
Останатите, се прилично свесни за Монро доктрината, па дури и кога имаат левичарски влади, никогаш не тргаат директ против САД.
Всушност, они и многу зависат трговски од САД, па се глуми лудило!
Еве сега со европа ќе имаат слободна трговија!
Зошто потпишаа и се нафатија на такво нешто ако БРИКС и третиот свет беше толку добар?!
Ај со ред..
Латинска Америка е повторно под империјалистичка агресија под каква што била пред 200 (ДВЕСТОТИНИ) години, само што овој пат империјалистичкиот агресор не е Шпанија, туку САД.
За една империја да успее да ги задоволи своите интереси на долг рок мора да им даде нешто за возврат на потчинетите, а не само да ги експлоатира.
Шпанците го научиле тоа на потешкиот можен начин и затоа денес за нив Латинска Америка е историја, односно минато свршено време.
Кога сме кај Монровата доктрина, истата ти е убаво опишана во пост
#707.
https://forum.kajgana.com/threads/kriza-vo-venecuela.101733/post-10368615
Монровата доктрина од поодамна не е на сила бидејќи таа треба да важи реципроцитетно, а САД не го почитуваат реципроцитетниот дел.
Слободна трговија со ЕУ секако дека им е од корист на латиноамериканските држави, а колку САД ќе го толерираат тоа ќе покаже времето.
БРИКС никогаш не беше планиран да биде алтернатива на американскиот долар, ниту на европските и американските пазари.
Но откако во 2022 година САД и ЕУ почнаа да ги користат економските и монетарните политики како оружје против Русија, на остатокот од светот му стана јасно дека правилата за слободна трговија не важат еднакво за сите, па ако денес не важат еднакво и за Русија, утре може да не важат еднакво и за други држави од светот. Затоа Русија, Кина, Индија и други држави го оставаат БРИКС како алтернатива, а не како противник на западниот економски модел.
Противници на ГТЦ Скопје му се ТЦ Рамстор, ТЦ Веро, ТЦ Скопје Сити Мол, ТЦ Капитол Мол, ТЦ Ист Гејт Мол, а алтернатива на сите нив ти се Зелено пазарче, Бит Пазар, и сличните локални пазари на нив. Па сега ти направи си математика каде ти е поисплатливо.