Континуираните договори на определено време, под државна или јавна капа, немаат елементарна правна и финансиска логика. Океј, за трансформација ти е потребна согласност од финансискиот орган, па и од министретството да администрација (а локално прво од второстепениот орган и согласност од градоначалник). Сакам да кажам дека планот за вработување поминува низ 3-4 филтри пред да биде пуштен на реализација.
Финансиска логика нема затоа што секој договор на определено е склучен со агенција за привремени вработувања, која секој менец наплатува извесен процент односно провизија, која се добива на јавна набавка. Тоа е дополнителен трошок за институцијата, средства кои можат да се реалоцираат.
Правна логика нема затоа што овој инструмент е направен за тест зона, тест период на евалуација на способностите на кандидатот за вработување (или океј, за замена на привремено отсутен работник, сезонска работа или при зголемен обем на работа, ама овие механизми се користат генерално во приватниот сектор). На крајот на денот, речиси сите добиваат решение за траен работен однос откако е потрошена планина финансиски средства, а притоа во тој период вработените немаат правна сигурност.
Башка тоа што законот дозволува само две години, со или без прекин, во една институција да извршуваш исти работни задачи. Така или ги шелтаат, или им менуваат работна позиција, или менуваат со или без привремен прекин на договорот за вработување (набројав дел од законските основи за склучување на ваков договор, секој си има различен период на времетраење).
Ова е политичка алатка, администрацијата е политизирана, ретко кој успева да влезе непартиски. Овие работници се користат за уцена, креирајќи политичка несигурност, при евентуалната промена на власт, договорите можат да им бидат прекинати и да бидат вработени други партиски членови. Технички, ги користат како вредно гласачко тело кое се надева дека, како награда, ќе го реши работниот статус.
Преку други алатки односно преку други методи, стимулативни и дестимулативни мерки, може да се стимулира работоспособното население да работи.
