ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше и периоди 2008-2010/11 понекогаш исто вака се пееше како на ретро клипов, а денешнава верзија зема замав со сите оние панк - рок песни од дружината ВЕП што ги пееше.
Една од најголеми грешки на Комити според мене. Еден живот една љубов од ВЕП дружината ми е тотално непевлива песна за на утакмици. Не крева еуфорија, напротив многу монотона мелодија е за во стадион/сала, сосем друга работа се свирки.
Химната е химна само кога е испеана во оригиналната верзија според мене, претпоставувам дека се прекина да се пее на тој начин затоа е што направена на мелодијата на Bandiera Rossa, италијанска партизанска песна, па како демек да се направи дистинкција од комунизмот. Самото тоа што е борбена песна ја прави да биде многу попевлива на стадион, плус моментот со рацете. Јас би ја вратил старата верзија во секое време.
 
Денис се фалеше дека он го удрил, затоа реков во мешаницата, ете може и ЕБР биле. Имаше пукната аркада и го пишуваше по медиумк дека пријавил повреда, а Пирати го користеа тоа за да си присвојат некаква победа. Се реактивираше овој член повторно на трибина (го гледам од време на време), штета што и другите што одеа со него не се активни. Фитиљ екипа, не размислуваа два пати :D Штета што ги уништи баналната случка со лизгалиштето, а дел од нив мислам го изедоа за нападот во автобусот со албанци во Припор (оној што иде за Добри дол 50 и кусур).
Комити први нападнаа, мешана екипа Ченто (со пржинци во екипата :D), ККВ и НЛ.
Vo stanica taka kazal mozda da zeme nekoj denar haahha
 
Една од најголеми грешки на Комити според мене. Еден живот една љубов од ВЕП дружината ми е тотално непевлива песна за на утакмици. Не крева еуфорија, напротив многу монотона мелодија е за во стадион/сала, сосем друга работа се свирки.
Химната е химна само кога е испеана во оригиналната верзија според мене, претпоставувам дека се прекина да се пее на тој начин затоа е што направена на мелодијата на Bandiera Rossa, италијанска партизанска песна, па како демек да се направи дистинкција од комунизмот. Самото тоа што е борбена песна ја прави да биде многу попевлива на стадион, плус моментот со рацете. Јас би ја вратил старата верзија во секое време.
Одлично напишано. После последната строфа грмеше Вардар але але але алееее, а сега тотално надвор од контекст се почнува да се пее по крајот на оваа верзија.
Вистина е и дека тоа што се користеше ритамот од Bandiera rossa, кај некои правеше одбивност кон тој начин на пеење, ама не е клучен фактор (на пример, после тоа на Bandiera rossa имаме цела нова песна - Само за Вардар пееме ние оооооо :D).
Едноставно се смени и остана така со промена на генерациите, како што се смени и текстот.
 
5-10 Пирати на Северната трибина најгоре во десниот кјош, односно неутралната, ги напаѓаат Комити Ченто (во моментот 4-5 луге), веројатно мислејќи дека се само они. Во истиот момент 15-20 луѓе од Комити се пуштаме нагоре. Првиот од нив фрла ПП апарат кон нас, не успева да направи ништо со тоа и после следува фино млатење. ЕБР доаѓа за 2минути и сите штрафта. Уапсени само од нивна страна имаше.
Тој што беше најгласен од кај нив Денис, беше позади сите нив и не се ни потруди да направи нешто, првите 2-3 од нив го изедоа уствари.
(На видеото десно се они, лево ние. Нивните најгласни најдесно позади...)

Hahha ova ako e mlatenje jas sum pilot.... daleku sme nie od realniot svet
 
Да се надополнам, Денис во мешаницата го удри еден член на ККВ кој тогаш имаше 14 години и му ја пукна аркадата. И општо екипата која прва влета во клинч беа деца на 14-16 годишна возраст.
Имаше и надвор продолжение, они го изгубија фајтот, бегаа и за малку ќе го згазеше кола еден од нивните членови.
Во тие години имаше многу инциденти со нив, ќе пишувам во друг пост. Цела хронологија можам да ја набројам за со нив.
Во суштина они беа државата во тој момент, со Нинџа и Ален позади нив. Цигосот имаше земено на сила и покажуваше муда на деца максимум до 18 години.
Една разлика што ја има меѓу Комити сега и тогаш е што тогаш нашите постари членови си се дружеа со вакви ликови наместо да ги бранат своите. Тие пред нив си глумеа другари, а после напаѓаа и им се закануваа на деца од Автокоманда ако навиваат за Вардар.
Сега не е баш така :D
Раскажете ја и случката со јутуб видеото кај шо фатија дете и го снимаја.
Мислам дека му зедовте знаме, па дојдоја тие шо ги спомнуваш и го вратија. Или грешно памтам?
Многу години се поминати :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE
Раскажете ја и случката со јутуб видеото кај шо фатија дете и го снимаја.
Мислам дека му зедовте знаме, па дојдоја тие шо ги спомнуваш и го вратија. Или грешно памтам?
Многу години се поминати :D
stojat uste videata, im vlagaat so koli na ukb vo maalo i gi kidnapiraat, ama ne gi tepaat tuku gi teraat da zborat kazi koj se najaki ovie vikaat pirati i gi pustaat im zimaat zname samo na ukb, a i realno srsmota e da gi tepaat ukb se deca po 15-6 godini a ovie 30+
 
Одлично напишано. После последната строфа грмеше Вардар але але але алееее, а сега тотално надвор од контекст се почнува да се пее по крајот на оваа верзија.
Вистина е и дека тоа што се користеше ритамот од Bandiera rossa, кај некои правеше одбивност кон тој начин на пеење, ама не е клучен фактор (на пример, после тоа на Bandiera rossa имаме цела нова песна - Само за Вардар пееме ние оооооо :D).
Едноставно се смени и остана така со промена на генерациите, како што се смени и текстот.
Да, ми избегал овој момент со Само за Вардар пееме ние, ма да таа е на Бела Чао ритам мислам, а не на Бандиера Роса, али пак, причина плус дека може да се врати оригиналната верзија на химната без никаков проблем.
 
stojat uste videata, im vlagaat so koli na ukb vo maalo i gi kidnapiraat, ama ne gi tepaat tuku gi teraat da zborat kazi koj se najaki ovie vikaat pirati i gi pustaat im zimaat zname samo na ukb, a i realno srsmota e da gi tepaat ukb se deca po 15-6 godini a ovie 30+
Контра реакција прво Укб им го зима главниот Пирати автокоманда па за две недели истакнат член на Комити и член на УКБ курва најголема ја таста локацијата
 

Attachments

  • IMG_5785.jpeg
    IMG_5785.jpeg
    128,3 KB · Прегледи: 98
Раскажете ја и случката со јутуб видеото кај шо фатија дете и го снимаја.
Мислам дека му зедовте знаме, па дојдоја тие шо ги спомнуваш и го вратија. Или грешно памтам?
Многу години се поминати :D
Ден пред тоа имаше утакмица ракомет Македонија, пирати организирано навиваат ама по завршување на мечот Комити им паѓаат ударно знаме.Дечкото што го зема беше од Карпош ама не идеше со УКБ во тоа време.Пирати во тоа време беа луѓе чувани од власта блиски луѓе на Н...а , А...н и остала екипа што работеа за власта. Знамето УКБ паѓа на меч после Вардар Ренова работен ден фатени се во заседа и двајца членови се однесени во автокоманда,долга е приказната пола саат ми треба да ја напишам на темава.
 
Контра реакција прво Укб им го зима главниот Пирати автокоманда па за две недели истакнат член на Комити и член на УКБ курва најголема ја таста локацијата
Na kogo aludiras? Jas pa prv pat slusam za ova togas se zborese deka gi sledele uste od tribina neutralna nekoj bil vlezen i gi pratele so koli
 
Голем респект и за децата во тоа време од УКБ после дешавката ја гасат и подрупата , продолжија да идат ама самостално уште на некоја утакмица извадија друго знаме Ултрас Карпош Бојс и толку беше од нив.Лош лик ги менаџираше децата преварант тежок , после дешавката со знамето се зближи со пирати најдобар другар стана,не кажувам имиња само ќе кажам дечкото со бордо елекот.
После се направи иницијатива на членови од Козле Тафталиџе К4 К3 и К2 се оформи подгрупа Комити Карпош ама кратко траеше.
 
Да, ми избегал овој момент со Само за Вардар пееме ние, ма да таа е на Бела Чао ритам мислам, а не на Бандиера Роса, али пак, причина плус дека може да се врати оригиналната верзија на химната без никаков проблем.
Да, на Бела чао, не ми се верува дека ги помешав, омилени ми се и двете. Нула за мене, се фрлам од тераса :D Али да, поентата мислам дека ја доловив :D
Автоматски споено мислење:

Раскажете ја и случката со јутуб видеото кај шо фатија дете и го снимаја.
Мислам дека му зедовте знаме, па дојдоја тие шо ги спомнуваш и го вратија. Или грешно памтам?
Многу години се поминати :D
Имам повеќе пати пишано. Ќе ги скокнам засега другите инциденти, ќе напишам за овие што водеа до случката.

На Македонија-Исланд ракомет, наш член им зема коцка педерски :D Ама кој ги ебе, веќе некој период јадеа гомна.
Кога излегувавме од сала, они седеа на трибината позади голот во Борис Трајковски. Од доле им го повлековме од ограда, со скок.

После година и кусур им падна главното знаме, огромното Пирати Автокоманда.
За мене, убедливо најфраерски земено знаме. Член на УКБ после дерби во Борис Трајковски, влегува меѓу нив на пат накај дома, кретените го гледаат дека е дете му го даваат тапанот да го чува. Во тапанот ставено главното знаме. Им бега со знамето практично од нивен бус.

Следува нивната одмазда, три дена подоцна. Многу пати имам пишано, уште 100 пати да пробаа, немаше да им се посреќи толку. УКБ знаеја дека може да има одмазда дека овие притискаа преку наши стари членови да го вратиме знамето, со закани од тогашната управа на Нинџа. Игравме со Силекс во работен термин на Градски, мала бројка 100-тина души. На полувреме наши членови пред запад напаѓаат двајца шпони и на едниот му го земаат телефонот. Ради тој глуп телефон, рација од ебр после утакмица и бегање гз преку глава за да не те уапсат.
Од калакурницата излегува знамето УКБ да го носат двајца нивни членови кои тогаш имаа по 15-6 години.
Ги начекуваат пред зграда со помош на луѓето на Нинџа и ги киднапираат буквално. Ги возат во Автокоманда и бараат замена за знамињата. Кога гледаат дека нема да дојде до нешто такво, ги снимаат видеата за да ги омаловажат.
Неколку дена подоцна, уште двајца средношколци членови на УКБ ги симнуваат од автобус во Автокоманда и пак истото, киднапирање, барање за трампа со нивното главно знаме. Со помош на наши постари членови ги пуштаат, никогаш не доаѓа до трампа на знамињата и тука се завршува таа приказна.

Главното знаме јас не памтам кога го запаливме, коцката ми се има погодено јас да ја внесувам во Автокоманда во ранец (заврши кај мене во гужвата, дека кај нив секое гостување беше такво) и мислам дека тогаш ја искинавме/запаливме.
 
Последно уредено:
За Мак-Тифо ривалствата:

Комити/Чкембари секогаш има исчекување, без разлика на време и место. Не играат често Вардар и Пелистер, и дерби е добар повод да се направи фешта. Историски, дури и утакмици што не биле атрактивни за гледање, па и по бројка на посетеност биле тапа, пак имале шоу. Вардар - Пелистер 2006та, полу-празен запад, Чкембари доаѓаат релативно скромна бројка, југ нема живо пиле, али атмосферата е жива 90 минути на двете страни, од фонтана до испраќање автобуси. Има шарм ради разлика во филозофии, пристап на трибина. Комити секогаш со широк репертоар на песни, корео, жива атмосфера, мешани генерации. Чкембари од друга страна, од секад имале боље рамбовки и биле паунд-фор-паунд број 1 во трајбл тетоважи, и тоа никој неможе да им го спори.

ФА/ЦПБ, за мене било поинтересно како ривалство од Комити/Чкембари (без љутење, лично мислење, може да е грешно) од неколку аспекти. Прво, корео и зезање, секогаш имало добро пецкање. Второ, непосредност, групите се на 20 метри едни од други, се гледаш во сурат, можеш буквално муабет преку паркет да правиш. Трето, на ден на дерби си ривал, али после тоа често дружиш. Дечки што ден предходно си ваделе очи, може за викенд да седат на маса. Може 2009-2014 било масовно дербито, али доста плодни се и годините пред 2009 (во лименката или парк), со мувла кошарка, без греење во сала, али здрав тифо дух.

Шверцери/Комити или Балисти/Војводи, од оваа дистанца, ги гледам како племенски/сектаријански ривалства повеќе него навивачки. И двете ми се некоја екстензија од дневно-политички збиднувања, и ми се одбивни. Добри тифо групи, али тажни ривалства, промашена подлога.

Кумани/Пирати/Лозари/Рибари/Фаланга/и други, имале интересни сезони, али слаб континуитет. По некоја блиц сезона може да оживеат, али без конзистентност.
 

Голем респект и за децата во тоа време од УКБ после дешавката ја гасат и подрупата , продолжија да идат ама самостално уште на некоја утакмица извадија друго знаме Ултрас Карпош Бојс и толку беше од нив.Лош лик ги менаџираше децата преварант тежок , после дешавката со знамето се зближи со пирати најдобар другар стана,не кажувам имиња само ќе кажам дечкото со бордо елекот.
После се направи иницијатива на членови од Козле Тафталиџе К4 К3 и К2 се оформи подгрупа Комити Карпош ама кратко траеше.
Еден период немаше подгрупа Калабрија од К4 или грешка сум ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom